Луѓе без образ

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
Ti blagodaram na komplimentot sto uste ponepismeno go dade.A
koga sme veke kaj tvojot odgovor za ocekuvanje bese...po nacinot na koj gi procesiras drazbite.

Socijalniot aspekt e merilo za nasiot obraz?

P.S>Koga ke svatis deka si del od dzunglata mozda i ke mozes korektno da odgovoris :)
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Станав невообичаено рано за мене, си ја ставив насмеаната, задоволна, ранобудна маска и тргнав накај продавница по леб. Комшиите едвај можеа да поверуваат дека сум станат толку рано и беа видно разочарани дека тој ден не ќе можат да ме оговараат, да рашират низ цела улица дека сум се прибрал дома на сабајле.
Откако поручав почнав да се спремам за на факс, тој ден имав испит. Ја ставив глупата фаца на бубалица, залижана коса, наочарчиња, кошулче запетлано до крај. Се сопнав намерно пред влезната врата од амфитеатарот до која стоеше асистентот. Сигурно си помисли, овај е толку утепан, од толку што учи, дури не гледа кај оди. За време на целиот испит само јас не му бев сомнителен и само јас препишав.
Кога појдов дома, моите се спремаа за излегување и ми кажаа дека попот треба да дојде за да свети вода и да направи некои други обичаи за Велигден. Затоа што јас требаше да го пречекам, а јас нит верувам во религија, нит во некои такви рабојќе, ја ставив маската на верник. Кога дојде попот едвај издржав да не се изнасмеам кога слушав како чита од библијата со неговиот зарипнат глас. Ја благослови мојата маска, со која го бакнав крстот и истата таа маска му даде 200 ден. за таа услуга.
Наредно требаше да излезам со мојот најдобар другар на кафе, со две негови другарки. Едната му се допаѓа, а таа не оди никаде без таа втората. За да не е сам, мораше да прифатам и јас да одам. А, јас не можам ни да ги смислам тие двете. Ама, се за доброто на другите, нели. Лицемерна маска, здодевен еден час. Од што се смеев со сила цело време, мислам дека ќе добиев лик сличен на Џокер. А, отспротива седеше една девојка, која јас многу ја симпатишем, ама како да ставам шмекерска маска, а да не му заебам работа на мај бест френд?
Потоа требаше да пречекам многу важна пратка од еден дистрибутер кој доцнеше 4 денови!!! Само што го здогледав сакав да му го сменам личниот опис, ама јбг greatful mask. Уште на крај, фала за услугата му реков.
Среќен човек, со оган во рацете и со полно маски. :)
Што ќе ви е лице, кога и онака лесно може да биде огрдено со лузна.
P.S. На чист образ и отскриен газ, секој плука.
Од тоа што можевме да видиме од извадокот од твојот дневник, можеме да извлечеме заклучок дека сепак имаш образ. Спремен си и да одиш против себе само за да не ги повредиш другите. Освен во моментот кога препишуваше, каде имаш корист во секој друг момент можеше да испадниш ѓубре и нечовек. Но одбра да се жртвуваш само за атерот на другите. Тоа не те прави без-образен. Немаш образ ако гледаш да си го направиш својот кеф и ставаш маски, газиш преку лешеви, забиваш нож во грб за остварување на својот интерес, дури и кога тој не е толку значаен.
 
bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322

Не ти се чини дека сепак ги скриваме своите емоции, покажуваме поинаква слика за тоа како се чувствуваме во моментите, за тоа што јас чувствувам за некој мој соговорник, познаник. Секогаш има некоја работа што се обидуваме да ја сокриеме.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Па нормално е тоа. Не секогаш го покажуваме тоа што го мислиме. Ама благородно е кога тоа го правиме за добро, за да не ги повредиме другите и да не влегуваме во конфликти. А сосема друга работа е кога тоа го правиме за да ги злоупотребиме другите и да ги искористиме.
 
bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Па нормално е тоа. Не секогаш го покажуваме тоа што го мислиме. Ама благородно е кога тоа го правиме за добро, за да не ги повредиме другите и да не влегуваме во конфликти. А сосема друга работа е кога тоа го правиме за да ги злоупотребиме другите и да ги искористиме.
Прва работа на која помислуваме е како да извлечеме корист за самите нас од она што го правиме. Сигурно никој не помислува прво на тие што се до него, па макар и нека му значат, сепак ќе помисли прво на себе си. Се` е оправдано, се додека целта ги оправдува средствата. Од тука, натака, не вредиме ни една пара.
 
Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
незнам за кој како од вас али мене најголема гордост ми е на утринскиот поглед в огледало да заприметам дека иам чист образ.. имав еден другар.. значи испаѓа дека тој буквално заебал еден друг негов другар.. и типот незнам ни јас зошто го напрај то али го гледаше како единствена опција.. после, една недела пишеше текстој и ми ги даваше само мене.. типот буквално немоеше да се гледа в огледало од ко реализира шо напрајл самиот.. иначе сеа ќе се префрлам на тој заебаниот во овој случај... типот секогаш ко ќе гледаше на себе, сакаше зад себе да види уште 7 души како го крепат.. значи типот тотално си ја продаде довербата.. значи ние тројца и четворица од неговата група.. сеа пред брзо.. пијани ќори бефме и ми вика.. седи до мене ќе ти кажвам некој работи сеа.. и почна да си кажва пијан чоек.. јас го сватиф ама немоеф ни одблиску да замислам колку бил заебан тоаш.. ама сепак луѓе се луѓе и имат способност да се прилагодват на општеството и да простуват.. ама довербата се губи еднаш.. :tapp:
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Прва работа на која помислуваме е како да извлечеме корист за самите нас од она што го правиме. Сигурно никој не помислува прво на тие што се до него, па макар и нека му значат, сепак ќе помисли прво на себе си. Се` е оправдано, се додека целта ги оправдува средствата. Од тука, натака, не вредиме ни една пара.
Многу јасно е дека е ставаме себеси секогаш пред другите. Само мајката (но не секогаш) се жртвува за децата. Но не треба тоа да го правиме на идиотски начин за сметка на другите. Некои луѓе прават работи што неможе никоја цел да ги оправда. Нив ги викаме луѓе без образ. Сите останати манипулираат со другите само во рамките на оправданоста. А има и мал дел кои сеуште веруваат во доброто. Но сите знаат во даден момент да бидат сочувствителни, да сакаат, да бидат толерантни, милостиви и праведни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom