Абе нешто не им оде на тимовите од Њу Јорк последниве години.Кај Никси катастрофални,па и овие се мизерија оваа сезона.Ги гледав на неколкупати,ок. е имаат пехови со повреди,ама па да не добиеш ниту еден натпревар,тоа е веќе премногу.А имаат добри поединци,Лопез е солиден,надежен центар е,Девин Харис беше повреден ,скоро се врати,и Дулинг лани играше некоја епизодна улога,ама и тој е сеа повреден.
Некој рече дека лимитот,драфтот имаат големо влијание,да тоа е така некогаш,ама ако се земе предвид дека Никси имаат најголем буџет,а ужасно скромни резултати,и не би се согласил во тоа.Едноставно,многу работи имаат влијание.Ете Атланта,некој би рекол играчки поскромен тим,ама резултатите се евидентни.
Инаку ќе стигнат Нетси оваа сезона барем до десет победи,верувам во тоа,иако досега беа во најмала рака катастрофални.Сезоната е долга,и има време за консолидација.
Сепак далеку е времето кога играа и НБА финале со Лејкерси,можеби не временски,ама играчки да.Ама тогаш имаа и лидер,во името на Кид,и играчи како Џеферсон,Мартин и Харис.Сега сето тоа му недостасува.