Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Еве сега на раат може да се осврнам на нашите евентуални летни трансфери.

Мое мислење е дека Јуве повеќе не може да си дозволи ангажирање на неафирмирани талентирани играчи. Помина времето кога беа ангажирани играчи како Замброта и Каморанези од подпросечни екипи како Бари и Верона. Во тоа време Јувентус имаше веќе склопена добра екипа и на овие двајца им беше многу лесно да се вклопат во силниот Јувентус. Впрочем на секој играч му е лесно да се вклопи кога крај себе има родени шампиони кои го влечат напред, да работи напорно и самиот да биде што подобар. Денес тоа не е случај во Јуве. Денес Јуве го има изгубено својот шампионски сјај и во екипата не се чувствува шампионскиот дух. Мислам дека не може да се очекува од играч како Кандрева (со должна почит кон играчот) да ги смени работите во тимот и заради него да почнеме да постигнуваме кој знае какви резултати. Да не се разбереме погрешно, мислам дека ако тој се појавеше пред едно 5-6 години во Јуве, исто како и Замброта и Камо добро ќе се вклопеше, но сега тоа ќе оди тешко. Ние всушност го очекуваме невозможното, очекуваме да не вади играч од Ливорно, а тимот во кој што доаѓа, Јувентус, е во тотален хаос.

Што се однесува до потенцијалните засилувања за лето, се шпекулираше со имиња од типот на Бокети, Кјаер, Ташчи и др. Мислам дека Јуве ова повеќе не може да си го дозволи. Не викам дека овие не се добри и талентирани играчи, но на Јуве му треба нешто друго. Потребни му се готови производи, односно веќе оформени играчи кои ќе го имаат во себе она шампионското и кои ќе почнат да ја буткаат колата нагоре. Не би сакал сега да давам примери на кои играчи мислам ама сигурно разбирате што сакам да кажам. Во минатото имавме тим кој беше лесно да се надоградува, сега немаме темел на тимот, се е распар систем и мислам дека уште долго време ќе бидеме каде што сме сега ако се продолжи со ангажмани на полуафирмирани играчи. Управата мора да повлече линија и барем летоска да го одврзе кесето и да ангажира 5-6 играчи од светска класа кои ќе го вратат Јуве каде што припаѓа а потоа се ќе биде полесно и ќе може да се доизградува тимот со играчи како гореспоменатите.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Што се случува со Јувентус?!?!

Ова е крај,на ништо не личеше тоа од вчера!Каде Закерони со таа формација кога го има Гросо за бек!?Каде со тој Амаури и ред други играчи.

Ако сега победи Наполи кажете крај на ЛШ за нередната година,а тоа си влече и други работи,заминување на некои играчи,и некои силни потенцијални засилувања не би дошле во Јувентус токму заради тоа.


Ќе си продолжиме ние да си играме со Кандрева,Мело,Григера,Гросо,Амаури....


Јувентус ја изгуби онаа атмосфера во соблекувалната,што ја имаше некогаш!
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Еве сега на раат може да се осврнам на нашите евентуални летни трансфери.

Мое мислење е дека Јуве повеќе не може да си дозволи ангажирање на неафирмирани талентирани играчи. Помина времето кога беа ангажирани играчи како Замброта и Каморанези од подпросечни екипи како Бари и Верона. Во тоа време Јувентус имаше веќе склопена добра екипа и на овие двајца им беше многу лесно да се вклопат во силниот Јувентус. Впрочем на секој играч му е лесно да се вклопи кога крај себе има родени шампиони кои го влечат напред, да работи напорно и самиот да биде што подобар. Денес тоа не е случај во Јуве. Денес Јуве го има изгубено својот шампионски сјај и во екипата не се чувствува шампионскиот дух. Мислам дека не може да се очекува од играч како Кандрева (со должна почит кон играчот) да ги смени работите во тимот и заради него да почнеме да постигнуваме кој знае какви резултати. Да не се разбереме погрешно, мислам дека ако тој се појавеше пред едно 5-6 години во Јуве, исто како и Замброта и Камо добро ќе се вклопеше, но сега тоа ќе оди тешко. Ние всушност го очекуваме невозможното, очекуваме да не вади играч од Ливорно, а тимот во кој што доаѓа, Јувентус, е во тотален хаос.

