Моќта на Календарот!
Нова година! Еуфорија! Спектакл! Празници!
А се потпрашал некој - Зашто?
Се мислам и размислувам. Зошто е толку посебен денот, онај последниот на месец декември? Што арно се случило тогаш, па некој да го слави? Нели слави се слават, народот на убави нешта се весели. Некоја мода е во прашање, најверојатно.
Тон прашина се крева за еден збор кој го многу убаво го опишува процесот на смената на собниот ( Ѕиден) календар. Тоа е новата година и ништо друго. Ама ај што е нова, нека е, ама зашто баш на 31 декември? Зашто на тој ден. Од кај да видиш, пак тој ден не е ден кој треба да го означува почетокот на една нова, годишна ера. Ни од астрономски, ни Хидролошки, ни религиозен не е почетокот. Ама ај, нека му биде.
Мене ме мачи, што толку паника? Зошто секоја единка во големата човечка маса троши голем дел од животот само за оваа намена. Планови, ти реков - ми рече, ова она. А за финансиската исцрпеност, да не зборувам. Леб не јадам - Нова година славам! Ама пусто едноумие, никој не сака да биде дискриминиран. Славиш - седи пет! Не славиш - идиот.
Значи, доаѓаме до некоја поента на новогодишната еуфорија. Да се потрошат куп пари, за да не си назад. Од сиромашен до богат, од ученик до професор, од рудар до директор. Сите слават, сите имаат, барем на тој ден, ко да е последен.
Зини да те лажам муабет. Календарот ми го контролира умот. Моќта на Декември и стотици други поглавја што можат да се искористат ако некој некогаш направи истражување: Зошто луѓето ја слават смената на годината?