Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Ајде, со Господ напред, се надевам дека следната сезона ќе биде многу подобра од оваа и дека сезонава ќе остане само како лош сон во нашите сеќавања. Сега, ме загрижува само една работа. Сите ние, и оние кои однапред ја отпишаа новата управа и оние кои ги полагаат своите надежи во неа, сепак потајно се надеваме на позитивна промена. Но, она што ме загрижува е дека веднаш ќе почнат со погрешен потег со кој веднаш ќе си потпишат смртна пресуда а тоа е продажба на Буфон. Незнам зошто, ама мислам дека ќе се случи ваква глупост во теков на летово. Ме интересира што мислите вие за ова.
Буфон нема да биде продаден освен ако тој сам не се одлучи на таков чекор.А ако биде продаден, дали тоа негативно ќе се одрази врз тимот, зависи од Управата. Колку само критики претрпе Моџи кога го продаде Зидан во Реал Мадрид, а Моџи тоа го искористи на најдобар можен начин купувајќи ги Недвед,Буфон и Турам.

Џиџи е легенда на Јуве,најдобар голман,а неговата лојалност кон Јуве најмногу се покажа во 2006 кога не го напушти клубот и одлучи да игра во Сериа Б, а можеше да бира во кој сака клуб да ја продолжи кариерата. Џиџи ќе остане голема легенда и еден од најголемите играчи што играле во Јувентус,сеедно дали ќе остане или ќе се одлучи да го промени клубот.

Њукасл, пројавил интерес за Кристијан Поулсен ЛИНК

--- надополнето ---

Се најавува дека после Секо и Кастањини, Андреа Ањели размислува да му ја покаже и на Жан Клод Блан излезната врата од Јувентус, а се очекува Блан да го напушти Јуве после турнеата на Јуве во Америка ова лето.
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513

Проблем е што ако се продаде Џиџи ја не глеам идеална замена за него,ни Касиљас не може да го замени Џиџи,слушав за оној голманот од Палермо,Сиригу дека е мн талентиран и голем потенцијал,во репрезентација е за светско ,странец нема шанси да брани за јуве,затоа и Дел Нери е тренер зашто е италијанец,ако се продава Мело добро би било да го земеме Аквилани ,ем е италијанец и за мене е добар играч,а ако играме 4-4-2 Пепе е добар избор за крилната позиција,каков Ди Мариа,а читав и можно е да се донесе и Касани,не знам што игра десен или лев бек и како што читам е меѓу најдобрите бекови во Италија,една размена Де Чеље Маџо,Кјаер тандем со Киелини и у нападот некој звер:)
 
gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
За шлаг на тортата ви дојде поразов од грдине!
Ајде следната сезона се надевам ќе извадите некој ас( добар тренер ) и ќе го консолидира тимот поради тоа што имате реално многу добар тим но ужас уиграност... едно две засилувања максимум ви се потребни и имате тим за трофеи !
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
Дечки вистина е дека Ањели ги избацил и Секо и Блан вчера ??
Ако е така свака част за типот редно беше гадните да ги нема....
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Проблем е што ако се продаде Џиџи ја не глеам идеална замена за него,
Буфон не може да се замени никој, ниту како голман, ниту како играч кој го дава максимумот за Јувентус.И кога е повреден тој е на трибините да го поддржува тимот, и повеќе од очигледно е тоа колку му значи Јувентус. Голем човек,најдобар голман, и независно дали ќе ја продолжи кариерата во Јувентус или ќе се реши да ја смени средината, тој ќе остане легенда на клубот, и еден од најголемите играчи кои го облекле дресот на Јувентус.Секоја чест за Џиџи.

--- надополнето ---

Дечки вистина е дека Ањели ги избацил и Секо и Блан вчера ??
Ако е така свака част за типот редно беше гадните да ги нема....
Секо веќе не е Спортски Директор, вчера се поздравил со играчите на Јуве, а по се изгледа дека и Блан ќе си оди, и ако остани сигурно ќе биде задолжен само за финансиите околу новиот стадион, нема да има никаква допирна точка со фудбалот. Голем дел и од медицинскиот тим на Јувентус ќе биде заменет, и ќе се ангажира шефот на медицинскиот персонал на Сампдорија, кој е еден од најдобрите во Италија и во светот. Нов Генерален Директор е Џузепе Марота, а 99% нов тренер Луиџи Дел Нери.
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Фала Богу што сезонава заврши!!!

