Знам дека има на форумов правници што студираат постдипломски на приватен факултет и такви што студираат на државен. Цената не е многу различна, па ако може да поразговараме за квалитетот на студиите и вредноста на дипломата со која се стекнуваме.
Како што стојат работите јас не гледам причина зошто би останал на државен.
Пo 2000 евра година е, а 3000 евра е за оние по стара програма каде има 3 семестри. За мастер студии по новата програма 2 години се. Имаш 4 семестри. Првите два семестри се специјализација и потоа се брани специјалистички труд и си специјалист по правото. Можеш и тука да престанеш и да не ја земеш 5тата, со 4тата година имаш право да стажираш.
5тата година се магистерските студии, моментално сум на нив.
Јас сум деловно право и сум прилично задоволна. Има и правосудство и дипломатија. По стара програма има и Европско право. Јас во глобала сум задоволна од студиите, зашто имам услови и ептен коректен однос со професорите. Дека е прелесно нека не те залажуваат.
Се полага на колоквиуми, на 2 пати. Секој предмет речиси си има и семинарска или поголем проект. Не убија со проекти овие 2 години

Уште 500 евра додај на трошоци за книги, колоквиуми, специјалистички, магистерски труд.
И ако се плашиш она дека ќе немаш работа, насмеј се само. Повеќето од постидпломски студии колегите што се стажираат, практиканти се, или работат во администрација или приватни фирми :smir:
Заборавив да пишам за фон зборам