Што се однесува до потенцијалните засилувања за лето, се шпекулираше со имиња од типот на Бокети, Кјаер, Ташчи и др. Мислам дека Јуве ова повеќе не може да си го дозволи. Не викам дека овие не се добри и талентирани играчи, но на Јуве му треба нешто друго. Потребни му се готови производи, односно веќе оформени играчи кои ќе го имаат во себе она шампионското и кои ќе почнат да ја буткаат колата нагоре. Не би сакал сега да давам примери на кои играчи мислам ама сигурно разбирате што сакам да кажам. Во минатото имавме тим кој беше лесно да се надоградува, сега немаме темел на тимот, се е распар систем и мислам дека уште долго време ќе бидеме каде што сме сега ако се продолжи со ангажмани на полуафирмирани играчи. Управата мора да повлече линија и барем летоска да го одврзе кесето и да ангажира 5-6 играчи од светска класа кои ќе го вратат Јуве каде што припаѓа а потоа се ќе биде полесно и ќе може да се доизградува тимот со играчи како гореспоменатите.
НЕ НЕ НЕ
Никако. Ова шо го викаш е видена приказна и се вика Шинтер 20 anni zero tituli.
Никако не смееме да купуваме звезди и да се молиме дека тие ќе не извадат од калта. Ене ги Шинтер купваја звезди и шо напрајја? ништо.
Ене ги Реал со години фрлаат пари и шо напрајја ? Ништо.
Летово ја направивме таа грешка. Ги донесовме Диего, Мело, Канаваро, Гросо, Амаури(ќе го клам и него). И сите тие имаа статуси на звезди. Шо се деси повеќето не знаеја да соработуваат. Напрајвме банда шо не личи на тим. А ги продадовме просечните работници кои го крепеја скелетот на тимот. Тука пред се мислам на Маркиони и Занети. Зошто кога сите звезди потфрлаа на средина Занети беше најстабилен. Кога Камора беше повреден (80% од сезоната) Маркиони го заменуваше солидно еве да речиме некои 70%.
Кандрева е мал пример за подобрување на работите. НЕ е проблемот дека доаѓа од Ливорно туку работата е шо баш на средината на Јуве му недостигаше таков играч. И тоа е работата што треба да го подобри раотите во Јуве.
Во минатото Јуве ги крпеше дупките во тимот и можеше да си дозволи да доведи во здрава структура такви играчи. Само мала споредба Замброта и Камора во то време мене ми беа како Касерес и Кандрева еве да речиме сега. Само шо не застанвавме дасе молиме дека новајлиите ќе не извадат. Зато зборам НЕ СМЕЕМЕ да дозволиме толку нови играчи особено не ЗВЕЗДИ кои ќе плачат а првотимски статус. Треба да имаме визија со каква формација и со каков составќе настапуваме и кој има лежи најмногу на овие играчи ам потоа да се донесат само мали крпења на тимот. Во моментов на тимот им фали ТРЕНЕР и управа со јасна визија. Значи треба некој да направи план како Јуве ќе игра во наредните години. На Жаки и онака не сенадевам многу. Бенитез не е човек за оваа работа. Раниери можеби беше, Венгер е исто така добар пример ама ела нека го донеси некој, Гасперини и Прандели се добри примери како се гради тим. Алегри нема да го спомнам оти од она шо иам видено е дека знај да изигра добро на терен а да гради тим сори оут оф мај скоуп.
 
Член од
5 март 2009
Мислења
16
Поени од реакции
0
Зато зборам НЕ СМЕЕМЕ да дозволиме толку нови играчи особено не ЗВЕЗДИ кои ќе плачат а првотимски статус. Треба да имаме визија со каква формација и со каков составќе настапуваме и кој има лежи најмногу на овие играчи ам потоа да се донесат само мали крпења на тимот. Во моментов на тимот им фали ТРЕНЕР и управа со јасна визија. Значи треба некој да направи план како Јуве ќе игра во наредните години.


Многу паметно кажано ама со Блан и со Секо не се надевам дека и да закрпат нешто знаат. Структурата поставена од Моџи старее и се распаѓа а овие се неспособни да водат ни тим од втора лига не камоли ЈУВЕ!!!
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
НЕ НЕ НЕ
Никако. Ова шо го викаш е видена приказна и се вика Шинтер 20 anni zero tituli.
Никако не смееме да купуваме звезди и да се молиме дека тие ќе не извадат од калта. Ене ги Шинтер купваја звезди и шо напрајја? ништо.
Ене ги Реал со години фрлаат пари и шо напрајја ? Ништо.
Летово ја направивме таа грешка. Ги донесовме Диего, Мело, Канаваро, Гросо, Амаури(ќе го клам и него). И сите тие имаа статуси на звезди. Шо се деси повеќето не знаеја да соработуваат. Напрајвме банда шо не личи на тим. А ги продадовме просечните работници кои го крепеја скелетот на тимот. Тука пред се мислам на Маркиони и Занети. Зошто кога сите звезди потфрлаа на средина Занети беше најстабилен. Кога Камора беше повреден (80% од сезоната) Маркиони го заменуваше солидно еве да речиме некои 70%.
Кандрева е мал пример за подобрување на работите. НЕ е проблемот дека доаѓа од Ливорно туку работата е шо баш на средината на Јуве му недостигаше таков играч. И тоа е работата што треба да го подобри раотите во Јуве.
Во минатото Јуве ги крпеше дупките во тимот и можеше да си дозволи да доведи во здрава структура такви играчи. Само мала споредба Замброта и Камора во то време мене ми беа како Касерес и Кандрева еве да речиме сега. Само шо не застанвавме дасе молиме дека новајлиите ќе не извадат. Зато зборам НЕ СМЕЕМЕ да дозволиме толку нови играчи особено не ЗВЕЗДИ кои ќе плачат а првотимски статус. Треба да имаме визија со каква формација и со каков составќе настапуваме и кој има лежи најмногу на овие играчи ам потоа да се донесат само мали крпења на тимот. Во моментов на тимот им фали ТРЕНЕР и управа со јасна визија. Значи треба некој да направи план како Јуве ќе игра во наредните години. На Жаки и онака не сенадевам многу. Бенитез не е човек за оваа работа. Раниери можеби беше, Венгер е исто така добар пример ама ела нека го донеси некој, Гасперини и Прандели се добри примери како се гради тим. Алегри нема да го спомнам оти од она шо иам видено е дека знај да изигра добро на терен а да гради тим сори оут оф мај скоуп.
Добро, до некаде ќе се сложам со тебе за Реал, ама од кај го ископа Интер со дебилните трансфери на играчи како Фаринос, Кили Гонзалес, Емре, Хакан Шуќур и други слични изгубени случаи. Сега Јуве е Интер од тоа време и купува изгубени случаи како Поулсен, Тиаго, Амаури, Гросо, Григера...

Муабетот ми е дека со оваа политика што ја водиме уште долго време нема да видиме некој позабележителен успех. Постепено градење на тим може да си дозволи екипа од рангот на Наполи, Парма, Палермо итн. Јувентус веќе неколку години прави пост со титулите и ова веќе станува фрустрирачко. Јас лично немам нерви да чекам уште 5-6 години за да ме израдуваат со некоја титула, притоа не вклучувајќи ги тука минорните титули како Купот на Италија или Лига Европа. Доволно време помина без титула и потребно е составување на тим кој ќе ни овозможи освојување на истата. Со играчи какви што планираат да донесат не верувам дека ова е изводливо, особено што нашите противници веќе имаат уиграни искусни играчи во своите состави. Чист пример е Пандев, кој иако 6 месеци паузираше, веднаш успеа да се вклопи во составот на Интер, додека ако по некоја случајност дојдеше кај нас, верувам дека ќе се вклопеше во сивилото.
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Немаме ние бекови за оваа формација што сака да ја игра Закерони. Требаат комплетни бекови кои ќе изиграат солидно и во напад и во одбрана, некој како Дани Алвес, Евра, Замброта(на времето). Касерес е добар во дефанзива, но според мене не го бива напред. Многу се плетка со топката, му треба време да дигне глава и да види кај има слободен играч, дриблинг=0.

Гросо нема да го коментирам, уште се чудам како дрво од 190+cm со брзина на полжав игра бек. Освен добар центаршут нема ништо друго.

Кандрева мора да го игра понапред. Амаури веќе не можам да го поднесам, тој не е за во Лече да биде првотимец не па во Јуве. Може некој нема да се сложи со мене, ама ако Дел Пиеро продолжи да игра вака комотно може да си земе пуканки и да ги следи натпреварите од клупата, а паметно ќе му биде да размислува и за пензија.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Најголемиот проблем е што не се свесни што е проблемот! Кога знаеш што не чини - одиш и го средуваш тоа. Очигледно нападот е крш, Амаури е принуден да прима топки свртен со грб накај гол, значи има и проблем со дистрибуцијата на топки до него. Од тројца стапови во одбрана - џуџе со 168цм им дава гол со глава. Гросо почнува страшно да ме нервира, голот вчера беше негова кривица. Бр.33 не го коментирам и слепа кокошка ќе клукне некогаш :). Убаво кажа Жаки, премногу сме предвидливи. Играта е премногу спора.
Наполи полувреме 1-1, да се надеваме дека нема да тепаат, зошто ситуацијата ќе стане многу заебана во тој случај.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
само плукајте по Дел Пиеро,15 години го носеше тимот на плеќи сега на 35 сакате како младич да ви игра...
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Во моментов Јувентус е 7мо место и тоа покрај него има екипи со една утакмица помалце :tapp:
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.757
Поени од реакции
3.794
Најголемиот проблем е што не се свесни што е проблемот! Кога знаеш што не чини - одиш и го средуваш тоа. Очигледно нападот е крш, Амаури е принуден да прима топки свртен со грб накај гол, значи има и проблем со дистрибуцијата на топки до него. Од тројца стапови во одбрана - џуџе со 168цм им дава гол со глава. Гросо почнува страшно да ме нервира, голот вчера беше негова кривица. Бр.33 не го коментирам и слепа кокошка ќе клукне некогаш :). Убаво кажа Жаки, премногу сме предвидливи. Играта е премногу спора.
Наполи полувреме 1-1, да се надеваме дека нема да тепаат, зошто ситуацијата ќе стане многу заебана во тој случај.
Црвен картон за Маџо (Наполи) во 44 минута.

Се надевам дека не сме толкави баксузи со играч мањак, Наполи да тепа на гости!
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Црвен картон за Маџо (Наполи) во 44 минута.

Се надевам дека не сме толкави баксузи со играч мањак, Наполи да тепа на гости!
нека изгубат бе битно си ја фатив мајсторски на спортска Гол Гол :)
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Кај отиде светов... да се молиме НАПОЛИ да не победи зошто многу ќе ни избегал:pop:
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Кај отиде светов... да се молиме НАПОЛИ да не победи зошто многу ќе ни избегал:pop:
Ќути а мене да ми е страв да погледнам во табела дали позади нас е Бари или да се бориме со Сампдорија :nesum:
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Не тепаат Наполи на Фриули, па што сака нека е.

Него, друго ми беше зборот. Редно е еднаш засекогаш Гросо и Амаури да седнат на клупа. Де Чеље барем е брз, трча и се труди за разлика од Гросо. Не можам веќе да го гледам со тие негови тромави потези со кои не знае ни сам што сака да направи. Не очекував дека ова некогаш ќе го кажам, но почнува да ми недостасува Молинаро и неговите обиди да направи нешто... :toe:

Амаури... :офлеле: Не знам што се случи со човеков, колку високо мислење имав за него, сезонава се смени за 180 степени. Си доби шанса да се докаже, дури повеќе од доволно но никако да му тргне и да почне да постигнува голови. Доколку Ѕак има малце муда, со Џенова би го ставил Паолучи во стартниот состав место овој. Сигурен сум дека повеќе ќе придонесе.

За вчерашниот меч, нема што да се коментира. Очаен резултат, засрамувачка игра, лош пристап кон мечот у глобала. Главната грешка беше во левата бековска позиција. Сигурен сум дека доколку Де Чеље, па дури и Џовинко беа на таа позиција уште од самиот старт, друг Јуве ќе гледавме. Можеби не толку подоминантен, но сигурно ќе бевме поопасни. Како и да е, одиме напред. Кога тогаш, ќе тепаме... :леводесно:
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
срамно, сите се средија само вие продуживте и во 2010

Наполи доколку денеска поведе ќе се одалечи на +6 од вас што тоа е сериозна предност со оглед на вашата форма и ситуација... не се само Наполи, тука се и Палермо,Фиорентина,Џенова...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom