Луѓе без образ

C

Cool Hand Luke

Гостин
Сум запознал такви. Едноставно, ѓубрето привлекува поголеми ѓубриња. Во ред, привлекував.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Човек без образ е човек без душа.
Нажалост ги има многу и нажалост многу имам сретнато.
Мислам дека она што ги тера да бидат такви е стравот дека некој ќе биде нешто што тие не се а сè би дале да бидат. Исто мислам дека немањето образ е резултат на немањето желба за да застанат како поединци и сами да се изборат за себе.
Уште полошо е кога откако ќе ти го забијат ножот се враќаат пред тебе со доволно сила за да покажат колку им значиш, односно, несвесно си играат со ножот и не гледаат дека тоа боли.

Меѓутоа, секоја акција си има своја реакција. Можеби јас ќе си добијам нож во грб, меѓутоа крвта ќе прсне на оној кој ќе ми го забие ножот. Раната лесно ќе заздрави. Ама крвта и мислата потешко се забораваат. Уште полошо е што прогонуваат.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Имав едно другарче во втора година, учеше со мене. Батево немаше друштво и беше знајш повлечено онака. Пошто заедно си одевме многу често си праевме така поотворени муабети и решив ако можам другарчево да го пикнам некако во моево друштво. За жал на мојве другари многу многу не им се бендисуваше а ја упорно настојував да средам работа знајш, ептен близок ми стана и грев ми беше за детево. И една вечер знајш ја бев излезен со другариве и се враќам накај дома и го глеам него со уште двајца мои воедно и негови другарчиња. И педер од нигде никаде почна да ми се понаша безобразно. На крајот мајмунот имаше лице да ми речи дека моите другари ми го переле мозокот! the fuck?! јас од се срце се трудев за да наредам работа, го сакав ко брат и тој ми вика дека моите другари ми го переле мозокот?! и шо е најтрагичното шо уште смета дека тој е во право и уште се труди ( сега сам ) да влези во нашето друштво... :toe: подла раја мајкаму да ја .....
Убаво рече Лемуријанка.А во право до некаде си и ти.Кога на некој му правиш услуга не треба да чекаш да ти се клања но викам дека треба да има и малку почит.Може и не те лажел дека ти го перат мозокот?Сеедно.Малце смешно звучат зборовиве "Да влезе во мое друштво"
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
За жал луѓето без образ успеваат во животот!:toe:
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
133
Поени од реакции
8
Познавам полно такви и ги презирам. Не се вреди за моето внимание.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас сум имала искуство со такви личности, но сепак сум преминала покрај тоа, едноставно велам простено е и го вртам грбот. Сум рекла порано, ќе кажам пак... луѓето се такви некогаш не размислуваат, некогаш едноставно ќе направат глупост со која сериозно ќе ти наштетат. Но, тоа е нивна работа. Нека повредуваат колку сакаат, јас ќе им простам. Ќе ме скршат, ама јас сум феникс, па немам гајле со повредување. Барем мирно спијам навечер.

Не знам што ги наведува кон такво однесување. Најчесто, според мене е себичноста и брзоплетоста без да се размисли за последиците. А оние кои намерно го прават тоа... јебеш га, душата им е болна и затруена, им треба лек.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Имам во близина неколку такви и...и се обидував на различни начини да ги неутрализирам, заради мене си, и заради тоа што сум поврзан роднински, па не можам да ги отпишам „скроз“, така дојдов до решението... а решението е: со нив се однесувам исто како тие со мене. Тие мене: „миле, гале“, јас ним „миле, гале“ и така лесно ги неутрализирам... не заради тоа што човек може некако да ги неутрализира (нив ништо не може да ги неутраилизира), туку заради тоа што ги наоѓам затечени и блокирани, од мојата реакција кон нив, се разбира не очекувајќи такво нешто од мене.
 
A

ateist

Гостин
Не случајно темава ја сместувам во Философија и психологија, а не во Општи муабети, затоа што сакам да ја продискутираме оваа група на луѓе од друг аспект.

Која е причината и „желбата“ (ако можам така да ја ословам) кај ваквите луѓе да се однесуваат неморално, промискуитетно и тотално безобразно? Не зборувам за мали лаги и ситни постапки кои поминуваат само така, туку за безобразност до тој степен да ти забива нож во грб, а да се однесува како да сте браќа родени, да нема ни најмала грижа на совест или знак на покајание за постапките.

Дали сте имале таква несреќа да налетате на вакви амеби? Дали ги толерирате иако знаете какви се? Какви работи ви се случиле со вакви луѓе? Што мислите, на што се должи таа жичка на безобразност без ронка срам? Дали им враќате во иста мера или преземате други мерки на решавање на проблемот?
доооооооообра тема дефинитивно

пун ку*ац ги има
ама ваквите не-луѓе го диктираат животот во Македонија

истите не-луѓе (џган) во социјализмот беа мнооооогу великодушни на НАШЕТО па делеа станови, работни места , урлаа вриштеа "за Тита и партију" ти да си им контрирал нешто само да мрдеа со прст ќе те "изела помрачина"
E сега се големи демократи , велат немале појма што се дешавало дека некој нешто ги лажел ( а баш тие јадеа гомна цело време)
Па така Андов стасал да биде амбасадор а немал ништо везе благе со комунистите него онака ради лепота го пратиле , па Гошевци , па Цилевци кој како бегалче го пратиле у претседателство на СФРЈ (небаре во Македонија нема од нас Македонците никој ) па се усра кога требаше да се гласа , па Црвенковци октоподџии мафијаши , ...............безброј бе чоече .
Затоа не не бива и нема да не биде .

ДА немаш лице туку ЃОН - БЕЗ ОБРАЗ значи да си успешен во Македоија .
Дегенерици , белосветски пробисвети и пропалици , петоколонаши , квислинзи , криминалци приватизери , измамници трчи лажи ... тие од 1990 год наваму го диктираат севкупниот живот во Македонија .

дали сме ги сретнале ???????????

ехеееееееееееееееееееееее
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Па имам братучетка без образ.Милион пати ми забила нож во грбот и шири секакви невистинити за мене....да не филозофирам повеке....ама јас неа за рода повеке не ја сметам!Не сум у крвна врска со таа....момичка.
 
S

StereoLove

Гостин
За жал ги има во секојдневието таквите луге и сум налетала.Денеска секој ке гледа да ти забоде нож во грб...Немат срам,немаат гајле.Сепак им попуштам на крај зашто не сум таква личност да се карам.Ама ако ми се покаже можност знам да вратам и тоа дупло.
Не сум будала некој да ме третира како сака ако до вчера сме го делеле лебот и пијалокот и што уште не.
Личноста која ме повреди ми беше премногу блиска а кога сватив каква е доцна беше.
Цело време ми збореше за ферско однесување,за да правиш добри дела ама испадна дека тоа што го сторив за таа личност беше за џабе.
Највеке ме здоболи тоа што не го очекував тоа од таа личност.
Секогаш простував и гледав да угодам ама што од тоа...кога ми заби нож болеше.
Едвај се свестив.
Се осекав како да ме има прегазено некој камион,како да ми умрел најблискиот.
И сега сум ваква не можам да се изменам.Само попуштам:uvo:

И сега ми бара прошка.Нормално се уште не сум простила.
Ех кога би знаела таа личност како се осекав:tapp:
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Пред се секој треба да се преиспита самиот колку пати во својот живот бил промискуитетен, безобразен и на некому забил нож во грб народски кажано. Секој се става од повредената страна, а ретко кој се помирува со истото дека можеби и заслужил, ако не од таа личност која му го нанела тоа, туку го заслужил зашто претходно на некој друг го направил истото. Се се враќа се се плаќа-оваа реченица не важи само кога нам ни одговара, кога сме од повредената страна, туку важи и кога ние истото го правиме на некој друг поради сплет на околности, искушенија итн.

А колку пати сме се нашле во вакви ситуации ? Кога за да го спасиш сопствениот газ го местиш другиот ? Или кога на твојот другар/ка си и го смувал/а дечкото/девојката ? Или кога си изневерил ?
Што е и до негде разбирливо, секој себе си се става на прво место и секој поаѓа од своите лични причини за стореното дело.

Човекот за кој мислиме дека го создал проблемот е апсолутен победник, затоа што му го покажуваме патот до целта преку нашите критики.
Тоа што не е во нас,не не возбудува ни кај другите !
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Пред се секој треба да се преиспита самиот колку пати во својот живот бил промискуитетен, безобразен и на некому забил нож во грб народски кажано. Секој се става од повредената страна, а ретко кој се помирува со истото дека можеби и заслужил, ако не од таа личност која му го нанела тоа, туку го заслужил зашто претходно на некој друг го направил истото. Се се враќа се се плаќа-оваа реченица не важи само кога нам ни одговара, кога сме од повредената страна, туку важи и кога ние истото го правиме на некој друг поради сплет на околности, искушенија итн.

А колку пати сме се нашле во вакви ситуации ? Кога за да го спасиш сопствениот газ го местиш другиот ? Или кога на твојот другар/ка си и го смувал/а дечкото/девојката ? Или кога си изневерил ?
Што е и до негде разбирливо, секој себе си се става на прво место и секој поаѓа од своите лични причини за стореното дело.

Човекот за кој мислиме дека го создал проблемот е апсолутен победник, затоа што му го покажуваме патот до целта преку нашите критики.
Тоа што не е во нас,не не возбудува ни кај другите !
Според твоето гледиште, сите сме исти.
Не е така, луѓе сме, сме зезнале работа, ама не сме сите такви да тоа го правиме секојдневно, без нималку срам, ради банални причини.
Таквите луѓе, да не потенцирам сега примери, се 1 на 3ца, и се познаваат од километар, или бар јас ги познавам.
И тоа болдираното, малку нема логика. Ако не сум паметен, а сакам да бидам, ќе им завидувам на тие шо се, наместо да ми е сеедно.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Според твоето гледиште, сите сме исти.
Не е така, луѓе сме, сме зезнале работа, ама не сме сите такви да тоа го правиме секојдневно, без нималку срам, ради банални причини.
Таквите луѓе, да не потенцирам сега примери, се 1 на 3ца, и се познаваат од километар, или бар јас ги познавам.
И тоа болдираното, малку нема логика. Ако не сум паметен, а сакам да бидам, ќе им завидувам на тие шо се, наместо да ми е сеедно.

Секој ќе си изнајде причина банална или не е, причина е. Башка ако се познаваа од километар така лесно таквите, ондак логично не би имало кого да заебат нели ? :) Сите на дистанца ќе се држат од нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom