Денеска играчите
се сретнаа во Торино и се запознаа со Дел Нери и неговиот стручен штаб, во одстуство на тие што играа на светското првенство и повредениот Зебина.
Во линкот уште стои и дека за утре се закажани и медицински прегледи на сите играчи кои ќе патуваат во Пинцоло, како и презентацијата на новите дресови и првите прес конференции.
Еве ја и комплетната листа на играчи кои ќе патуваат во Пинцоло во сабота:
Goalkeepers: Manninger, Storari and Costantino (Primavera)
Defenders: Alcibiade, De Ceglie, Ferrero (Primavera), Grosso, Grygera, Legrottaglie, Silvestri (Primavera).
Midfielders: Belcastro (Primavera), Boniperti (Primavera), Ekdal, Giandonato (Primavera), Lanzafame, Marrone, Martinez, Salihamidzic, Sissoko.
Attackers: Amauri, Del Piero, Diego, Giovinco, Pasquato, Trezeguet.
Бонучи, Киелини, Џиџи, Каморанези, Пепе, Јакинта, Маркисио и Поулсен ќе се приклучат на тимот на 18 Јули, Тиаго на 22, а Мело после крајот на светското првенство.
Момо денеска по разговорот со Дел Нери
изјави дека во него гледа човек полн со енергија и ентузијазам, кој е достоен да го води тимот до успеси. Исто така, изјави и дека летово не мрда никаде, и дека тренерот смета на неговите услуги.
А околу Каморанези, последниот клуб со кој се
поврзува е Олимпијакос. Мислам дека доколку јужниве испратат понуда за Камо, нема да ја одбие, од причина што има загарантиран првотимски статус, ќе настапува во Европа, солиден живот како и добри пари со оглед на годините. Олимпијакос и во минатото земале играчи кои се стари за во елитни првенства, и се покажувале како одлични засилувања за нивниот тим, така да мислам дека овој трансфер би ги задоволил сите, и Јуве, и Камо а и Олимпијакос.