Читам и се смеам, колку некои летаат, ако не му била 500€ платата нема да работил
Гледајте вака на работите: Имате желба да си купите кола, прво ќе купите некое сокапано Фиќо или Пегличка, потоа ќе го продадете и ќе купите Лада или Југо, ќе продадете и ќе купите Голф 2 или Опел Вектра, пак продавате и ќе купите Голф 5 или Пежо 407...
Работите одат полека а не одма да скокате и да се преценувате дека можете и знаете се, мисли ли некој дека ќе добие веднаш плата од 500€ без никакво искуство?
Барајте работа со која ќе вадите некоја пара и преку која ќе запознавате луѓе, секое ново познанство е за вас нова информација и можно ново и подобро работно место, скалесто се успева во животот.
Некој сега ќе каже: Што ни соли овој памет ама треба прво искуство да собирате а другото си доаѓа само по себе...