Како што читам, веќе се почнати промените, се надевам дека ќе се промени се и тоа што побрзо, за да има време да се воиграат сите делови од екипата па од септември да гледаме нов Јувентус кој ќе наликува на тоа што Јувентус би требало да биде!
 
Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
Проблем е што ако се продаде Џиџи ја не глеам идеална замена за него,ни Касиљас не може да го замени Џиџи,слушав за оној голманот од Палермо,Сиригу дека е мн талентиран и голем потенцијал,во репрезентација е за светско ,странец нема шанси да брани за јуве,затоа и Дел Нери е тренер зашто е италијанец,ако се продава Мело добро би било да го земеме Аквилани ,ем е италијанец и за мене е добар играч,а ако играме 4-4-2 Пепе е добар избор за крилната позиција,каков Ди Мариа,а читав и можно е да се донесе и Касани,не знам што игра десен или лев бек и како што читам е меѓу најдобрите бекови во Италија,една размена Де Чеље Маџо,Кјаер тандем со Киелини и у нападот некој звер:)
Другар не знаеш шо збориш ти.Ако Ди Мариа е слаб,не знам шо да кажам.
А и ова трампиве ти се не знам.ќе го даат маџо за де чеље надевај се.Пепе игра десно крило,ди мариа лево,споредбава ти е за никаде.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
заврши оваа мизерна сезона ајде и јас да пишам конечно нешо во врска со тоа ... значи сезонава ја почнавме добро со победа врз киево со 1 0 па следуваше натпреварот со рома кој го добивме со 3 1 каде шо играч на натпреварот беше диего со 2 фантастични удари и тој на фм потоа со лацио 2 0 после тоа имавме уште 1 победа и следуваше натпреварот со џенова каде што падна концепцијата на ферара .... и неколку кикса шо не одалечија од титула ... земено се на се по лоша не можеше да биде ајде со нова управа со нови играчи и со нов тренер " Del Neri" да се надеваме на врајкајне на скудетото онаму каде што му е
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Другар не знаеш шо збориш ти.Ако Ди Мариа е слаб,не знам шо да кажам.
А и ова трампиве ти се не знам.ќе го даат маџо за де чеље надевај се.Пепе игра десно крило,ди мариа лево,споредбава ти е за никаде.
Не сакам да кажам дека Ди Мариа е лош играч,голем потенцијал е ,партали праи во португалско али 30 милиони да дадеш за играч кој што не е докажан во Италија е голем ризик,мислиш Моџи ќе фрли толку пари за Ди Мариа?да не испаднеме токмаци како Интер,се палеа на Кварезма тривели мивели 30 милиони опнаа и дечкото имаше огромен притисок,мада и не е за во италијанско,за мене е голем ризик да се фрлат толку пари за човек што тек сеа треба да се докажува,нас ни требаат докажани играчи а не таленти и потенцијали.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
не се занесувајте Ди Марија нема шанси да стапни во Торино.....
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Конечно заврши проклетава сезона!

Едвај чекам да почне трансфер периодов и да видам како ќе пазаруваме. Приоритет треба да ни биде одбраната, ако немаме одбрана џабе ни е се. Одбраната ги добива натпреварите, ене што му се случува на Реал поради слабата одбрана. Мислам дека немаме толку слаби играчи колку што сме банда без команда. Воиграност=0. Еден познат менаџер во Америка рекол „лесно е да дојдеш до добри играчи, тешко е да ги натераш да играат заедно“. Тука е улогата на тренерот кој ние за жал го немавме.

Шпекулациите за Дел Нери се се погласни и најверојатно тој е новиот тренер. Нема да дадам никакво мислење се додека не видам резултати. За мене едиснтвено мерило за успехот на еден тренер се титулите и победите. Не сакам убава игра, не сакам многу голови, не сакам многу ѕвезди на едно место. Сакам фудбалери работници кои ќе гинат на теренот за Јуве. Полоша од оваа сезона не верувам дека може да има, така да главите горе и да се надеваме на подобро. FORZA JUVE!!!!!!!
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
скоро да е решено дека Дел Нери е тренер,мислам дека се мали шансите да направи нешто,ќе помине нешто слично како Зак...
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Марота изјави дека ги чека многу работа во Јувентус (мислејќи на себе и новото раководство) , а за Дел Нери изјави дека утре ќе се одижи состанок во Самдорија после кој ќе се знае повеќе ... 100% е веќе договорена работата со Дел Нери

Се се изгледа супер , почнувајќи од клоците кои ќе ги добијат Секо и Блан па се до најавите за реконструкција, и на крај мора да ти расипат филинг со некој инвалид тренер ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom