Ние ја контролираме нашата волја или таа нас?

Глеајте го The Secret, добар документарец кој има врска со темава, кој донекаде има логика, а донекаде ми е прозирен. Но ќе покаже времето. А инаку сметам дека ние ја контролирамевољата, но само кога сакаме и тоа потсвесно.
 
Токму болдираното значи дека волјата е онаа која раководи со нас, а не ние со неа. Затоа беше и темата со детерминизмот, дека силинита на посакувањето на нештата е она кое не движи, и дали ќе се чувтвуваш способна да направиш нешто е резултат на неа која ќе те продвижи тебе, not the other way.

Но, зар волјата не е токму тоа... поттикнувач и отстранувач на ленивоста, волјата дирекно се вмешува во умот и му дава задачи како да работи, волјата е потсвеста.

Навистина, тука доаѓа прашањето, кое е попрво јајцето или кокошката, па дали волјата попрво му диктира на умот за тој да ги посакува нештата, или она кое толку силно го посакуваме преку умот и диктира на волјата да не движи или не.

Затоа и ја отворив онаа тема за детерминизмот, кој вели дека се е одредено, и ако нешто не посакуваме доволно силно, тоа не е дека ние не сме се потрудиле, туку дека не ни било предодредено. Бидејќи, и онака работите кои силно ги посакуваме, имаме чувство како и покрај сите препреки и воздржувања сеуште го чувствуваме како потребно за нас, и на крајот и го добиваме, бидејќи е дел од тој универзален принцип. Од друга страна, работите кои не премногу ги посакуваме, и нема да ги оствариме, то ест ќе речеме дека волјата не ни била доволно голема. Но резултатот е исклучиво од тој некој неопислив, метафизички и неразбирлив момент.

И јас така гледам на работите. И сеуште се плашам да се препуштам на потсвеста да ме води, бидејќи се плашам дека ќе пропуштам нешто, иако досега свесната волја (мојов личен памет) ме има само заебано до без граници. Ама ќе се мора изгледа. Само главата горе, без мисли, само со осет, и јуз д форс.
 
Ние сме нашата волја. (Со оглед на нашата духовна, ако не и телесна природа.)

Јас сакам = Јас сум
 
За да можеме да го контролираме умот ,потребно е време и голема работа , токму на тоа мислев кога напишав дека умот ја спречува нашата волја, кога ке сакаме да го контролираме умот тој ќе изнајде илјада причини да го спречи тоа .Нашата волја ако ја идентификуваме со потсвеста, ќе можеме целосно да ја употребиме само во случај кога нашата свесност е на високо ниво и тогаш пак доаѓаме до нашиот внатрешен водач кој точно знае каде да не насочи, односно кон патот кој е најдобар за нас и сите околу нас
 
Волјата произлегува од мојата личност, значи некоја моја лична потреба или желба кон нешто. Иако некогаш е во контрадикторности со нашите принципи сепак сме ние изворот на волјата. Никогаш не би напраила нешто што не сакам да го направам, доколку веќе сум направила нешто - значи дека тоа бар во моментот сум сакала да го направам.
 
Ќе дадам еден општ, одговор на двонасочното прашање на темата: „Да“

Е сега што „да“, е релативна работа, секој може да гледа на тоа од свој аспект.

Јас го почитувам причинско-последичниот синџир, јас одлучувам за мојот живот, за мојата волја и тн., а истовремено валиден одговор е и дека универзумот одлучува за мене, мојата волја и тн. т.е. веќе одлучил. Истото важи за сите. Така што, што и да одговори човек на ова прашање - животот тече понатаму.
 
Луѓе, да не навлагаме во некои тешки муабети кои ја тангираат проблематиката на "шизофренија" и "подвоена личност". Факт е дека секој од нас е диктиран од нашиот карактер. А нашиот карактер е диктиран од нашата волја.
 
Луѓе, да не навлагаме во некои тешки муабети кои ја тангираат проблематиката на "шизофренија" и "подвоена личност". Факт е дека секој од нас е диктиран од нашиот карактер. А нашиот карактер е диктиран од нашата волја.

