Коце Трајановски ќе ја враќа коцката на плоштад

Одлично ја сконта суштината *аплаузи*

Ја пренесувам што професионалци, кадарни и квалификувани да носат проценки велат.
Вашиве муабети се за пред зграда и за со сељакон Велија.

Село-весело

Јас немам слушнато и видено ,,професионалец, кадарен и квалификуван да врши проценки'' да има излезено со став дека во време на економска криза треба да трошат пари за да се враќаат некои непотребни коцки, да никнуваат шмизли и бикови кои многу му значат на естетски план на преку 40% невработен народ.
Вашиве муабети се за во партиски штаб или на митинг.
 
Џабе се пуцате.Ако има пари ќе ги врати коцките,ако нема ќе сонуваме само.Тргнувајќи од тоа дека скоро се направи обиколницата,незнам колку пари останаа во касата.Ама верувам дека Коце нема да оди по паметот на „просветителот македонски“ и да не просветли со некој заем со висока камата за работа која не е итна.
Јас првенство би дала на функционалност одколку естетика,затоа треба прво да решат сообраќај,а што ќе остане нека се вложи во декорација.Или нека кажат колку пари има за секоја ставка,па ние да им ги распределиме :))
 
Јас немам слушнато и видено ,,професионалец, кадарен и квалификуван да врши проценки'' да има излезено со став дека во време на економска криза треба да трошат пари за да се враќаат некои непотребни коцки, да никнуваат шмизли и бикови кои многу му значат на естетски план на преку 40% невработен народ.
Вашиве муабети се за во партиски штаб или на митинг.
O, да, сеа све кажа.Објективно

Слушај вака...Како некој што студира уметност и како некој што имал прилика да разговара со луѓе кадарни за такви муабети, а не со малициозна и неписмена раја, знам зошто прво, естетски беше НАЈГОЛЕМА можна утка вадењето на коцките, а и во однос на финансии фијаско исто така затоа што, ќе повторам по 10-ти пат, плочите више 3-та година све поише се распаѓаат и за 10 години нишо од нив нема да остане. (у старт беше купен неквалитетен материјал на тендерот)

Патем, не гледам да се буните пензионери на бања шо ќе праќа (шо е најлејм маркетиншки чекор на дпмне), али ова ви смета, пошо и вие сте си ко Велија.
 
Сеа и сум и не сум за ставање на коцки зашо ме нервираат и чоек некогаш може да се сопне на нив и шо ако во Париз било со коцки...
 
Или нека кажат колку пари има за секоја ставка,па ние да им ги распределиме :))

Аа не, за тоа си има платени ''професионалци, кадарни лица кои вршат проценки" :)

O, да, сеа све кажа.Објективно

Слушај вака...Како некој што студира уметност и како некој што имал прилика да разговара со луѓе кадарни за такви муабети, а не со малициозна и неписмена раја, знам зошто прво, естетски беше НАЈГОЛЕМА можна утка вадењето на коцките, а и во однос на финансии фијаско исто така затоа што, ќе повторам по 10-ти пат, плочите више 3-та година све поише се распаѓаат и за 10 години нишо од нив нема да остане. (и беше купен неквалитетен материјал на тендерот)

Знам дека кажав објективно :pipi:

Читај вака, ако ти си зборувала со малициозна и неписмена раја тоа е твој проблем, партиски.:)
Пак бегаш од тема на разговор и упорно се трудиш да навредиш некој узпат. Целиот муабет ми беше дека сега не е време за естетски да му се удоволи на нашиов народ, а ако студираш уметност,(така те сфатив) ти не студираш економија и не си компетентна да утврдиш дали тоа е исплатливо да се врши токму сега, во време кога државата се наоѓа во центарот на економската криза.
Пак ќе повторам (во случај пак погрешно да ме сфатиш), секој, вклучувајќи ме и мене сака главниот град да личи на некоја од западниве метрополи, но јас лично сметам дека сега не е време за такви ,,естетски'' размислувања.

А како што кажа Леандра, се сложувам, доколку им се трошат пари нека ги потрошат на нешто функционално.
 
Да ти се намочам и у држава и во систем и во се. !!!! Ова не е држава бе...Мајтапење живо... Немал петко друга работа па у темница овци стрижел...Сите камени плочки по вилите и викендиците ќе си ги однесат, а парите што ''ТРЕБА'' да се потрошат да се врати тоа скапаната коцка ќе отидат у џебот на некој од тие скотови ! Море треба да му ја оствариме на Пиколини замислата...:nerv:
 
Море човекот добил инспирација од Париз немој да му се мешате сега во креативна имагинација. Инаку се подсетив на една случка со инспирација малку е надвор од темата ама ај. Имаше еден човек од селава наши заминал за Скопје да студира ликовна уметност и човекот го завршил факултетот најдобро што можи пофални зборови итн. Кога дипломирал и се вратил дома добил инспирација да слика сено во пламен, па ги подпалил тоа копите со сено татко му со години што ги збирал. Кога се вивнал пламен до небо, а тој седнал и почнал да ги слика, настанал општ хаос цело село се собрало да го гаси пожарот :icon_lol:. Така да инспирацијата понекогаш може да биде опасна работа :icon_lol:.
 
