Како ќе се соочат „терористите на ОНА“ и „бандите на МВР и АРМ“

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
Како ќе се соочат „терористите на ОНА“ и „бандите на МВР и АРМ“

Сé уште нема научна дефиниција и одговор што ни се случи во 2001 година - агресија на терористи од Косово или борба за човекови права. Осум години потоа Институтот отворено општество се обидува да организира соочување на сосема различните гледишта

nas[9].jpg


Се напишаа многу книги, се изнесоа разни гледишта и ставови за конфликтот во 2001 година, сé уште се водат дебати и расправи дури и во Собранието, но се добива впечаток дека вистината за случувањата секогаш ќе остане спротивставена, во зависност од страната што ја застапува. Македонците имаат своја верзија за настаните, а Албанците имаат сосема друга вистина. За првите конфликтот беше акт на агресија и загрозување на суверенитетот на државата, а за вторите претставува „историска борба за слобода и за човекови права“. Оттука и по осум години од кобната 2001 година со право се наметнуваат повеќе прашања, без чии одговори Македонија тешко дека ќе може да раскрсти со минатото, и цврсто и одлучно да се придвижи кон евроинтеграциите. Чувството на национална припадност на сите граѓани во една држава е гаранција за нејзина внатрешна стабилност и можност за просперитет.

Можеме да се залажуваме колку што сакаме, но Македонија се уште и тоа како поделена врз принципот на изразено етничко нетрпение меѓу Македонците и Албанците. Се додека Албанија, а пред се Косово, е главниот интерес на Албанците во Македонија, тешко дека може да се очекува заеднички напредок. Сé додека албанскиот политички блок, и по потпишување на рамковниот договор и промената на Уставот, продолжува со тезата дека Албанците се обесправени, Македонија не може да смета на напредок.

Овие тези се провлекуваат и низ многуте научни трудови објавени за конфликтот од 2001 година, а во многу книги провејува и говор на омраза и етничко нетрпеливост. Голем дел од тие трудови се објавени минатата година, но терминологијата што се користи е иста како од 2001 година. Македонците се нарекуваат славомакедонци, а Македонија се означува како ПЈРМ, Дарданија и Илирида. ОНА е војска за слобода, а МВР и АРМ се паравоени банди.

Вечната дилема: агресија од Косово или борба за Човекови права?


Што и се случи на Македонија во 2001 година? Војна или оружен конфликт? Агресија од Косово или борба за човекови права? Кој го нападна суверенитетот на Македонија - терористи или борци за човекови права? Војници на ОНА или парамилитарци? Дали етничката криза е минато или се уште тлее, ќе тлее и допрва ќе се распламтува? Подготвени ли се Албанците и Македонците да живеат во една и заедничка држава или ќе се соочуваме со нови барања, конфликти и поделби? Дали Голема Албанија е минато или допрва ќе станува реалност?

Ова е само дел од прашањата чии одговори може да се насетат од содржините на книгите и трудовите што се посветени на настаните од 2001 година, а чии автори во најголем дел се лица што директно или индиректно учествувале во конфликтот.

Ова претставува главно прашање во речиси сите книги, трудови и научни гледишта публикувани од конфликтот во 2001 година до денеска.

Во своето дело „Војната во Македонија во 2001 година“, авторите Митре Арсовски и Ристо Дамјановски, генерали во пензија, и капетанот Стојан Кузев, експлицитно преку наведување на факти и цитирање одредби од меѓународното право, тврдат дека на Македонија и се случи класична војна преку агресија од тогаш српската покраина Косово. За нив нема дилема - во 2001 година немаше воен конфликт, туку вистинска војна за која домашните политичари и меѓународни претставници намерно ги камуфлираа вистинските случувања.

Во овој труд авторите наведуваат дека Македонија во 2001 година доживеа агресија од Косово, војна што предизвика катастрофални последици врз нејзиниот развој како унитарна и демократска држава. За нив агресијата врз Македонија била придружена со „испраќање на вооружени банди, групи, нерегуларни сили и платеници кои извршиле вооружена сила врз државата“. Авторите посочуваат дека една од причините за војната во 2001 година била и идејата за Голема Албанија, поддржана од албанската држава. ОНА, гордоста на Албанците во земјава, е окарактеризирана како „приватна војска составена од терористи, платеници и единици за заштита на нелегална трговија и шверц, како и од самостојни команданти кои војувале за лични интереси“.

На крајот од своето дело, авторите повикуваат на национално помирување. За нив војната е минато и историја. Но, го поставуваат прашањето - што понатаму? Прашуваат дали по случувањата во 2001 година сите ја научивме лекцијата или ќе продолжиме по старо со планирани одмазди едни против други? Тие повикуваат на заедничко почитување на новонастаната состојба по 2001 година и лојален однос кон сопствената држава на сите граѓани. Со единствен заклучок дека само така Македонија ќе ја оствари целта што побрзо да се интегрира во НАТО и во ЕУ.

Оваа книга, пак, предизвика провокација кај Г’зим Острени, поранешниот шеф на главниот штаб на ОНА, да напише критички осврт за истото дело. Острени во својата критика наведува дека на Македонија не и се случила агресија од Косово, туку внатрешен оружен судир. Тој ги навредува авторите дека имале „конзервативен интелект што се базирал на воено образование“. Острени во освртот е навреден од констатацијата на авторите дека книгата и ја посветуваат на „Македонија како држава на македонскиот народ и сите лојални граѓани“ наместо и на граѓаните што се дел од албанскиот народ и сите други народи. За Острени, „албанскиот народ преку ОНА успеал да предизвика демократски промени во државата“. Според него, ставовите и заклучоците во книгата биле еднострани и паушални и се базирале врз бирократски извештаи кои имале цел да ја прикријат неспособноста на македонските безбедносни сили. Острени во својата критика тврди дека ОНА била армија и дека не се точни наводите оти била составена од платеници од Косово, туку од граѓани на Македонија.

transporter.jpg


Острени како поранешен член на ОНА во Македонија доби најдемократска можност да биде дел од власта по изборите во 2002 година, кога неговата војска се трансформираше во партија. Но, сепак, Острени заклучува: албанскиот народ и сега и во иднина, секогаш кога е во опасност ќе реагира како едно тело - некој дава материјални средства, некој пот, а некој дава крв! Ова „во иднина“ посебно остава простор за загриженост. И порака меѓу редови како во иднина би можело да се остварува секое барање на Албанците или неостварено право што не може да се реализира преку демократските институции.


Ќе продолжи борбата...


Посебно е интересна книгата на Вазли Велиу со наслов „ОНА од битка во битка“. Книга во која Велиу, државјанин на Македонија и поранешен пратеник во Собранието по конфликтот во 2001, е претставен како „еден од најистакнатите херои на албанскиот патриотизам и како водач на Националното движење на Косово“. Тој е претставен како личност што дала голем придонес за косовскиот народ и за сите други албански територии окупирани од Јужните Словени, меѓу кои се вбројува и Македонија.

Книгата на Велиу изобилува со говор на омраза. Тој наведува дека Албанците по конфликтот во 2001 се разоружиле материјално, но никако не и духовно и херојски. Велиу својата родна Македонија во книгата ја именува како Поранешна Југословенска Република Македонија, а границата меѓу Косово и Македонија ја нарекува „граница меѓу Косово и албански краишта во Македонија“.

Во „ОНА од битка во битка“ Велиу цитира делови од дневникот што го водел во текот на 2001 година, како на пример „Македонија ги брои загубите“, „во фашистичкиот затвор во Идризово скапуваат албанските синови“, а посебно интересни се неговите наводи што во целост ја негираат критиката на Острени дека ОНА била составена од македонски граѓани. Велиу тука вели: „Косовската земја е нашиот штит“. Понатаму низ книгата се претставени низа фотографии од борци на ОНА од Косово, а низ целиот негов дневник тој ги споменува „браќата херои и соработници од Косово“. За Велиу конфликтот од 2001 година е борба за победа на Албанците и тој наведува дека ОНА славела врз славомакедонските паравоени банди. За него тогашниот претседател Борис Трајковски е претседател во наводници. Македонија ја нарекува илирско-дарданска почва, а македонските судови ги нарекува варварски. Во делот во кој зборува за периодот по воениот конфликт, Велиу наведува дека ОНА и во иднина ќе биде пречка за сите лоши работи што може да му се случат на албанскиот народ. Тој вели: Борбата мора да продолжи оти ние остваривме само 20 отсто од слободата!
Тој во книгата се залага да бидат обесштетени не само македонските државјани што се бореле во редовите на ОНА, туку и Косовците.

- Многумина од нив се вратија на Косово. Ни помогнаа, а сега се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Мора да им помогнеме - пишува Велиу.

Книгата на Велиу е објавена минатата година, но главната порака што може да се извлече е дека борбата на Албанците мора да продолжи сé додека не се постигне сеалбанско обединување на сите територии каде што живеат Албанците.

Може само да нагаѓаме што ќе се случи доколку Велиу одлучи дека треба да се реализираат и другите 80 отсто од слободата на Албанците во Македонија.

Руфи Османи, Петрит Менај и Маир Исени во своето дело „Избор текстови за конфликтот во 2001 година пишуваат: „Насилството и дискриминацијата ги натераа Албанците да се кренат на востание и да се самоорганизираат во ОНА“, „Македонските терористички ескадрони на смртта почнаа да киднапираат и да убиваат Албанци“... Ниту еден од авторите никаде не ги споменуваат 12-те киднапирани Македонци од Тетовско чии тела беа пронајдени во масовни гробници во Непроштено.

Вистината сама по себе тешко дека ќе може да се разоткрие. Уште потешко дека тоа ќе го сторат оние што се најповикани за случувањата во 2001 година бидејќи тие се уште живеат со минатото, со говорот на омразата, славење на победата, поделба на победници и губитници и најави дека борбата ќе продолжи некогаш во иднина. За десет дена Институтот отворено општество го прави првиот посериозен обид за едно такво соочување што треба да резултира со демитологизацијата на случувањата во 2001 година.

Очи во очи генералите на АРМ и МВР и поранешните од ОНА

Големо соочување помеѓу учесниците во оружениот конфликт од 2001 година ќе се случи на 15 и 16 декември, како дебата за демитологизација на 2001 година. Трибината е организирана со цел да се вкрстеле погледите на двете страни што учествуваа во конфликтот, македонската и албанската, а на соочувањето освен поранешни припадници на ОНА и на македонските безбедносни служби ќе учествуваат уште и новинари, професори и политичари што посредно биле поврзани со настаните од 2001 година.

- И за времетраењето на воениот конфликт и по неговото завршување, а и денеска, постојат повеќе верзии и вистини за причините, актерите и за последиците на конфликтот. Тие не се само етнички, туку се и партиски обоени. Фактите се скриени или искривени, зависно од политичките и од финансиските профити што беа спечалени, што се печалат и ќе се печалат на митологиите за 2001 година. Неоспорно е дека најголема жртва е вистината и затоа е потребно едно такво соочување - објаснуваат во институтот Отворено општество.

На јавната дебата ќе бидат презентирани различни факти и гледишта од 2001 година, ќе бидат соочени новинарски известувања и ставови на медиуми на македонски и на албански јазик, како и авторски трудови на Македонци и на Албанци и нивните различни гледишта за случувањата од кризната 2001 година.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12491010396&id=9&setIzdanie=21854
 
Кој сé ќе учествува на дводневната дебата?

На јавната дебата ќе се соочат имиња како Рафиз Алити или командант Масуси, Јован Андреевски, поранешен началник на ГШ на АРМ, Тодор Атанасовски, генерал на АРМ во пензија, Али Ахмети, поранешен лидер на ОНА, Ристо Дамјановски, генерал на резервните офицери на Македонија, Туши Захедин, генерал мајор на АРМ во пензија, Абедин Зимбери, командант на баталјон на ОНА, Горан Здравковски, поранешен командант на специјалните полициски сили, Љатиф Љатифи, поранешен командант на цивилната одбрана на село Ѓермо, Раим Лимани или командант Горанце Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Хајрула Мисими, командант на ОНА, Сокол Митровски, генерал на АРМ, Даут Реџепи- Лека, Горан Стојков, поранешен генерал во единицата „лавови“, Горан Софески, офицер за воено разузнавање, Томислав Ризевски, раководител на воено-разузнавачката служба на АРМ, Мирослав Стојановски, началник на Генералштабот на АРМ, Хисни Шаќири, член на главниот штаб на ОНА. Потоа на дводневното јавно соочување уште ќе учествуваат и поранешни и актуелни политичари како Љубчо Георгиевски, македонски премиер за време на конфликтот, Љубе Бошковски, ексминистер за внатрешни работи, Владо Бучковски, поранешен министер за одбрана, Доста Димовска, поранешна министерка за внатрешни работи, Мендух Тачи, лидер на ДПА, Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ, и уште многу други. На трибината ќе учествуваат и десетина новинари од сите медиумски куќи во земјава што го покриваа и известуваа за воениот конфликт од 2001 година.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12491010396&id=9&setIzdanie=21854
 
Какви терористи на она? Тие не се способни сами гз да си избришат :) ќе спроведувале терористички акции. Ние бевме нападнати директно од нато и пред се америка која ги обучуваше и финансираше, а бога ми и координираше т.н. терористи.
 
Oвој проблем НИКОГАШ нема да се реши, бидејќи странските дипломати, држави и институции со подршка на некои наши проевропски "пацифисти" СЕКОГАШ ќе настојуваат дека ова пред се бил внатрешен ПРОБЛЕМ на Македонија (ни војна, ни конфликт, НИШТО).

Cо тек на време, се разбира ако голем број Македонски политичари,"интелектуалци и академци" го избегнуваат изразот конфликт т.е. ако ИГНОРИРААТ дека во Македонија немало ВООРУЖЕНА БОРБА во вид на агресија од одредена држава со подршка на локалното етничко население, за неколку години ќе испадне дека НИЕ како ДРЖАВА и НАРОД навистина сме и вршале диктаторски и тоталитарен режим на тоа малцинство...врти сучи ТЕРОРИСТИТЕ ќе испаднат дека биле во ПРАВО. :tapp:

Само да напоменам како тие странски дипломати ја окарактеризуваа тогашната агресија на терористите:
Македонија мора да го одбрани својот суверинитет, дека тоа се криминални банди поврзани со организираниот криминал,потоа дека се терористи за на крај да испаднат и поголеми БОРЦИ за човекови ПРАВА од црнците во САД во 50/60-тите години од минатиот век, дека со такви агресори не треба да се преговара ............и накрај видовме до кај заврши Македонија и Македонскито народ. Испадна дека сме биле поголеми угнетувачи на малцинствата дури и од Северна Кореја. :tapp:

Овие статии можете да ги најдете во големите светски весници како Вашингтон Пост, Лондон Тајмс итн...со оглед на тоа што во последно време од нивните архиви овие изјави се повлекуваат за да не испадне на дека ЕВРОПА, а воедно и цел западен свет не ДУПЕЛ од почеток.
 
Во тоа време (2001 година) ми текнува на една изјава на еден странски дипломат кој рече:
- Ситуацијата во македонија може да го дестабилизира Косово... која патетика
 
Очи во очи генералите на АРМ и МВР и поранешните од ОНА
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12491010396&id=9&setIzdanie=21854
:pos2:

Кома!!Сега и пари ќе се прават, а после бранителиве цивкаат....... А нашава држава воопшто не треба ни да дозволи да се расправа за ова.. Само во Република Бонитас Банана се е можно; можно е и да се воскреснат мртвите.........
 
Човековите права ОНА ги спомна дури кон крајот на рчката кога странските дипломати се замешаа. На почеток не се знаеше зашто се тепаат, па дури и Албанските политичари од ПДП и ДПА беа затечени и збунети.

Али Ахмети мајсторски ги изманипулира сите и стана шеф и „политичар“ кога свати дека нема да биде (за сега барем) дозволено отцепување на дел од Македонија што јас верувам му беше цел. Ако грешам нека ме поправат.

Инаку од наша, Македонска страна војната е водеше многу аматерски и неодговорно. Побитно беше да се лапне провизија од купените авиони, хеликоптери и оружје одколку да се брани државата. Не зборам за војниците, полицајците и нивните старешини, туку за властите и мороните како Љубчо, Бучко, Љубе и Борис Трајковски (добар човек али за прецедател не го биваше од што беше малку мутав и наивен)
 
Човековите права ОНА ги спомна дури кон крајот на рчката кога странските дипломати се замешаа. На почеток не се знаеше зашто се тепаат, па дури и Албанските политичари од ПДП и ДПА беа затечени и збунети.

Али Ахмети мајсторски ги изманипулира сите и стана шеф и „политичар“ кога свати дека нема да биде (за сега барем) дозволено отцепување на дел од Македонија што јас верувам му беше цел. Ако грешам нека ме поправат.

Инаку од наша, Македонска страна војната е водеше многу аматерски и неодговорно. Побитно беше да се лапне провизија од купените авиони, хеликоптери и оружје одколку да се брани државата. Не зборам за војниците, полицајците и нивните старешини, туку за властите и мороните како Љубчо, Бучко, Љубе и Борис Трајковски (добар човек али за прецедател не го биваше од што беше малку мутав и наивен)
Da mu bese toa cel, ke se ostvarese. Ne radi nego, radi drugite, onie... onie drugite de...:) :toe:
 
На телевизија ке изгледа глупаво. Во реалност соочени се одамна.Денес и во МВР и во АРМ работат бивши припадници на т.н ОНА.

И? Ништо. Секој си го гледа лебот, сите се заебани од своите, сакале нејќеле мора да се трпат,алтернативата е летање од работа.
 
Во западната литература и наука најчесто се зборува за Конфликт кој од Косово е импортиран во Македонија, значи како последица од Косовскиот конфликт, од истите групации кој не беа доволно разоружувани и разрешени. Исто така најчесто се зборува за војна за територии или за федерализација на државата кој одпосле, кога стана јасно дека Западот не подржува такво нешто, се претвари во војна за права.

Има и една друга теза, дека конфликтот беше за политичка мојќ на некој албански структури кој се бореа за политичка власт. Ова поред мене е интересна теза со оглед на тоа, дека Македонската УЧК после стана политичка партија кој од тогаш најчесто беше на власт и убедливо има најголема подршка од сите Албански партии. Значи, војна за политичка мојќ и со тоа нормално и ресурси.
 
Човековите права ОНА ги спомна дури кон крајот на рчката кога странските дипломати се замешаа. На почеток не се знаеше зашто се тепаат, па дури и Албанските политичари од ПДП и ДПА беа затечени и збунети.

Али Ахмети мајсторски ги изманипулира сите и стана шеф и „политичар“ кога свати дека нема да биде (за сега барем) дозволено отцепување на дел од Македонија што јас верувам му беше цел. Ако грешам нека ме поправат.

Инаку од наша, Македонска страна војната е водеше многу аматерски и неодговорно. Побитно беше да се лапне провизија од купените авиони, хеликоптери и оружје одколку да се брани државата. Не зборам за војниците, полицајците и нивните старешини, туку за властите и мороните како Љубчо, Бучко, Љубе и Борис Трајковски (добар човек али за прецедател не го биваше од што беше малку мутав и наивен)


Се сложувам,но би додал,според методите кои ги користеше ОНА имаме тероризам.
 
Какви терористи на она? Тие не се способни сами гз да си избришат :) ќе спроведувале терористички акции. Ние бевме нападнати директно од нато и пред се америка која ги обучуваше и финансираше, а бога ми и координираше т.н. терористи.

Во право си, да не беше НАТО, никогаш ОНА или ова немаше да не нападнат!:vozbud:
 
Како ќе се соочат „терористите на ОНА“ и „бандите на МВР и АРМ“

Сé уште нема научна дефиниција и одговор што ни се случи во 2001 година

Што и се случи на Македонија во 2001 година? Војна или оружен конфликт?

каква научна дефиницја ?
единствено научно компетентни да дадат дефиниција во овој случај се ИСТОРИЧАРИТЕ.
а тоа ќе може да го кажат кога сите докумети ќе им бидат достапни , значи после 50 години .

но и сега нее спорно оти конфликтот од 2001 е веќе ПРАВНО ДЕФИНИРАН .
Според правното толкување јасно си пишува дека имало ГРАЃАНСКА ВОЈНА.
Ваквото толкување доаѓа од Охридската спогодба која нее ништо друго туку мировна спогодба и има статус на ПРАВЕН АКТ значи обврзувачки акт кој го признале и други странски држави .

Правните формулации кој се користени во ПРАВНИОТ АКТ од мировната спогодба позната како Охридски договор говори ( барем колку јас знам ) за ДВЕ ЗАВОЈУВАНИ СТРАНИ ( користи таква терминологија ) . Значи самата терминологија која е користена при составувањето на Охридскиот договор негира дека постоела држава Македонија , ниту држава Република Македонија .Некористи ниту терминологија од типот терористи , паравоени формации , екстремистички групи итн .

Значи имаме валиден Правен акт кој збори за ДВЕ ЗАВОЈУВАНИ СТРАНИ .
Немаме безусловна капитулација на некоја страна .Нема прогласено вонредна состојба .Единствениот осуден завоени злосторства во Хаг не бил униформирано лице туку обичен цивил - граѓанин .

Правниот акт = Охридски Договор всушност мировен договор меѓу ДВЕ ЗАВОЈУВАНИ СТРАНИ на географска територија Македонија СТАПИЛ НА СИЛА . Нели после парламентарните избори УСТАВОТ беше сменет па барањата на едната завојувана страна беа вметнати во уставот - пактично консезуална демократија а реално тоа е НОВ УСТАВ , и се случила основачка седница на парламентарци кој ја формирале НОВАТА ДРЖАВА со стариот назив РЕПУЛИКА МАКЕДОНИЈА .

итн итн

нема што научно да се дефинира !
се е дефинирано .

имаме чист случај на ГРАЃАНСКА ВОЈНА .!
 
Во западната литература и наука најчесто се зборува за Конфликт кој од Косово е импортиран во Македонија, значи како последица од Косовскиот конфликт, од истите групации кој не беа доволно разоружувани и разрешени.

Генерално гледано така е, со мала помош од НАТО.

имаме чист случај на ГРАЃАНСКА ВОЈНА .!

Граѓанска војна е сосема друго, ние бевме далеку од тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom