Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јас обожавам сувенири, а разгледници воопшто не сакам. Иако ми пратиле 2 пати разгледница у животов и се радував како мало дете. Во ред и јас да живеам во странство и да пратам на мои пријатели разгледници, ама вака јас сама да си купам и или да ги чувам во некоја фиока или на рака да им ги дадам на пријатели... не ми иде.
Така да сувенири си купувам и ептен си се орасположувам и си ги враќам сеќавањата од патувањето кога ќе ги погледам. Маска од Вениција, налани од Холандија, привезоци од Париз итн. Ептен си ги сакам.
Убаво си пишува во воведниот пост сувенири и разгледници или пак купувате гардароба, која нималку не е сувенир. Освен ако не станува збор за гардароба со принтови од градови, држави или знаменитости.
И јас сакам да си имам убав шопинг, квалитетно и сепак поефтино од Македонија е, aма гардаробата не ги дава тие спомени како што ги даваат сувенирите. Плус кога тогаш гардаробата ќе се скине, омали ... а сувенирите се вечни. Добро, освен ако нешто не скршиш![]()
Колку при вашите патувања сакате да купувате сувенири и разгледници од местата кои ги посетувате???
Дали сакате на овој начин да се сеќавате на градовите и државите кои сте ги посетиле?
Може тоа и да се сувенири и разгледници и од Македонија, од нашите градови и знаменитости, не мора да е само од други држави.
Повеќе сакате сувенири или пак купувате повеќе разгледници?
Собирањето разгледници е и доста популарно хоби, можеби и некој од вас има колекции со разгледници.
Или воопшто не сакате при вашите патувања да трошите пари на вакви работи и да купувате сувенири и повеќе сакате да си купите пример гардароба или нешто што вас ви се допаѓа, а што не е поврзано со местата кои ги посетувате.
Исто и јас.Не бе, не купувам јас типични сувенири никогаш.
Океј, магнети ми се опсесија. Имам три фрижидери да наполнам.
Од местата каде што одам чувам многу ситници. Карти од автобуси,авиони или шо и да е, ситни пари, влезници од музеи, изложби, ноќни клубови, туристики тури, фискални сметки...ќесички, хартии,