Па Џони, Јас најдемократски ги оставив и обете опции отворени, секој може да ја свати проблематиката на оној начин кој што најмногу му одговара и да ја примени онаа философија што најдобро функционира во неговиот живот. Се разбира тоа го сторив на доволно
културен начин без да наметнувам ставови и напаѓам некого дека е шизофреник и/или биполарен [она што го велиш „подвоена“] карактер/личност. [Дали знаеш воопшто медицински што тие два поими всушност значат?]
Така што би ценел доколку се воздржиш од судење и оценување на личности, Јас не ти судам, со тоа и ти немаш право да ми судиш на мене.
Ако некој не може да види/осознае/разбере нешто од повеќе аспекти, не значи дека тоа не постои, и дека сите што размислиле малку повеќе на таа тема и имаат поинакво мислење се болни или слично.
Раздели го универзумот, раздели го просторот, раздели го времето, раздели ги сите димензии, раздели го човекот од природата и околината, раздели ја психата, раздели ја свеста раздели ја потсвеста и остави ги сами да функционираат. Можеш?
Јас не можам и не познавам некој што може. Чак Норис можеби.

Вистината е таква каква што е, и за да се прифати и да се живее со неа треба храброст, ако се има вистинска храброст ќе се има и толеранција.
Сепак историски факт е дека човекот секогаш не толерирал, бегал, го напаѓал, се плашел, осудувал и горел на клада непознатото, различното, новото, се она што на видум му изгледало како темнина.
Таков е и овој случај со причинско-последичниот синџир. Доколку уште ме сметаш за шизофреничар појди и прашај било кој од илјадниците научници кои што работат на CERN или пак математичари во светски институти.
Прашај за алгоритамски начин на размислување исто така, овие работи не се од вчера измислени и не ми дојдоа на мене на сон или во халуцинација или слично.