А дали некој воопшто може да ги изброи најглупавите-економски неиздржани проекти и погрешни чекори (економски) на светава влада?

„Патем, не гледам да се буните пензионери на бања шо ќе праќа (шо е најлејм маркетиншки чекор на дпмне)“
Незнам кој паметен би коментирал ваков потег,запрепастени сме од најавата за бански туризам на владата:))Излишен е секој збор,тоа само во кампањи може да се споменува како остварен проект :pos2:.Ако не го слушнам во следните избори ја сечам главава :)))
 
Читај вака, ако ти си зборувала со малициозна и неписмена раја тоа е твој проблем, партиски.:)
Пак бегаш од тема на разговор и упорно се трудиш да навредиш некој узпат. Целиот муабет ми беше дека сега не е време за естетски да му се удоволи на нашиов народ, а ако студираш уметност,(така те сфатив) ти не студираш економија и не си компетентна да утврдиш дали тоа е исплатливо да се врши токму сега, во време кога државата се наоѓа во центарот на економската криза.
Пак ќе повторам (во случај пак погрешно да ме сфатиш), секој, вклучувајќи ме и мене сака главниот град да личи на некоја од западниве метрополи, но јас лично сметам дека сега не е време за такви ,,естетски'' размислувања.

А како што кажа Леандра, се сложувам, доколку им се трошат пари нека ги потрошат на нешто функционално.
Прво ПРЕКИНИ да инсинуираш за било каква партиска поврзаност.

Второ, мрчите и се потсмевате на нешто што е апсолутно естетски оправдано. (и тука ви се гледа малициозноста)

Трето, ако има пари у буџет метузалеми на бањкање да се праќаат, има и за нешто што е од општа важност.
 
Ќе прекинам кога ти ќе ја смениш реториката тука.

Ти мрчиш за нешто што е апсолутно економски неоправдано (и тука ти се гледа малициозноста).
Од општа важност? Јас не гледам распаднат плоштад, плоштад кој бара итна реконструкција поради огромните дупки и кал.
 
Па сега ако добил инспирација од Париз да не му истекне и Ајфелова кула да прави? Или можеби сега дома ја црта Мона Лиза?
Блазе нам со вакви политичари!
 
Јас уште чекам на Исус една статуа на Водно да стави. Незнам зошто уште чека. :uvo:
 
Коцката на плоштад по споменикот на Александар

Сашка Цветковска Коментари (0)
prazno.gif
prazno.gif
13.12.2009 15:35
koce-trajanovski4.jpg
Коце Трајановски
Ќе се враќа коцката на плоштадот, но предност ќе има Александар Македонски. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски вели дека прво ќе се местела фонтаната и споменикот на Александар, а дури потоа калдрмата на плоштадот.
„Плоштадот и така и така ќе се раскопува, значи враќањето на коцката нема да биде веднаш туку откако ќе завршат сите предвидени работи на плоштадот, како што е фонтаната, споменикот“, изјави Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.
Иако не сакаше да каже кога ќе се мести споменикот, најави дека за коцката малку ќе се почека. Можеби и две години. Но сепак, од идејата не се откажувал.
На оваа замисла на градоначалникот реагираа граѓаните кои иако со симпатии зборуваа за некогашниот изглед на плоштадот, во голем дел сметаат дека не е време за нови трошоци.
Не остана должна ниту опозицијата.
„Во предизборната кампања имаше една идеја со часовникот на Старата железничка станица којшто требаше да пее по една народна песна на секој саат, така што со секоја наредна идеја на Владата на Груевски и на градоначалникот на Скопје, се понови и понови бисери ќе ни понудуваат“, вели Томе Чинговски, СДСМ.
Градоначалникот Трајановски идејата за враќање на коцката ја добил шетајќи по европските метрополи. Конкретна инспирација му бил Париз.
Коцката на скопскиот плоштад во 2003 ја извади тогашниот градоначалник Ристо Пенов и ја замени со гранитни плочи поради тоа што била оштетена, но и тешка за одржување.
Потфатот на Пенов чинеше околу три милиони евра. Трајановски допрва ќе ја разработува идејата, но тврди дека немало да чини многу зашто ќе ја ставал старата коцка.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117443
 
Нека си ја проба среќата зошто да не, бар јас така мислам кој сака нека почитува кој не нека си чини чаре.:toe:
 
„Плоштадот и така и така ќе се раскопува, значи враќањето на коцката нема да биде веднаш туку откако ќе завршат сите предвидени работи на плоштадот, како што е фонтаната, споменикот“, изјави Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.
Иако не сакаше да каже кога ќе се мести споменикот, најави дека за коцката малку ќе се почека. Можеби и две години. Но сепак, од идејата не се откажувал.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117443

Чим ќе го копаат за да го сместат Ацета,нека ги наместат и коцките,на еден трошк.А ако не дај боже му се случи,да наместат се и потоа по трет пат да раскопуваат,нека си имаат во план и пирамида каде ќе се погребаат.
Нека го наместат еднаш споменикот кој ни исцица илјадници евра и куртул више од споменици,а парите кои ги испраа со вакви популистички акции за проста раја...само за венци.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom