Не и робуваме на волјата, ние ја канализираме и насочуваме. Од нас зависи нејзиниот интензитет. Некои денови имаме поголема волја за нешто, некои едвај имаме волја за живот.
Или колку пати во животот сме направиле нешто против своја волја? Сме биле волни да не го направиме тоа нешто, ама ете од X причини сме го направиле. Значи сме ја потиснале сопствената волја, сме оделе против неа, што значи сме ја контролирале. Ако таа управува со нас, требало да биде доволно силна и да не спречи.
Токму болдираното значи дека волјата е онаа која раководи со нас, а не ние со неа. Затоа беше и темата со детерминизмот, дека силинита на посакувањето на нештата е она кое не движи, и дали ќе се чувтвуваш способна да направиш нешто е резултат на неа која ќе те продвижи тебе, not the other way.
Ankica напиша:
Најголем непријател на нашата волја е умот ,колку пати имаме огромна волја нешто да направиме ,а умот ќе изнајде илјада начини да не спречи во тоа .Да не зборувам и за ленивоста и таа многу често помогната од умот, ја уништува нашата волја.
Но, зар волјата не е токму тоа... поттикнувач и отстранувач на ленивоста, волјата дирекно се вмешува во умот и му дава задачи како да работи, волјата е потсвеста.
Навистина, тука доаѓа прашањето, кое е попрво јајцето или кокошката, па дали волјата попрво му диктира на умот за тој да ги посакува нештата, или она кое толку силно го посакуваме преку умот и диктира на волјата да не движи или не.
Затоа и ја отворив онаа тема за детерминизмот, кој вели дека се е одредено, и ако нешто не посакуваме доволно силно, тоа не е дека ние не сме се потрудиле, туку дека не ни било предодредено. Бидејќи, и онака работите кои силно ги посакуваме, имаме чувство како и покрај сите препреки и воздржувања сеуште го чувствуваме како потребно за нас, и на крајот и го добиваме, бидејќи е дел од тој универзален принцип. Од друга страна, работите кои не премногу ги посакуваме, и нема да ги оствариме, то ест ќе речеме дека волјата не ни била доволно голема. Но резултатот е исклучиво од тој некој неопислив, метафизички и неразбирлив момент.