Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

DangerouzZ

Bianconero Till I Die !
Член од
24 август 2009
Мислења
366
Поени од реакции
21
Нека му е среќен роденденот на Буфон му посакувам уште многу успеси во неговата кариера :wink:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Ваква формација моментално во Јуве неможе, бидејки немаме играчи за ваква формација, нека се опорават сите играчи па тогаш може да ја пробиме од овој тренер. Незнам какво искуство има, ама јас сум за уште од сега да го донесеме Бенитез и да си тераме.
Тоа веројатно го сака и Управата на Јуве, но Бенитез нема да ја напушти клупата на Ливерпул на средина од сезоната (веројатно тоа му беше соопштено на челниците на Јуве кои стапија во контакт со Бенитез). За влето Јуве се најавува дека ќе му понудат поголема плата од онаа што ја заработува во Ливерпул.
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Вечер очекувам интересен натпревар. После сите овие дешавања со тренериве како да настапите на клубот ги ставаме во втор план. Како да сакаме нов тренер , па да почнеме со нешто ново , бар ја тоа го сваќам така. Вечер мислам дека ќе поминеме во полуфинале , момците ќе играат доста мотивирано и бар со победа да го испратат Чиро. Нема да го пцујам Чиро веќе ( иако можеби го направиви тоа во неколку наврати ) , јасно е дека човекот не е за на клупата на Јуве али уште е поочигледно дека во Јуве нештима од некој повлијателен од него ( Блан и Секо ). Плукавме сите по Раниери , а човекот се покажа доста професионален во работата и без провокации се соочи со Јувентус , ретко кој може да остане така мирен и да не возврати после се што помина во Јувентус. Да видиме како ќе оди со новиов тренер , па евентуално ако не оди пак ( ај да не кобам сеа ) , тогап треба да се смени цела Управа , па тек и Елкан да ги спали патиките од Јувентус и да му го препушти тимот на човек кој навистина сака да се залага за доброто на клубот.

Според влијателниот Италијански весник La Repubblica , кој важи за медиум многу близок до семејството Ањели , во Јувентус постои тензија помеѓу Бетега и Блан за тоа кој да биде тренер на Јувентус до Јуни. Блан бил за тоа да биде Закерони , а Бетега не се сложувал со тоа и неговата желба била тоа да биде Џентиле. Изгледа дека Елкан ќе треба да пресече , али со оглед на неговото пријателство со Блан поверојатно е да застане на негова страна ... али се е можно.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Да видиме како ќе оди со новиов тренер , па евентуално ако не оди пак ( ај да не кобам сеа ) , тогап треба да се смени цела Управа , па тек и Елкан да ги спали патиките од Јувентус и да му го препушти тимот на човек кој навистина сака да се залага за доброто на клубот.
Во Јуни му завршува договорот на Секо, и веројатно нема да му биде продолжен. Се најавува дека Елкан ќе се обиде да ги искористи добрите односи со Сопствениците на Сампдорија, Фамилијата Гароне, и ќе проба да го ангажира еден од најреспектираните спортски Директори во Италија, Марота кој би го заменил Секо на позицијата Спортски Директор, а Рафа Бенитез ќе пристигне како тренер.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Според влијателниот Италијански весник La Repubblica , кој важи за медиум многу близок до семејството Ањели , во Јувентус постои тензија помеѓу Бетега и Блан за тоа кој да биде тренер на Јувентус до Јуни. Блан бил за тоа да биде Закерони , а Бетега не се сложувал со тоа и неговата желба била тоа да биде Џентиле. Изгледа дека Елкан ќе треба да пресече , али со оглед на неговото пријателство со Блан поверојатно е да застане на негова страна ... али се е можно.
Сеуште не е одлучено. Бетега вчера преговараше со Џентиле, Блан телефонски разговараше со Закерони. И на двајцата тренери им е кажано дека утре ќе се направи изборот (ниту Блан ниту Бетега не изјавија ништо околу тоа кој е нивниот избор, а сигурен сум дека е усогласен).
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.223
Поени од реакции
8.091
Вечер, Господ нека ни е напомош, само толку имам да кажам.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Вечер, Господ нека ни е напомош, само толку имам да кажам.
да да да не се изрезилиме да изгубиме многу нека се борат достоинствено нека го носат со гордост црно белиот дрес
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Јувентус падна на ниво Блан да му избира тренер ... да се пазиме да не донесе по грешка некој тениски тренер :tv:
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.223
Поени од реакции
8.091
да да да не се изрезилиме да изгубиме многу нека се борат достоинствено нека го носат со гордост црно белиот дрес
И мене тоа ме плаши, да не се изрезилиме. Од друга страна се надевам Јуве конечно да изненади со добра игра, па вечер да уживаме во мечот. Сепак, со оглед на моменталната состојба во клубот, ова ми е малку веројатно.

Што се однесува до Закерони, пак ќе кажам, Господ нека ни е напомош. Од Гус, спаднавме на Закерони,цццц! Дочекавме ваков пациент да не вади од гомна.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
со оглед на спретноста на управата и слободните менаџери на пазарот изгледа и Зак ќе биде премија :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom