Не откри Васко топла вода, и не му беше бадијала тој пристапот. Човекот не циљаше на ништо особено, а доби 8574985 плус гледачи. Зашто? Зашто колку пониско нивото на кое комуницира, и колку е попросто доловено нештото, толку му е на народот полесно да се соживее со приказната.
Значи, ако и` правеше људски муабет, ќе си сменевме сите каналот пошто ќе требаше пракитчно да ја СЛУШАМЕ Виолета. А вака со сецкања и упаѓања, си се ставаме на другата страна и се осеќаме супериорни, као ти си дроља, ја сеа јавно ќе те прам партал. Ја јак тебе газам, апла. Животнски. Ако е вулгарно и сосила, проаѓа.
Сосема е во ред ругањето, ама не така, и не од него. Не оти ќе разбереше да и` се обратеа поинаку. Сепак со полухемисферен ум комуницираше. Нема сигурно латински поговорки или антички филозофи да цитира момата, и убедена сум дека на сите им` е тоа кристално јасно. Си гледате пошо сакате, како што јас не гледам оти ми се неќе. И најубавиот дел, ми се може бе.
Не ја бранам, нема да ми се деси да бидам на страната на било кое реално шоу или негов учесник. Ич не ми е гајле кој све гледа, за мене е тоа најсофистицирана форма на глупоста лично. И жал ми е, не можам да опишам колку ми е жал што ни се телевизиите преплавени со ова. Треба нешто сериозно да ти фали за најинтимните моменти да си ги сервираш на тв без око да ти трепне. Да си организатор и да правиш пара од истото, такоџе. Али да седиш и онака пасионирано да зјапаш у нечиј живот... Болно. Дал на село било или во куќа или на остров исти таков. Ме здоболе кој со кого легнал, што јадел, колку пати кивнал или дали дркал дента.