Па Џони, Јас најдемократски ги оставив и обете опции отворени, секој може да ја свати проблематиката на оној начин кој што најмногу му одговара и да ја примени онаа философија што најдобро функционира во неговиот живот. Се разбира тоа го сторив на доволно културен начин без да наметнувам ставови и напаѓам некого дека е шизофреник и/или биполарен [она што го велиш „подвоена“] карактер/личност. [Дали знаеш воопшто медицински што тие два поими всушност значат?]
Така што би ценел доколку се воздржиш од судење и оценување на личности, Јас не ти судам, со тоа и ти немаш право да ми судиш на мене.
Ако некој не може да види/осознае/разбере нешто од повеќе аспекти, не значи дека тоа не постои, и дека сите што размислиле малку повеќе на таа тема и имаат поинакво мислење се болни или слично.
Раздели го универзумот, раздели го просторот, раздели го времето, раздели ги сите димензии, раздели го човекот од природата и околината, раздели ја психата, раздели ја свеста раздели ја потсвеста и остави ги сами да функционираат. Можеш?
Јас не можам и не познавам некој што може. Чак Норис можеби. :)
Вистината е таква каква што е, и за да се прифати и да се живее со неа треба храброст, ако се има вистинска храброст ќе се има и толеранција.
Сепак историски факт е дека човекот секогаш не толерирал, бегал, го напаѓал, се плашел, осудувал и горел на клада непознатото, различното, новото, се она што на видум му изгледало како темнина.
Таков е и овој случај со причинско-последичниот синџир. Доколку уште ме сметаш за шизофреничар појди и прашај било кој од илјадниците научници кои што работат на CERN или пак математичари во светски институти.
Прашај за алгоритамски начин на размислување исто така, овие работи не се од вчера измислени и не ми дојдоа на мене на сон или во халуцинација или слично. :)
 
Силата на волјата е дупло помала од силата на вообразувањето , т.е. кога ќе си вообразиш дека не можеш,колку сакаш волја имај, пак нема да успееш.
Точно така волјата е управувана од нашите желби, реално гледано секој може да стави на вага и да процени колкави му се можностите самиот мозок реагира на неуспеси и доколку во некое поле се обидуваме да постигнеме успех безуспешно тоа влијае и на волјата како категорија таа полека се губи исчезнува.
Комплексна тема
Мислам дека и да и не.
И ја контролираме и не ја контролираме.
Луѓето се менуваат, волјата се менува, ништо не е константна категорија, според тоа и нашите желби се менуваат, иако неразбирливо во моментот на себепронаоѓање во егзактната ситуација сепак така е, со тек на време осознаваме некои работи за самите себе што никогаш не сме ги знаеле, волјата е променлива категорија.
Мислам дека волјата се контролира но само ако се има доволно голема волја да се исконтролира:wink:
 
Токму болдираното значи дека волјата е онаа која раководи со нас, а не ние со неа. Затоа беше и темата со детерминизмот, дека силинита на посакувањето на нештата е она кое не движи, и дали ќе се чувтвуваш способна да направиш нешто е резултат на неа која ќе те продвижи тебе, not the other way.
Но, зар волјата не е токму тоа... поттикнувач и отстранувач на ленивоста, волјата дирекно се вмешува во умот и му дава задачи како да работи, волјата е потсвеста.
Навистина, тука доаѓа прашањето, кое е попрво јајцето или кокошката, па дали волјата попрво му диктира на умот за тој да ги посакува нештата, или она кое толку силно го посакуваме преку умот и диктира на волјата да не движи или не


Не сакам да се сложам дека волјата е таа што ме контролира. Може пак одам у екстреми, ама ако имам огромна волја некого да убијам, треба ли да и се препуштам сосема и просто така да правам се што ќе ми наложи таа?
Волјата се вмешува во умот, да, но не ја поистоветувам со потсвеста. Таа може да биде храна за потсвеста, ама не и нејзин еквивалент.
Да, волјата може да му диктира на умот за тој да ги посакува нештата, ама сепак на таа волја јас и давам силина и јас на некој начин ја придвижувам, можеби повторно преку умот или потсвеста, не знам, комплицирана е темата :) Некако се му доаѓа во круг. Всушност, на волјата и давам волја, така некако најлесно си го објаснувам ова.
 
Не сакам да се сложам дека волјата е таа што ме контролира. Може пак одам у екстреми, ама ако имам огромна волја некого да убијам, треба ли да и се препуштам сосема и просто така да правам се што ќе ми наложи таа?
Волјата се вмешува во умот, да, но не ја поистоветувам со потсвеста. Таа може да биде храна за потсвеста, ама не и нејзин еквивалент.
Да, волјата може да му диктира на умот за тој да ги посакува нештата, ама сепак на таа волја јас и давам силина и јас на некој начин ја придвижувам, можеби повторно преку умот или потсвеста, не знам, комплицирана е темата :) Некако се му доаѓа во круг. Всушност, на волјата и давам волја, така некако најлесно си го објаснувам ова.

Болдираното. Многу кул пример. :)
Затоа на светот постојат луди луѓе, и не можат да сторат баш многу околу тоа што се луди, освен ако не ги кљука некој од страна со апчиња за да ги држат надвор од “нивниот свет“.
Она што сакам да го кажам е дека... секој има свој внатрешен глас, внатрешна моќ и сила да оствари некои нешта во животот, ако се сложиш, тоа би го нарекол волја и таа не може да биде манипулирана од нашата свест.
Затоа има луѓе кои стануваат убијци како што рече, а оние по нормалните, се алкохоличари, прељубници, воркохолици, виртуози на некое поле, мајстори со лесна рака па и тотални лузери.
 
Глеајте го The Secret, добар документарец кој има врска со темава, кој донекаде има логика, а донекаде ми е прозирен. Но ќе покаже времето. А инаку сметам дека ние ја контролирамевољата, но само кога сакаме и тоа потсвесно.

Подсвесните работи не се контролираат.

А „Тајната“ нема многу врска со нашата воља туку со начинот на кој мислиме.
 
Прво да разграничам што е волја, зошто секој може да има различно сфаќање
Волја- насоченост на човековите сили кон остварување на определена цел.

Се замислив за темава кога ја читав таа детерминизам. Имено, тоа што не прави слободни индивидуи е нашата волја. Но зарем не и робуваме на волјата? Нашите интереси, страсти не ги бираме ние, тие едноставно се тука и не привлекуваат, па и ни ги одредуваат цели во животот. Талентот кој го имаме за нешто не го бираме ние, едноставно го имаме.

Прашањето е, дали ние ја водиме нашата волја или таа нас? Ако таа не води нас, тогаш кај е нашата слобода воопшто?


Не би рекол баш така, вољата е пак наша креација, ради тоа шо имаш воља за тоа шо тебе ти прави мерак. :) Неможеш да имаш воља за нешо шо не ти прави мерак. :)
Такашто, вољата е под наша контрола (односно под контрола на нашата подсвест) ама има голема улога.
Талентот, нема врска со вољата, има луѓе шо се на пример талентирани за музика, а нејќат да се бават со тоа. :)
 
Кога Кроули рекол и напишал :„ Прави она што е твоја волја и тоа нека ти биде единствен закон!“, мислел откри што е добро за тебе, што е твоја волја и прави го тоа без двоумење и колебање, значи не соработувај со помислите, со реактивниот ум, не се постоветувај со реакциите на телото поради лошите навики стекнати од имањето лажни потреби. Тоа е врв на концентрација, прави го она што е твоја волја, а не она што потсвесно ти сугерира и те индоктринира владеачкиот морал, преку јавните медиуми и мнозинството. Значи со пример,
моја волја не е да пушам
моја волја не е да ја ширам мислата кон минатото и иднината...
моја волја е да работам на себе
да се концентрирам на сегашноста од миг до миг само напред кон сегашноста која е секогаш наш феномен.
Она што го правиме потсесно и без свесност тоа не е наша волја туку тоа е стихија навлезена во нашата свест.
 
^ Ваквото толкување го читам прв пат ама сигурен сум дека почитувачите на Кроули не го толкуваат вака неговиот “закон“.
Исто така, не сум сигурен дека ја дефинираше волјата на најдобар начин. Или пак јас нешто пропуштив. :toe: Ај препрочитај и види дали примерите и последната реченица ти соодветствуваат?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom