Васко Ефтов vs. Вики Ралева, Големиот Брат и останатите "реални" шоуа и фејк личности

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Девојко, мислам дека не се разбравме, и еве иако не сакам, ќе влезам во дискусија со тебе.
Како прво, каде виде ја да сум кажал (како што ти го нарекуваш) нешто за тоа што е мувањето. Не ти реплицирав со намера да си објаснуваме што е тоа мување, туку како се примаат работите здраво за готово помеѓу младите, дали од Америка донесени или од телевизииве гледани.
Дечко :icon_lol: за иста работа праиме муабет очигледно.
:wink:
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Пријателе,зашто споредуваш терминатор со ова?
Не си во право иако звучи НАДМОЌНО кажано.
Тие се структура на публика што секој ден ги гледаа и се поистоветуваа со нивните љубовни проблеми.Таму беше нормално уште првата епизода како таа Миа се соблакаше пред сите родители.
Имаше континуирано давање секој ден и што очекуваш од тоа?
Миа и е хероина на некое девојче и она во филмот имаше повеќе дечковци па зашто не и јас.
Кој ме разбра разбра кој не пак нека прочита
И јас сум бил дел од структурата на публиката која се воодушевувала на Супермен, па моите биле загрижени дека еден ден ќе пробам да летам од тераса. Ама, никогаш не пробав. Сакам да ти кажам дека од карактер до карактер е. Ако Млаид бунтовници влијаеле негативно врз младите, како влијаел Набоков со неговата Лолита бе?

Немав за цел да звучам надмоќно, туку што пореално. Секој има херои и хероини во адолесценцијата. Дали ќе се реални или тв ликови, не е важно. И се поистоветуваме на многу начини, а границата на фиксацијата со (не)реалното и нивото на преминување на границата ја дефинираат нашите тато и мама, најчесто.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412

Прашај ја една моја колешка колку и било тешко да и објасни на својата 15 годишна ќерка дека неќе да ја пушта после 22 иако сите нејзини другарки имаат муватори и се прибираат во 4.Воспитувањето е важно ама да се сите родители како на пример твоите.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Прашај ја една моја колешка колку и било тешко да и објасни на својата 15 годишна ќерка дека неќе да ја пушта после 22 иако сите нејзини другарки имаат муватори и се прибираат во 4.Воспитувањето е важно ама да се сите родители како на пример твоите.
На млади бунтовници не шетаа до 4 сабајле.

Херои и трендови мешаме.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
На млади бунтовници не шетаа до 4 сабајле.

Херои и трендови мешаме.
Уште полошо имаа нафатирани родители и они наместо да учеа ги учеа младите дека беше важно да се води љубов(не вистинска).Крај се надевам дека ќе се разбреме на темава некогаш:smir:
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Абе да, требаше да ја спушти некој Вики, ама некој кој има поголема моќ и влијание во државава и пошироко. Не Васко Ефтов. Тоа е парадоксот. Да излезеше академик или нобеловец јавно да им мавне шлаканица, на нејзе можеби немаше да има ефект, зашто е непоправливо проста, ама барем општиот впечаток ќе беше подобар.
Вики маалската курва(ок повеќе не е маалска) не е вредна некој таков човек да си троши време и да дебатира за неа и такви реалити шоу феномени.

Затоа се најде Васко, кој можеби не е ептен паметен ама е ептен оштар, помалку повеќе заостанат со сфаќањата, не знае да сослуша... ама јебига направи солидна емисија.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Прашај ја една моја колешка колку и било тешко да и објасни на својата 15 годишна ќерка дека неќе да ја пушта после 22 иако сите нејзини другарки имаат муватори и се прибираат во 4.Воспитувањето е важно ама да се сите родители како на пример твоите.
Верувај дека и пред Млади Бунтовници имало мување и такви работи... Млади Бунтовници не измислија нова мода. А да го земеме филмот Брилијантин за пример? Таму и пушат и пијат и си се плескаат едни со други. Какви вредности дава тој филм? Треба да сфатиш дека се е до индивидуата, начинот на кој истата е воспитана и чувствата и вредностите кои сама до некаде си ги гради во општеството. Факт е дека ТВ екраните промовираат ниски вредности, ама не може за се да се криват Млади Бунтовници.
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Вики маалската курва(ок повеќе не е маалска) не е вредна некој таков човек да си троши време и да дебатира за неа и такви реалити шоу феномени.

Затоа се најде Васко, кој можеби не е ептен паметен ама е ептен оштар, помалку повеќе заостанат со сфаќањата, не знае да сослуша... ама јебига направи солидна емисија.
Токму тоа се обидувам да го доловам. Значајноста на Васко се состои во тоа што од сета група на луѓе еднакво или повеќе заостанати од него, само тој се најде јавно на Вики да и плесне што прави, а сега колку она разбра е оф топик.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Уште полошо имаа нафатирани родители и они наместо да учеа ги учеа младите дека беше важно да се води љубов(не вистинска).Крај се надевам дека ќе се разбреме на темава некогаш:smir:
Sex sells. Да беше лесно да се одгледуваат деца, сите ќе беа неверојатни родители.

Темава е за реални шоуа, а не за фамилијарни вредности, па да не одам офтопик, сметам дека се разбравме.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Верувај дека и пред Млади Бунтовници имало мување и такви работи... Млади Бунтовници не измислија нова мода. А да го земеме филмот Брилијантин за пример? Таму и пушат и пијат и си се плескаат едни со други. Какви вредности дава тој филм? Треба да сфатиш дека се е до индивидуата, начинот на кој истата е воспитана и чувствата и вредностите кои сама до некаде си ги гради во општеството. Факт е дека ТВ екраните промовираат ниски вредности, ама не може за се да се криват Млади Бунтовници.
Се доби поголема слобода и храброст да се прави до пред тоа.И не му е срам сега да го прашаш некое девојче дали има дечко дури иде дотаму работата што ќе ти рече А НЕ СЕ МУВАВ СО НЕГО НЕ МИ БЕШЕ ДЕЧКО?
Верувам немало во твое време ситуации вакви те молам.
Јас можам да наведувам примери ама не би биле вкусни за слушање.

Sex sells. Да беше лесно да се одгледуваат деца, сите ќе беа неверојатни родители.

Темава е за реални шоуа, а не за фамилијарни вредности, па да не одам офтопик, сметам дека се разбравме.
Точно не бегаме од темата,релни шоуа и филмови и како тие влијаат?
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Треба да сме горди што имаме толку слободоумна (читај - лесна и проста) младина? Васко можеби е нетипичен водител и на моменти преостар и директен, ама не е глуп и неписмен.
Јас не сум ни горда ни усрамена, жалам... Затоа од старт не зазедов некој став за девојкава (а да бидеме реални до сабајлево немав чуено дека постои).. Не ми буди никакви емоции тоа дали се плеснала или не со некој, и дали го направила тоа пред камери или не.. Едноставно, не можам да паднам до таму за да ја доживеам како некаков си претставник на младината, ниту пак на цела нација, било да е тоа и во „Братска Србија“... Стварно не сфаќам што го отупевте со ова!
Васко е глуп и прост и неписмен. И тоа ми е генерален став, не е од емисијава само.

Припросто, изгубено и раскалашено 19-годишно девојче не треба да стенка на телевизија, а нејзиниот татко треба да се срами на тоа, наместо да глуми дека е горд.

Таквите стенкаат на телевизија бе Acid! Сегде е така.. Ретко која паметна, интелигентна и образована девојка би го направила истово, без разлика дали е Македонка, или Србинка или Американка (Џери Спрингер сцени ми идат пред мене, лол). Не откривме топла вода со сознанието дека раздрољаните омладинки би се плескале пред камери!

Знаете, нормалните луѓе имаат секс. Се случува.
Лош обид за саркастично „види колку сум јас бистар па ти го плескам“ реплицирање. Еве, во твој стил - да сонце, знаеме :icon_lol_

Токму тоа се обидувам да го доловам. Значајноста на Васко се состои во тоа што од сета група на луѓе еднакво или повеќе заостанати од него, само тој се најде јавно на Вики да и плесне што прави, а сега колку она разбра е оф топик.

Ја мислам дека ова е дело вредно за пофалба... Достигнување за човештвото... Врв на храброста и мажественоста.

Стварно се извинувам што отупев, ама смешна ми е морализаторската приказна што ја вадите од жалната емисија на Васко, сосе жалните му „сРучни мислења“ и издрцаните му реплики...
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
све беше у ред ... освен за александар белов.... човекот стана некој и нешто од тоа реално шоу... ете го пее има продукција му прават песни...

а за разлика од операција триумф... овие што се во големиот брат ке ги има само сеа неколку месеци по завршувањето и тоа за вакви теми... Како не ти беше срам ? што ти е на тебе ? што постигна.. и слично.... а ке ги има и у СВЕТ весникот како некој случајно ја фотнал на улица како збори на телефон.... и ке напишат некој ГЛУП текст од 10 реченици колку да се попуни венсникот и да има што да чита прост народ...
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Точно не бегаме од темата,релни шоуа и филмови и како тие влијаат?
Ај добро. Како тебе, демнач, животот ти е променет од презентацијата на Виолета Ралева на Големиот Брат?
 
Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Не откри Васко топла вода, и не му беше бадијала тој пристапот. Човекот не циљаше на ништо особено, а доби 8574985 плус гледачи. Зашто? Зашто колку пониско нивото на кое комуницира, и колку е попросто доловено нештото, толку му е на народот полесно да се соживее со приказната.
Значи, ако и` правеше људски муабет, ќе си сменевме сите каналот пошто ќе требаше пракитчно да ја СЛУШАМЕ Виолета. А вака со сецкања и упаѓања, си се ставаме на другата страна и се осеќаме супериорни, као ти си дроља, ја сеа јавно ќе те прам партал. Ја јак тебе газам, апла. Животнски. Ако е вулгарно и сосила, проаѓа.

Сосема е во ред ругањето, ама не така, и не од него. Не оти ќе разбереше да и` се обратеа поинаку. Сепак со полухемисферен ум комуницираше. Нема сигурно латински поговорки или антички филозофи да цитира момата, и убедена сум дека на сите им` е тоа кристално јасно. Си гледате пошо сакате, како што јас не гледам оти ми се неќе. И најубавиот дел, ми се може бе.

Не ја бранам, нема да ми се деси да бидам на страната на било кое реално шоу или негов учесник. Ич не ми е гајле кој све гледа, за мене е тоа најсофистицирана форма на глупоста лично. И жал ми е, не можам да опишам колку ми е жал што ни се телевизиите преплавени со ова. Треба нешто сериозно да ти фали за најинтимните моменти да си ги сервираш на тв без око да ти трепне. Да си организатор и да правиш пара од истото, такоџе. Али да седиш и онака пасионирано да зјапаш у нечиј живот... Болно. Дал на село било или во куќа или на остров исти таков. Ме здоболе кој со кого легнал, што јадел, колку пати кивнал или дали дркал дента.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom