Васко Ефтов vs. Вики Ралева, Големиот Брат и останатите "реални" шоуа и фејк личности

Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.195
Поени од реакции
34.430
Океј, веќе има тема за Васко Ефтов и неговата „Во центар“, ама отварам посебна нишка затоа што тука ќе дискутираме само за оваа епизода. Топло ви препорачувам да ја погледнете последната емисија која обработуваше неколку интересни и модерни теми - хистеријата на младите по „реалните шоуа“, ниските морални вредности, модерната душевна проституција и причините кои придонесуваат за неа.

Ваков јавен „шамар“ заслужува респект, не поради тоа што треба да им се сеириме на неинтелигентната Вики која очигледно има некаква психичка фалинка и никакво самопочитување или на нејзиниот „татко“ кој најпрвин сериозно треба да се запраша каде згрешиле неговите родители во процесот на воспитување, па дури потоа каде згрешил тој, туку затоа што се надевам дека вакво јавно пердашење може да освести многу родители (сегашни и идни), тинејџери и „торковци“ кои мислат дека вака се претставува Македонија.

Во емисијава учествуваат и психолози, комуниколог, Тамара (како потенцијална учесничка на Фарма) и Александар Белов (Операција Триумф).

Некои интересни цитати:

Васко на Вики: "Па и Северина за тебе е калугерка" :теши:

Васко на татко и на Вики: "Не ви беше незгодно да ја слушате ќерка ви како стенка на телевизија"? :tv:

И уште многу... Да не ви го уништувам филингот, погледнете сами:
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
ОВаа не е тачна еј како сум го испуштил овоа цццццц стварно била заљубена бе ахахахахахах,Кој е Усаин Болт нема појма(ај женско е извлече се)
Гледам плен и ловам-реченица за у потпис пфффффф
Освоила више од златна медаља на олимписки-wtf???(ако ја чуе болт)
Васко Ефтов цар-турбо фолк отупување на народот
Со што сте горди на керката пааа нејзиниот избор го почитувам-вај за на гафови бе...
Лав сторија од др.Живаго-ебаго
Љубов на прв поглед-ке идам ке си го испушам еј
Карло легнал до неа оти му се свигала портокаловата постелнина -абе оваа озрачена ли е(сериозно прашувам сеа)
п.с-живеам за љубов-наежи се...
:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Ја гледав премиерата во петокот. Васко падна мнооогу ниско. Добра му беше и му е концепцијата но да правиш муабет со некојси што се нарекува ТАТКО еееееееј....си одзел од своето драгоцено време да седи и да прави муабет со некоја пцора и татко и,шо ништо чудно да му речам: Ај бе прати ја ќеркати вечерва со мене за 100 евриќи,не сумљам дека ќе ми рече: важи бе нема проблем!

НАЈкриво ми е што ПРОБА да го пердаши Александар Белов.Па боже мој,тој појде таму со некаква цел,да стане пејач,музичар....значи нешто со концепт,со замисла....СОСЕМ различно од Големиот брат каде што освен :drk:,дрпање за цицки и чешање ташаци нема друга никаква интерактивност! Ама ајде нека му е,го знаеме дрскиот пристап на Васко,а понекогаш и непознавање на НАЈОСНОВНОТО дебатно правило кога разговараат двајца или повеќе лица,а тоа е: Кога едниот зборува,другиот/те молчат и слушаат,што кај него е вистинска реткост,а можеби па со тоа ги освојува симпатиите на гледачите :toe:

Не велам дека не ми се допадна емисијата,не велам дека беше неуспешна,ама за овие теми што беа разработени сметам дека не треба да има специјални емисии за да се свати дека сето тоа што ни го нудат телевизииве е нешто што како што кажа Ефтов: Тупиот Македонец овие "шоуа" и сериски филмови го прават УШТЕ ПОТУП!!! Каде е крајот???? :kesa: :smir:

BTW: Да напоменеме дека сето ова (шоуа,фарми,гаоли,врагови...) се гледало претходно (пред 10 години) и иди од ЕВРОПА,од запад,каде што тежнееме да бидеме во блиска иднина ;)
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Биг Брадр е еден од бенчмарковите за прием во ЕУ. Откако се покажавме како квалитет и материјал за ЕУ, ни скинаа визи и ќе добиеме датум! Јеееее :vozbud:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Леле растресена црвена цицка!!!:vozbud:
Туку, Ефтов некако не ми е по мерак затоа што многу зборува, не остава соговорникот да каже ништо, а и како што сам си призна - секогаш е против се`. Но, во оваа емисија мислам дека се надмина себе си, иако го немам гледано една година:)
На страна тој, не е баш главна тема. Што е финтата со Вики и татко и? Имам гледано неколку пресеци од шоуво, повеќе сум читала тука што се коментира и од се`, сеуште не сфаќам на што се горди луѓево. Да не коментирам околу муабетите, за да не кршам филм на останатите кајганџии. Само ќе дадам моја проценка на двајцата, иако нели, не сум ни блиску до психолозите кои убаво објаснија. Татко и на Вики се пали на неа, бидејќи не му се дига повеќе на жена му, а и швалерката скоро го има оставено, бидејќи после сето ова бизнисот почнал да му пропаѓа и не може да и дозволи се` на што била навикната. На моменти ми делува и како да има потајни хомосексуални потреби, но да не го осудувам грешно, бидејќи верувам дека не лаже. :uvo:
Вики ... девојката што мисли дека тинејџерите знаат што е љубов. Упс не, се извинувам ... девојката што се смета како дел од групата посебно паметни тинејџери кои знаат што е љубов.:pos2:
Ако е горда на нејзиното учество во шоуто, ако е толку пореметена да се фали со тоа и да не е свесна дека е жигосана засекогаш, сигурно и таа мора да е заљубена во татко и` (веројатно го има уште Едиповиот комплекс во кој ќе почнам да верувам), па бидејќи не и е доставено до знаење дека тоа не смее да и се случува, одбира да биде со некој со кој никој не очекува, од револт, за да се одмазди на сите. Млада била, не ја интересирале книгите, поинтересно и било да ја зграпчи секоја шанса во најбрз момент. Се извинувам, ама ај да се изразам како што сакам ... курвиште гнасно расипано, оди скриј се некаде и земи ја со тебе цела гнасна вилица. А шубаво се сети Васко да ја праша шо и велат кога оди на забар.:pos2:И да ... се уби од тврдење дека е заљубена, за на крај да каже дека не смее да каже колку и платиле, ама се исплатело се` за таа сума. Мижи да те лажам.:nesvest:
Белов уште не е опаметен. Глуп беше, глуп остана. Мислев дека ќе се погрижи за тоа тимот кој ќе го земе после неговото шоу, ама ништо. Кутар тој, се намачил и издржал цели сто дена затворен. Ко да му фалеше нешто. Оф тешко мене!
Тамара некако беше најдобра и најдобро му парираше во муабет на Ефтов. Најмалку ја збуна, ако ништо друго. :)

Општо за сите вакви шоуа ... не знам колку би можела да се воздржам да искоментирам нешто прибрано. Толку се ефтини, неморални, курвински, вештачки, наместени, глупави и што ли уште не. Не се криви организаторите, секако. Криви се луѓето што си ја продаваат душата (како што кажаа во емисијата), за некоја сума на пари, поточно за некоја болна потреба од слава. Јас живеам сама, па никогаш ни по дома не се однесувам како нив. Од тоа си тргнувам. Затоа си велам или ептен глупат за да се наводно интересни или се такви и во приватен живот. Ако е второто, ова е алармантна состојба!
Родителите не ни можам да ги коментирам. Тие се за бесилка на плоштад, каде огромна толпа народ ќе ги поддржува и бодри. И не само овие на Вики. Исто збореше и мајка и на таа плавата што се лежеше со тој грдиот со црвени обравчиња ко Були. Кажа дека едвај си ја чекаат ќерка им дома и дека се горди на неа. WTF? :uvo:
Ако е ова светот во кој треба да го продолжам животов ... не знам ...
Ако е ова светот во кој јас треба да растам деца ... не знам дали сакам да ги имам. Се` е ненормално и не верувам дека ќе се среди. Само надолу ќе се оди. Срамота!

п.с. Татко и на Вики ги прател форумите. Ако ме читаш мањачиште едно старо - не мора да ни кажеш јавно, ама засрами се барем длабоко во себе!!!:tapp:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Јас нема да го коментирам девојчево, ниту Тамара, ниту Белов, туку овој идиотов недоквакан!
Васко Ефтов е најголемиот идиот што се појавува по телевизииве. Тоа го знаев од претходно, сега ми е само потврдено. Каков дибек, полн со предрасуди... Тетоважи, секс, стенкање... Каков морон! Воодушевена сум.
„Си му се пикнала на некој во кревет по 15 минути“, „Фати прочитај некоја книга“?!
Простаклук без граници!
Не ми е јасно како го фалите и поддржувате! Човекот е неписмен и глуп!
 

Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.019
Поени од реакции
631
Васко Ефтов закон :vozbud:!. Уфф како и кажа се во лице :vozbud:!
 

MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Никогаш не сум можела да го гледам и слушам овој водител затоа што не нервира начинот на кој зборува, од него друг не може да дојде на ред... ама за оваа емисија му симнувам капа... значи секоја чест, ја спушти оваа што се замислува кој знае што таму каде што и е местото.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Васко Ефтов закон :vozbud:!. Уфф како и кажа се во лице :vozbud:!
Абе тоа да ама мислеш ли дека сфана она нешто од тоа...типката нели глеаш колку се чуствува евентуално...
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.680
Поени од реакции
266
Абе тоа да ама мислеш ли дека сфана она нешто од тоа...типката нели глеаш колку се чуствува евентуално...
tipkata e niskobugetna ...ako ima nekoj od Karpos 4 na forumov neka mu tekne na Nikolina,Lidija,Ivana,Elfide i ostanatite kralici trotoara vo koi spadja i tipkava
 
В

ВАЖНА-ВД

Гостин
:pos2::pos2::pos2:
Абе луѓе само не ми е јасно како сакате да каже татко и дека се срами од неа? Сто пати го довеле до ситуација да го каже тоа ама татко и е што да прави дома којзнае што и има речено ама неможе тоа пред цела јавност да го рече...како таткото на Јована што се откажа од неа и сега сите што го гледаат ГБ зборат за тоа...ама сите знаеме дека татко и се срами од Вики...
Иначе Васко Ефтов е цар:vozbud:како се им плескаше во очи:pos2:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Иначе Васко Ефтов е цар:vozbud:како се им плескаше во очи:pos2:

Да... Император е.
Онака.. Како се плесна во фаца на припросто изгубено 19 годишно девојче... Класа, нема што...
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Таков си е Васко, нема влакна на јазикот. Ама мислам дека мале повеќе претера со Вики. Кај не ја остави да се докаже девојката, кај инсистираше дека таа се сексала пред камери иако му беше кажано дека не било така.
 

Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.019
Поени од реакции
631
Да... Император е.
Онака.. Како се плесна во фаца на припросто изгубено 19 годишно девојче... Класа, нема што...
Богами класа е !. Иначе тој татко и испадна поголем простак и од нејзе.. Не му пречело да ја гледа ќерката како стенка на ТВ :tapp:.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom