Луѓе без образ

B

Borg_Drone

Гостин
Затоа за да немате грижа на совест, секогаш ќе размислите два пати пред да направите нешто; ќе подразмислите убаво дали со вашата постапка можете да повредите некого, предадете некого и.т.н.Без генерализирање, сите луѓе не заслужуваат да бидат сместени на исто ниво со оние кои пред тебе се прават Дева Марија, а позади грб ти коваат завери.Зошто колку што знам, вие не ги познавате сите луѓе во државава што се и како се, па да пишувате на форумов и да генерализирате. Можеби некој член пример од форумов, во таа генерализација не заслужува да биде ставен. А ако вие сте направиле нешто слично (односно да направите некаква завера и.т.н.), па сега гледате некако „да си ги измиете гревовите“ со тоа што ќе ги ставите сите на исто рамниште на вас....Тогаш тоа покажува дека вие сте дел од тие луѓе без образ.
Инаку Македонка, и Гладиус си објаснаа убаво некои работи, секоја чест за коментарите во генерала тие се луѓе кои се искомплексирани, љубоморни и луѓе без душа.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893

На мене се однесуваше ова ?:pipi:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Јас никого не спомнав во мојот коментар, а ако ти се препозна во него тоа е веќе друга работа.:wink:
Многу паметен се праиш на место каде апсолутно нема потреба. Не е ова воено поле, разменуваме мислења а твоето според мене не е во ред. Као, го хејташ хејтот, deja vu е тоа на форумов. :wink:
DonJas напиша:
Според твоето гледиште, сите сме исти.
Не е така, луѓе сме, сме зезнале работа, ама не сме сите такви да тоа го правиме секојдневно, без нималку срам, ради банални причини.
Таквите луѓе, да не потенцирам сега примери, се 1 на 3ца, и се познаваат од километар, или бар јас ги познавам.
И тоа болдираното, малку нема логика. Ако не сум паметен, а сакам да бидам, ќе им завидувам на тие шо се, наместо да ми е сеедно.
А као не сме исти? Демек постојат светци, и тие се баш на форумов?
Денешното капиталистичко(иако нема врска со терминот, многу ми се допаѓа споредбата која асоцира на газење мртви тела да се дојде до својот мерак и задоволување на својот дебел гс) општество сосема опуштено ни дозволува да “забодуваме ножеви“ под изговорот “па и минатата влада истото го правеше“. Сите се монструми, некој помалку некој повеќе, што побрзо се соочите со фактот полесно ќе преминете на следното скалило. И не, вие не сте антагонисти во приказната, ниту сум јас. Стоки покварени сте, сите до еден, ама таков е денешниот свет. Генерализирам? Нормално, имам 98 процентно право да го правам тоа, бидејќи толку од случаите на фер и коректни луѓе ме изневериле, то ест не успеале да бидат тоа.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Не верувам во добрина искреност и чесност. Човекот е таков, додека не го добие она што го сака. "Образот" му е само маска :wink:
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Многу паметен се праиш на место каде апсолутно нема потреба. Не е ова воено поле, разменуваме мислења а твоето според мене не е во ред. Као, го хејташ хејтот, deja vu е тоа на форумов. :wink:

А као не сме исти? Демек постојат светци, и тие се баш на форумов?
Денешното капиталистичко(иако нема врска со терминот, многу ми се допаѓа споредбата која асоцира на газење мртви тела да се дојде до својот мерак и задоволување на својот дебел гс) општество сосема опуштено ни дозволува да “забодуваме ножеви“ под изговорот “па и минатата влада истото го правеше“. Сите се монструми, некој помалку некој повеќе, што побрзо се соочите со фактот полесно ќе преминете на следното скалило. И не, вие не сте антагонисти во приказната, ниту сум јас. Стоки покварени сте, сите до еден, ама таков е денешниот свет. Генерализирам? Нормално, имам 98 процентно право да го правам тоа, бидејќи толку од случаите на фер и коректни луѓе ме изневериле, то ест не успеале да бидат тоа.
Тоа зборам и јас. Тоа и всушност е разликата.

Секој ќе си изнајде причина банална или не е, причина е. Башка ако се познаваа од километар така лесно таквите, ондак логично не би имало кого да заебат нели ? :) Сите на дистанца ќе се држат од нив.

Мене многу ретко успеал некој така да ме заебе. :)
Еднаш ке те заебе, втор пат ако те заебе, ти си крива. :)
Fool me once, shame on you, fool me twice shame on me.
Убаво си кажува.

Општеството наше врие со такви луѓе, со толку примери од околу би требало да бидеш способна да процениш кој е палафко, а кој не.
Ама пак, се е индивидуално, до карактерот на човекот, праксата, способноста.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Не верувам во добрина искреност и чесност. Човекот е таков, додека не го добие она што го сака. "Образот" му е само маска :wink:
Има чесни и искрени луѓе. Тие удираат шамари.
 
bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Што ќе ти е образ во денешно време, кога имаш маски за секаква пригода.
Станав невообичаено рано за мене, си ја ставив насмеаната, задоволна, ранобудна маска и тргнав накај продавница по леб. Комшиите едвај можеа да поверуваат дека сум станат толку рано и беа видно разочарани дека тој ден не ќе можат да ме оговараат, да рашират низ цела улица дека сум се прибрал дома на сабајле.
Откако поручав почнав да се спремам за на факс, тој ден имав испит. Ја ставив глупата фаца на бубалица, залижана коса, наочарчиња, кошулче запетлано до крај. Се сопнав намерно пред влезната врата од амфитеатарот до која стоеше асистентот. Сигурно си помисли, овај е толку утепан, од толку што учи, дури не гледа кај оди. За време на целиот испит само јас не му бев сомнителен и само јас препишав.
Кога појдов дома, моите се спремаа за излегување и ми кажаа дека попот треба да дојде за да свети вода и да направи некои други обичаи за Велигден. Затоа што јас требаше да го пречекам, а јас нит верувам во религија, нит во некои такви рабојќе, ја ставив маската на верник. Кога дојде попот едвај издржав да не се изнасмеам кога слушав како чита од библијата со неговиот зарипнат глас. Ја благослови мојата маска, со која го бакнав крстот и истата таа маска му даде 200 ден. за таа услуга.
Наредно требаше да излезам со мојот најдобар другар на кафе, со две негови другарки. Едната му се допаѓа, а таа не оди никаде без таа втората. За да не е сам, мораше да прифатам и јас да одам. А, јас не можам ни да ги смислам тие двете. Ама, се за доброто на другите, нели. Лицемерна маска, здодевен еден час. Од што се смеев со сила цело време, мислам дека ќе добиев лик сличен на Џокер. А, отспротива седеше една девојка, која јас многу ја симпатишем, ама како да ставам шмекерска маска, а да не му заебам работа на мај бест френд?
Потоа требаше да пречекам многу важна пратка од еден дистрибутер кој доцнеше 4 денови!!! Само што го здогледав сакав да му го сменам личниот опис, ама јбг greatful mask. Уште на крај, фала за услугата му реков.

Видно изморен од денот полн со активности се прибрав дома, ја ставив маската за невидливост за да не ме замара повеќе никој и ја пуштив
Среќен човек, со оган во рацете и со полно маски. :)

Што ќе ви е лице, кога и онака лесно може да биде огрдено со лузна.

P.S. На чист образ и отскриен газ, секој плука.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Па тоа е тоа. Маската е таа што ја гледаат тие околу нас. Прашање е дали постои тоа вистинско лице, тоа е всушност адаптација предизвикана од реакцијата на проценетата ситуација и однесувањето кое треба да се "исценира".
Mаски или еден вид контролирана шизофренија.

А интересно е што тоа од нас и се очекува. Дотеран, насмеан, оптимиста, сите ги сакаш, роднините особено, го сакаш светот и останати баналности. Ретко некој што отворено ќе каже дека му скурчило, па како така, комшии ќе го зборат.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
P.S. На чист образ и отскриен газ, секој плука.
Нека плукаат бе, нека плукаат. Чистиот образ, чеснота, хуманоста и добрината се вредности за кои вреди да се истрпат и навреди и повредувања и разочарувања. Тие вредности го насочуваат човекот да се претвори во човек во вистинска смисла на зборот, барем според мене.

Чистиот образ е олицетворение на чистата душа!
 
bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Нека плукаат бе, нека плукаат. Чистиот образ, чеснота, хуманоста и добрината се вредности за кои вреди да се истрпат и навреди и повредувања и разочарувања. Тие вредности го насочуваат човекот да се претвори во човек во вистинска смисла на зборот, барем според мене.

Чистиот образ е олицетворение на чистата душа!
Тоа што сакав да го кажам, не беше дека не треба да имаме чист образ бидејќи секој што ќе стигне ќе проба да не оцрни, туку да се размисли малку зошто токму тие чесни луѓе се секогаш мета на навреди, озборувања и како истите се справуваат со тие работи. Обично таквите луѓе се емотивци, кои што имаат преголема доверба во останатите и отсуство на чувство за сомнеж во истите. Често можат лесно да бидат изманипулирани, изиграни, исмеани, неприфатени од околината. Дома се повлекуваат тажни, поразени, нерезбирајќи ги причините за потреба на толку многу маски од сите останати.

Ама барем, мислам дека мирно спијат, со тек на време ќе научат колку да се отвараат и на кого да веруваат. Имаат чиста душа, колку почиста, толку поудобно ќе и биде во нивните тела.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
Bi sakal avtorot na temata,a i ostanatite,da mi objasnite sto pojmuvate pod zborot obraz?
Mozno li e da sudime za nekogo dali e moralen ili,dali e promiskuiteten a ne itn itn.
Ste pomislile li deka e mnogu mozno i toj istiot da go ceni i za vas?

Primeti gi negovite dela procesiraj gi i prodolzi ponataka.Mnogu e kratok zivotot da razmisluvame za drugi bez da rabotime na sebe.
 
Малку неписмено го напиша ова, ама те разбирам што сакаш да кажеш и прашаш, ќе пробам да те удостојам со каков таков одговор.

ПоЈмот Образ е она кое мислиш дека ти го имаш а ние го немаме баш како што напиша во текстот подолу. Значи немање грижа на совест, срам и навика за правење постапки во низа кои го дискредитираат тешко стекнатиот углед на лично или фамилијарно ниво. Речиси редовно е пропратено со отфрлање на веќе воспоставените општествени догми со образложение дека се непотребни или неисправни.

И да, во право си. Луѓето почесто “ги менуваат“ другите отколку себе што е голема грешка. Но, ние сеуште не сме научиле како да ги користиме јавните тоалети а камо ли да сфатиме дека прво себе треба да се промениме. Како и да е, таквиот процес на себеспознавање и вложување труд за да се исправат сопствените маани ќе значи и комплетна елиминација на социјалниот инстинкт па ќе треба да се замонаши или да живее со мечките, бидејќи живеење во градската џунгла само по себе значи согласување со фаличноста на неговите креатори и конзументи, то ест луѓето генерално. :toe:

Ама, би рекол, лесно е да бидеш мировник во мирна земја, херојството се покажува под вкрстен оган.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom