Странски зборови во македонскиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Локација
Охрид
Веб-сајт
kladilnica.forumup.com
На оваа тема би сакал да пишуваме за странски зборови кои се користат во нашиот јазик.Еве јас ќе почнам.

Манџа(ита.mangiare=јаде)
Визита(ита.visitare=посетува)
Шмек(гер.Schmeck=вкус)
Зицер(гер.Sicher=сигурно)
Полтрон(ита.Poltrone=фотелја)
 
Па јас не би рекла дека тоа се странски зборови. Македонски се, прифатени се во нашиот јазик, само корените може им се од друг јазик. Италијанците не викаат дека зборовите им се странски(латински) а ни Англичаните не викаат дека имаат странски зборови (иако 80% доаѓаат од француски а останатото се скандинавски зборови). Ако ги сметаме за странски, тогаш немаме наши зборови и не постои македонски јазик:)
Е сеа корените на зборовите каде се, друг муабет. Влијанијата меѓу јазиците се неизбежни, затоа не можеме зборовите да ги класифицираме како странски и домашни.
Јас еве би набројала неколку работи во нашиот јазик што се од несловенско потекло:
ѓезве, ќумбе, ајде (турски); префикси како мулти, хомо, моно (латински и грчки) итн:smir:
 
Да.Македонски зборови со странски корени е поточна дефиниција.:wink:
 
Дефиниција, афирмација, дестинација, зборови со потекло од латинските јазици. Со овие "позајмени" зборови, т.е. неологизми во нашиот јазик се настојува што повеќе да се оддалечиме од сличните на нашиот јазик, бугарскиот и српскиот.
 
Ако гледаме така повеќето македонски зборови водат потекло од старословенскиот јазик.

Ќе го земам за пример само зборот ЗБОГУМ, кој на старословенски бил СЬ БОГОМ', што значи СО БОГ (оди си со Бог, со помошта на Бог), а подоцна со низа промени ја добил денешната форма.
 
Па старословенскиот е македонски јазик.Јас повеќе мислам на зборови од други земји.Исто така нема врска споредбата италјански и латински пошто е исто како во случајот со мак. и старословенскиот.:toe:

Фризер(фра.friseur)
 
Па старословенскиот е македонски јазик.Јас повеќе мислам на зборови од други земји.Исто така нема врска споредбата италјански и латински пошто е исто како во случајот со мак. и старословенскиот.:toe:

Фризер(фра.friseur)

Старословенскиот не е македонски јазик, старословенскиот како и сите словенски јазици (македонски, српски, бугарски итн.) води потекло од прасловенскиот јазик.

Инаку сфатив за какви примери мислиш. Ги има безброј...

Еве неколку:

евентуално (латински eventuale)
абдал (турски abdal)
абдомен (латински abdomen)
навигација (латински navigatio)
назален (латински nasalis)
пакет (француски paquet)
фазан (грчки phasianos)
факел (германски fackel)
 
Старословенскиот не е македонски јазик, старословенскиот како и сите словенски јазици (македонски, српски, бугарски итн.) води потекло од прасловенскиот јазик.

Инаку сфатив за какви примери мислиш. Ги има безброј...

Старословенскиот или старомакедонскиот јазик е јазик кој што го зборувале македонските Словени од околината на Солун. Овој јазик се базирал на македонскиот јазик. Денешните словенски јазици се изведени од овој заеднички јазик.
 
Па, не... форум во древна Атина означува нешто повеќе од обичен плоштад, или по нашки сред село. Во нашиот јазик не постои домашен збор кој го означува истото па затоа и се сложуваме да го викаме тоа форум, бидејќи латинскиот е претворен и онака во светски јазик и сите го користат како база многу често. Како што некој спомна погоре, некои јазици се речиси комплетно темелени на латинизми, па би рекол, ништо страшно форум да си е форум.
 
Плац(гер.Platz=место)
Ганц(гер.Ganz-целосно)

Парламент(ита.Parlamento,Parla-зборувам,Mento-лажам).:toe:
 
Старословенскиот не е македонски јазик, старословенскиот како и сите словенски јазици (македонски, српски, бугарски итн.) води потекло од прасловенскиот јазик.

Ехх бе резил. :nenene:,убо ти пиша Македон.

инаку странски зборој:

оти - грчки
ела - грчки
влада - српски
корист - српски
постои - српски
сполаи ти - грчки
даскал - мислам дека е грчки, ако грешам нека ме попрај некој.
штрафцигер - германски
ќирија - грчки
многу црковни чинови - грчки
панихида,парастос,литургија - грчки

ќе припишам ко ќе ми текнат уште
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom