Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.750
Поени од реакции
3.790
Марота денеска не отпатувал во Германија како што беше најавено туку останал во Торино. Според италијанските медиуми, ке се обидел да го убеди Диего да тера правец Волсбург, како дел од трансферот на Џеко.

Како што кажав, Јувентус моментално нема капацитет за следнава сезона во нападот да ги има Диего и Џеко. Клубот не е толку финансиски моќен , па затоа и не ја земав здраво за готово вчерашната понуда на Тутоспорт - 30 милиони плус Сисоко или Поулсен. Тоа е факт и реалност. Или ке го имаме Џеко или Диего.
Тоа мора да биде така затоа што ако Диего остане Јувентус, еве рецимо ке се дадат парите за Џеко, но (најлошата варијанта) ке останеме куси за добри 3 позиции. Сеуште не е купен лев бек, не е купен ниту бек ап стопер, а треба да дојде и уште едно крило.
Ако се дадат 30 милиони во кеш тогаш се стига до лимитот кој беше најавен претходно од 80 милиони. Од најавената распродажба на ѓубрето во клубов реално ако собереме 20ина милиони евра тогаш Марота треба да добие орден рамен на нобелова награда. Тука има уште еден проблем, кој се вика „Сакам да останам во Јувентус“ кој е заедничка реченица на сите што клубот ги регистрира како одвишок. Ко за беља такви имаме за извоз. И добро ајде, да ги убедат некако секој од нив ден за ден да си се запакува пак, 20 милиони не се доволни за асално крило и кадарен лев бек, а камоли за тројца фудбалер, односно стопер.

Ова е реалноста. Марота добро е запознаен во каква каша го донесе клубот претходната раководна структура. Ке биде многу тешко и затоа сите преговори за играчи се водат максимално прецизно затоа што клубот во овој момент нема пари за расфрлување и секој цент му е од сентиментално значење.
Сепак, мислам дека Марота треба ако не сите, барем дел од трансферите да ги прави тајно и зад затворени врати без ничие знаење затоа што вештачките клубови како Сити веднаш се интересираат за играч што веќе е предмет на интерес на друг клуб и се спремни да понудат 2-3 пати повисока понуда.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Aко Диего е цената што треба да се плати за Џеко - не фала!

- Прво, Диего веќе има поминато една година во Италија и тоа иницијално адаптирање на италијанскиот стил на живот и фудбал му е поминато и сега треба да блесне.
- Диего беше еден од тие што најмногу се залагаа минатата година и еден од ретките кои добија преодна оценка за ланската сезона (според мене)
- Навивачите го обожаваат и на секој тренинг го бодрат и се пејат песни за него.

Нема муабет дека Џеко е играч од светска класа, ама цената му е превисока ако се работи за Диего. На крајот на краиштата, ако се спреми добро кондиционо Трезеге, може и тој да биде главно оружје во нападот. Има уште фудбал во него :wink:
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Диего е во плановите на јуве и лудо ќе биде да се продаде ,да се продаде Тиаго ,Гросо и уште некој ,евентуално Трезе плус уште 20 милиони и ете ги парите за Џеко,ако треба да се жртвува некој нека биде тоа Амаури\Јакинта\Трезе.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
диего не продавање сиссоко можи или мело ајде (иако го сакам мело) гросо григера амаури трезеге полсен можи да остани пошо и тој беше еден од поактивните играчи на јуве а да в е прашам нешо џовинко можи да игра напагач ? можи и него да се искористи (ова ако можи да игра напагач пошо неговата позција е на од диего)
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.954
Поени од реакции
5.576
Тука има уште еден проблем, кој се вика „Сакам да останам во Јувентус“ кој е заедничка реченица на сите што клубот ги регистрира како одвишок. Ко за беља такви имаме за извоз.
Па нормално дека ќе има таков проблем,бидејќи претходната Управа им даде на играчи како Тиаго и Поулсен по 3-4 милиони плата, а ако се сложат да заминат во друг клуб ќе ги земаат максимум по 2 милиони.Тиаго убаво се снајде во Атлетико,добива минутажа и реално игра далеку подобро отколку во Јувентус,и нормално е Атлетико да биде прв избор за него, но тој пак ја одбива понудата на Атлетико,бидејќи платата му е дупло помала отколку таа во Јувентус.Поулсен и минатата сезона ќе заминеше од Јувентус, но никој клуб не ги исполни неговите барања за плата и на крајот остана во Јуве.

На крајот на краиштата, ако се спреми добро кондиционо Трезеге, може и тој да биде главно оружје во нападот. Има уште фудбал во него :wink:
Во никој случај Јуве не треба да остане со истите напаѓачи од минатава сезона.Нивната ефикасност се виде минатата сезона.Трезеге после операциите на колената често се повредува и не може Јуве да се потпре на него цела сезона,класата негова се виде и на пријателската средба вчера (два допири со топка, два гола), но повредите си го прават своето, а нема гаранции дека нема повторно да му се случат повреди кои ќе го оддалечат долго од терените.Јакинта е добар за замена (а не како првотимец),а Амаури не треба да има првотимски статус.

Трезеге треба да се зачува и за наредната сезона.Најдобар е од сите напаѓачи на Јуве, но не како прва опција туку како џокер, и да се ангажира нов. Јакинта и Амаури подобро е да се продадат дури сеуште држат некоја цена.
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
диего не продавање сиссоко можи или мело ајде (иако го сакам мело) гросо григера амаури трезеге полсен можи да остани пошо и тој беше еден од поактивните играчи на јуве а да в е прашам нешо џовинко можи да игра напагач ? можи и него да се искористи (ова ако можи да игра напагач пошо неговата позција е на од диего)
Сите шо си ги навел за да си одат од јуве не заслужуваат да останат во јуве и се сложувам со тебе.Али мислам дека нема да си оди ниту еден од нив зошто нема време веќе да се наоѓаат замени на тие позиции.Диего во никој случај не смее да се продаде на Волзбург во замена за Џеко.Ако сакаат тие 25милиона и поулсен ако не чао пријатно.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Во никој случај Јуве не треба да остане со истите напаѓачи од минатава сезона.Нивната ефикасност се виде минатата сезона.Трезеге после операциите на колената често се повредува и не може Јуве да се потпре на него цела сезона,класата негова се виде и на пријателската средба вчера (два допири со топка, два гола), но повредите си го прават своето, а нема гаранции дека нема повторно да му се случат повреди кои ќе го оддалечат долго од терените.Јакинта е добар за замена (а не како првотимец),а Амаури не треба да има првотимски статус.

Трезеге треба да се зачува и за наредната сезона.Најдобар е од сите напаѓачи на Јуве, но не како прва опција туку како џокер, и да се ангажира нов. Јакинта и Амаури подобро е да се продадат дури сеуште држат некоја цена.
Затоа спомнав дека треба добро да се подготво кондиционо, играч кој физички е добро спремен, многу е потешко да се повреди. Се согласувам дека треба да се продадат Амаури и Јакинта!

Минатата сезона не функционираше цел тим, а не само нападот. Кога напаѓачите би добивале употребливи топки (кои лани беа исклучиво ретки) би биле многу поефикасни (дури и Амаури). :)
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Имам најјак аватар!!!!!! кажи влатче:pos2:
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Има право Кико, мора да се купи нов напаѓач лани беше катастрофална навалната линија, а нема многу слободни напаѓачи кои гарантираат многу голови, таков е Џеко само, и Форлан но овој веќе е во години ни треба еден млад, доста ни е од старциве лесно се повредуваат, а ако не успеат да го купат Џеко треба да го купат Пацини тогаш, видовме колку е опасен ако има играч кој што му создава шанси, ние тоа го имаме во Диего и Дел Пиеро.

Заборавив да додадам дека мора да го задржат Диего, сигурен сум дека тој ќе биде нашиот главен играч следната сезона, има квалитет тоа е јасно, треба да му се даде уште една шанса!
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Голема грешка ќе биде ако се продаде Диего. Џеко јесте да е одличен шпиц, ама ако немаме креативна средина тогаш знаеме што ни се случи сезонава. Диего е играч кој е крeaтивен, сака да ја има топката во нозе, одлично се снаоѓа со неа и има одлична визија. Секој допир на Диего значи негово удвојување што автоматски отвора простор за крилата и за центарфорот. Мислам дека замислата на Дел Нери ќе биде цела средина да работи, да трчаат како коњи за Диего и партнерот во шпицот да ги полнат противничките мрежи.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.954
Поени од реакции
5.576
Минатата сезона не функционираше цел тим, а не само нападот. Кога напаѓачите би добивале употребливи топки (кои лани беа исклучиво ретки) би биле многу поефикасни (дури и Амаури). :)
Точно е дека нападот најмногу зависи од средината, и ако тимот има компактна средина, напаѓачите ќе имаат повеќе можности и шанси за погодок.Но,тимот треба да има напаѓач кој некогаш знае и сам да си направи шанса,и во одредени ситуации да знае сам да постигне погодок без помош од средината.(Пример, Интер кога го имаше Ибрахимович, скоро цела нивна средина беше составена од дефанзивно ориентирани играчи,но тоа не му пречеше нему).Од напаѓачите на Јуве, само Амаури горе-долу знае да се ослободи од играч,да издрибла,ама од друга страна катастрофален е во позиционирањето.Добро се снаоѓаше во 4-4-2 класичната првата полусезона кога постигна 12 погодоци, но потоа се повреди скоро до крајот на сезоната, а во 4-3-1-2 како да не играше.

Волфсбург побарале Диего да биде вклучен во трампата за Џеко.Се најавува дека Џеко нема да има никаков проблем да се договори со Јувентус,но комплицирано би било со Диего, од две причини:

  1. Диего би се вратил во Германија само во Баерн Минхен, во никој друг клуб.
  2. Перформансите на Диего на тренинзите и подготвителните натпревари во 4-4-2 формацијата,исто така ја комплицираат ситуацијата, и го премислуваат Дел Нери околу продажбата на Диего. линк
Исто така се споменува дека Јуве размислува да го повлече Трезеге од трансфер листата,по барање на Дел Нери.линк
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Да пренесам една информација од прва рака :)

Утре во Милано доааѓаат тројцата менаџери на Џеко да ги договорат личните услови на играчот со Марота ... веројатно разговорот помеѓу Марота и Хенес имал позитивен исход , прашање е само која сума и кој играч од Јувентус ќе се пресели во Волфсбург ...
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Точно е дека нападот најмногу зависи од средината, и ако тимот има компактна средина, напаѓачите ќе имаат повеќе можности и шанси за погодок.Но,тимот треба да има напаѓач кој некогаш знае и сам да си направи шанса,и во одредени ситуации да знае сам да постигне погодок без помош од средината.(Пример, Интер кога го имаше Ибрахимович, скоро цела нивна средина беше составена од дефанзивно ориентирани играчи,но тоа не му пречеше нему).Од напаѓачите на Јуве, само Амаури горе-долу знае да се ослободи од играч,да издрибла,ама од друга страна катастрофален е во позиционирањето.Добро се снаоѓаше во 4-4-2 класичната првата полусезона кога постигна 12 погодоци, но потоа се повреди скоро до крајот на сезоната, а во 4-3-1-2 како да не играше.

Волфсбург побарале Диего да биде вклучен во трампата за Џеко.Се најавува дека Џеко нема да има никаков проблем да се договори со Јувентус,но комплицирано би било со Диего, од две причини:

  1. Диего би се вратил во Германија само во Баерн Минхен, во никој друг клуб.
  2. Перформансите на Диего на тренинзите и подготвителните натпревари во 4-4-2 формацијата,исто така ја комплицираат ситуацијата, и го премислуваат Дел Нери околу продажбата на Диего. линк
Исто така се споменува дека Јуве размислува да го повлече Трезеге од трансфер листата,по барање на Дел Нери.линк
1. Сеуште се сомневам во квалитетите на Амаури, бидејќи тие 12 гола искрено ги даде од некаков си отпад. Во продолжение покажа колку го бива. Лани сеуште сметам дека имаше доволно/премногу употребливи топки па си ја покажа вредноста.
2. Да се бара Диего во трампата за Џеко сметам дека е лудост(од страна на Волфсбург). Тоа според мене можи да значи само едно, а тоа е одете е... м... Ова е исто како Барса да ни го бара Амаури и ние да му го бараме Меси.
3. Дури и да побарале нашите несмеат да помислат на продажба. Сеуште мораме да имаме втор напаѓач кој ќе можи да ја движи играта по земја. (Џовинко е опција но би го преферирал Диего)
4. Самиот Дел Нери всушност го заклучи ова.
5. Паметен потег би било повлекувањето на Трезеге. едно шо скоро пет пари нема да извлечиме од тој трансфер второ шо би бил златна резерва. Сеуште го има инстинктот за гол и итоа како лежи на играта која ја најавува ДелНери. Знам дека јас викав за да се продава пред две сезони (и како шо излегоја работите можи бев во право) ама оваа сезона никако не смееме да го продајме. Не смејме да имаме премногу промени во нападот. Една би било преместувањето на Диего друго полупензионирањето на ДелПјеро (така го сфатив муабето на ДелНери дека ќе игра ко ќе е во форма- односно ретко ќе се потпираме на него), евентуално доаѓање на дијамантот, Амаури пак не го сметам за корисен играч, Јакинта исто не го бројам за прв тим особено не ако играме со оваа формација.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom