Дали Њу-Џерси ќе победи сезонава ?

Дали ќе успее Њу Џерси да победи до Нова Година ?

  • Да

    Гласови: 30 61,2%
  • Не

    Гласови: 19 38,8%

  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Па добро знам дека многу од тимовите кога тогаш доживуваат целосна реконструкција и се наоѓаат во некоја очајна ситуација. Но сепак кога се ослободуваа од скапите играчи можеа да донесат и многу посолидни замени.

Сепак ако ништо друго подобри се од Њу Јорк, тие секоја година даваат најмногу пари па пак се дупки:)
 
Харис им беше повреден, сега ќе бидат подобри :)

Па многу јасно.
Херис е играчиште,мислам страшно брз играч,неверојатно брз играч дури и за НБА услови.. Повреден беше некое време,па се врати пред некоја утакмица и полека ке влага у форма. Но има и уште други повредени играчи.Знам едно време имаа само 8 играчи на располагање ,а притоа играа со Бостон Селтикс.. :)
Kога ке ми текне дека CDR (Крис Даглас Робертс) прележа и свински грип и ете го пак се враи.. што све не поминаа Нетси во овие први 20тина утакмици.. Секако дека ова ке биде долга сезона за нив.. но ако глеаме на каде се движат работите.. се иде во нивни прилог.. Се е подредено на тоа да станат дел од Топ 5-6 тима во Нба и тоа за многу брзо време..
И да не ја заборавиме најекслувната арена што ке биде изградена за нив.. и целиот Атлантик Јард проект во Бруклин.. :vozbud:

1-nets-arena.jpg
 
Па, не се разбирам у кошарка, али логично ми е од 82 меча да земат неколку, колку и да не ги бива.
 
абе до 10 да стигнат треба радосни да се :)

туку нека се челичи Лопез оваја сезона , па после нека му ја дувни негде во поасолен тим и ич нека не ги еба овие слепците
 
Ми се свиѓа насловот на темава:). Јас мислам дека ќе успеат да победат, но тоа нема да се случи на наредните два натпревари. Сезонава ги немам гледано, но според резултатите воопшто и не ми даваат мотив да ги гледам. Според мене ќе стигнат до 0-19 по што им следува меч да се биде или не (за остварување на првата победа) со Никси на 6 декември. Ако не ја победат таа имаат реални шанси длабоко да навлезат во историјата на NBA:).
 
Абе нешто не им оде на тимовите од Њу Јорк последниве години.Кај Никси катастрофални,па и овие се мизерија оваа сезона.Ги гледав на неколкупати,ок. е имаат пехови со повреди,ама па да не добиеш ниту еден натпревар,тоа е веќе премногу.А имаат добри поединци,Лопез е солиден,надежен центар е,Девин Харис беше повреден ,скоро се врати,и Дулинг лани играше некоја епизодна улога,ама и тој е сеа повреден.
Некој рече дека лимитот,драфтот имаат големо влијание,да тоа е така некогаш,ама ако се земе предвид дека Никси имаат најголем буџет,а ужасно скромни резултати,и не би се согласил во тоа.Едноставно,многу работи имаат влијание.Ете Атланта,некој би рекол играчки поскромен тим,ама резултатите се евидентни.
Инаку ќе стигнат Нетси оваа сезона барем до десет победи,верувам во тоа,иако досега беа во најмала рака катастрофални.Сезоната е долга,и има време за консолидација.
Сепак далеку е времето кога играа и НБА финале со Лејкерси,можеби не временски,ама играчки да.Ама тогаш имаа и лидер,во името на Кид,и играчи како Џеферсон,Мартин и Харис.Сега сето тоа му недостасува.
 
Еве кој се разбира нека види што е целата работа со Нетси..
Ке имаат можност да потпишат еден или можеби два максимални договори на крајот на оваа сезона..
2jg10dj.jpg
 
какви дрва човече,баш би сакал да победат вечер ама тешко дека ќе се случи тоа:)
 
темата ми е многу понижувачка за мрежичките... велите ужаст па за овој тим се уште не е заиграла најдобрата петорка, Џаилиџиан е повреден подолго време Даглас сега се опорави, истото важи и за Херис кој веќе сврза 2-3 утакмици, Кортни Ли мислам дека сеуште не е заиграл и кој ќе игра??? само Лопез и Алстон:toe:
јас мислам дека на крајот од сезоната ќе имаат над 20 победи
 
какви дрва човече,баш би сакал да победат вечер ама тешко дека ќе се случи тоа:)

сигурен сум дека оваа година им го немаш видено ни составот, а не па да те прашам дали имаш гледано утакмица од нив:toe:

Абе нешто не им оде на тимовите од Њу Јорк последниве години.Кај Никси катастрофални,па и овие се мизерија оваа сезона.Ги гледав на неколкупати,ок. е имаат пехови со повреди,ама па да не добиеш ниту еден натпревар,тоа е веќе премногу.А имаат добри поединци,Лопез е солиден,надежен центар е,Девин Харис беше повреден ,скоро се врати,и Дулинг лани играше некоја епизодна улога,ама и тој е сеа повреден.
Некој рече дека лимитот,драфтот имаат големо влијание,да тоа е така некогаш,ама ако се земе предвид дека Никси имаат најголем буџет,а ужасно скромни резултати,и не би се согласил во тоа.Едноставно,многу работи имаат влијание.Ете Атланта,некој би рекол играчки поскромен тим,ама резултатите се евидентни.
Инаку ќе стигнат Нетси оваа сезона барем до десет победи,верувам во тоа,иако досега беа во најмала рака катастрофални.Сезоната е долга,и има време за консолидација.
Сепак далеку е времето кога играа и НБА финале со Лејкерси,можеби не временски,ама играчки да.Ама тогаш имаа и лидер,во името на Кид,и играчи како Џеферсон,Мартин и Харис.Сега сето тоа му недостасува.

за кој Харис зборуваш?? не ми текнува
 
Сезонава ги немам гледано, но според резултатите воопшто и не ми даваат мотив да ги гледам.

мене баш ми дават мотив ... мора да изгледам со каква игра рушат вакви рекорди :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom