14-годишнина од Дејтонскиот договор (БиХ)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Во Босна и Херцеговина денеска се одбележува 14-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, правен акт со кој заврши војната во земјата, во која загинаа околу 100 илјади лица и со кој земјата е поделена на два ентитета - Република Српска и Федерацијата БиХ.
За многумина аналитичари и учесници во преговорите најважно и неспорно достигнување на Дејтонскиот договор е тоа што со него се стави крај на војната, но овој акт во ентитетски поделената БиХ и денеска е изложен на критика, со постојани барања за негово доградување.
Дејтонскиот договор е потпишан на 21 ноември 1995 година во воената база Рајт Патерсон во американската држава Охајо, по 20-дневни тешки преговори, под покровителство на САД.
Конференцијата за Дејтонскиот договор траеше од 1 ноември до 21 ноември 1995 година. На неа учествуваа лидерот на босанските муслимани Алија Изетбеговиќ, претседателот на Србија Слободан Милошевиќ, хрватскиот претседател Фрањо Туѓман и главниот американски преговарач Ричард Холбрук, со неговиот тим.

Спогодбата, која е наречена Дејтонска, според гратчето покрај базата Рајт Патерсон, потпишана е на 21 ноември во Дејтон, а парафирана на 14 декември истата година во Париз.
Еден од основните принципи на кои почива Дејтонскиот договор е поделбата на БиХ на два ентитета, по клучот 51 отсто од територијата на Федерацијата БиХ и 49 проценти на Република Српска, како што беше усогласено и со Контакт групата.
Дејтонскиот договор истовремено регулираше многубројни правни и државни прашања, пред се признавањето на БиХ од соседните држави, поделба на власта меѓу државата и ентитетите, враќање на бегалците, статусот на Сараево и други важни прашања за функционирање на земјата.
Договорот во еден момент е прогласен за неуспешен и тоа половина час пред затворањето на конференцијата, бидејќи босанската страна не сакаше да ја прифати финалната спогодба околу статусот на Брчко. Актот сепак успеа, откако во последен момент беше донесена одлука арбитражата за Брчко да се спроведе дополнително. Брчко денес е посебен дистрикт и за многумина претставува БиХ во мало.
Во Република Српска Денот на потпишувањето на Дејтонскиот договор внесен е како државен празник.
Со Дејтонскиот договор предвидено е и воспоставување специјални врски меѓу Белград и Бања Лука и првата таква спогодба е потпишана на 28 февруари 1997 година.

после 14 години од потпишувањето на Дејтон, присутни се различни мислења за овој документ. Тоа во што сите се сложуваат е дека Дејтонскиот договор ја прекина војната во Босна и Херцеговина и заради тоа се смета од најуспешните мировни договори во светот. Меѓутоа, секоја страна на БиХ и понатаму има свое мислење на тој договор како и канцеларијата на високиот претставник. Додека за бошњачката страна, но и Хрватска, Дејтонскиот договор е надминат, српската страна е за негова доследна примена.
Сите овие години БиХ беше без официјална верзија на овој договор, чија копија неодамна е доставена на институциите на БиХ и тоа со посредство на Амбасадата на Франција.
Франција на институциите на БиХ достави копија од оригиналниот Дејтонски договор кој после парафирањето на Париз, беше испратен во Министерството за внатрешни работи на Франција.
Секоја страна на БиХ, како и Канцеларијата на високиот меѓународен претставник имале свои преведени примероци од Дејтонскиот договор додека во институциите на БиХ тој документ го немаше.

------
----------------------------------------
Се на се Босна остана вештачка држава креирана од меѓународната заедница и одржана до ден денес од меѓународната заедница.
Успеа да опстане благодарение на НАТО и ОДХР кои направија работатите да изгледаат такви какви што се. Република Српска е ентитен креиран од НАТО.
Но прашањето сега е дали БиХ ќе остане држава и дали големите сили ќе се решат да ја растурат или тоа е во спротивно на нивните интереси?
Војната во 90. години беше креирана од западниот свет и присилениот Дејтонски договор за спас на србите? Дали оружјето кое се распродаде и воените мисии цели 15 години до денес беа целта на истата?
 
Дејтон е глупост невидена.Направи држава во држава.Направи 2 ентитета,за 3 народа:tapp:.БиХ е банана република,која пола од народот таму не ја смета за своја држава.Во живот ја одржува само ЕУ.
 
Се сомневам оти ке има прослава на 15 годишнината.
 
Се сомневам оти ке има прослава на 15 годишнината.

Само ако не им одговара на меѓународна заедница може да нема прославаза 15. годишнина!
Бидејќи и онака војната беше креирана и поддржана од западот и завршена од западот. Се за интересот и моќта што ја доби меѓународната заедница.
Република Српска беше креирана од Дејтонски договор, и цели да се одржува сама ама федерација бих е одржувана од меѓународна заедница и го оспорува дејтонски договор.
 
Се согласувам дека ќе има прослава ако му одговара тоа на западот,но не дека западот ја креираше војната.
 
Веќе еднаш реков,самите босанци не кријат,да можат истиов момент ке започнат нова војна.
 
Не верувам во распад на Бих,бидејќи по дифолт имаме нова муслиманска град држава.

Не верувам тоа да го дозволат европјанииве,а инаку војната во Југославија беше SIDE EFFECT На преголемата совршена ЉУБОВ а.к.а братство-единство-тројство.
 
Охооо помоз бог...добар клип брееј ова од ,,Неретва,, филмот како беше само една песна што ја пееа ,,Партизани црни врани,,.
Туку се вклопува во она што го кажав нели?Да може одма би завојувале....цццццц.
 
Дејтон е глупост невидена.Направи држава во држава.Направи 2 ентитета,за 3 народа:tapp:.БиХ е банана република,која пола од народот таму не ја смета за своја држава.Во живот ја одржува само ЕУ.

Дејтонскиот договор пред се ја запре војната во која се одеше на тоа една страна да победи. Србите почнаа опасно да губат на сите фронтови и претеше да бидат уништени. Во такво сценарио и Хрватите подоцна ќе беа десеткувани уз огромни жртви кај Бошњаците кои и онака најмногу изгубија.

Но Дејтонскиот договор не воспостави реална основа за функционирање на државата БиХ со двата ентитети. Остави многу прашања отворени за кои не е можно решение сем со сила (како што впрочем прави Високиот претставник, кој пак има апсолутна моќ). Значи во основата има “фабричка’’ грешка со која сите се незадоволни.

Целовита БиХ е во интерес на Македонија но од политички аспект што тоа носи е сосема друго прашање на кое и Хрватите и Србите и Бошњаците не даваат “убав’’ одговор.
 
Па баш и немаше,Хрватска во тој момент имаше силна армија.Јест да дејтон стави крај на војната,но не е тоа тран мир.Ако не сменат нешто,кај и да е ќе пукне.Во Босна секоја 2 или 3 куќа со пушки во подрумот чека да се пукне пак.

Целовита БиХ,како и целовито Косово нормално дека и одат во прилог на Македонија, бидејки ако се расцепкаат и двете ќе им се даде овде оправдување и нашиве браќа да си се приспојат со Албанија.
 
Мое мислење е ...
Дека дејтонскиот договор е само привремено решение, кое не би требало толку долго да трае, цели градови им е закочен развитокот ради администритивните поделби и бирокаратијата.

Мислам дека ради кризава и ред други работи ќе има прекројување на граници по балканов.
Само мене ме интересира дали ќе биде мирно и тивко или па пак ќе ги гледаме по CNN
 
Ова со Дејтон е многу промашена работа. Демек не можеле да ги смират па ги поделија. Не е така! Ги скараа и ги поделија! Западот ја заеба во Босна како и за се живо диво на Балканаов има дадовме се што имаат и не направија животни се испотепавме и се испокаравме секој со секого. УЖАС!!!!!
 
А ние 9 Години од Охридски ќе вадиме...Ајде следната година заедно со Босанците како 2 „договорни“ држави може Јубилеј да славиме 15 години Дејтон 10 Охрид.
Секоја држава која се базира на договор на хартија нема долга иднина.
Непишаните договори вредат повеќе од потпишаните СЕКОГАШ.
 
Ова со Дејтон е многу промашена работа. Демек не можеле да ги смират па ги поделија. Не е така! Ги скараа и ги поделија! Западот ја заеба во Босна како и за се живо диво на Балканаов има дадовме се што имаат и не направија животни се испотепавме и се испокаравме секој со секого. УЖАС!!!!!

Прво храна со оружје па Ракмовен Дејтонски итн...
Па на крај воени мисии и моќ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom