Tалентот и трудот се гледаат на долги стази.
Кога една иста задача им е доделена на двајца од кои едниот е талентиран а другиот е неталентиран, се подразбира дека оној кој им ја доделил ќе обрати повеќе внимание на талентираниот. Тој ја сработува задачата за побрзо време во однос на другиот. Но колку талентот е дар, толку може да биде и маана. Кога талентираните добиваат почесто пофалби, почнуваат да се здружуваат со мрзеливоста, односно да спијат на увце дека секоја работа може благодарение на таленот да се заврши за кратко време и лесно. Додека оние неталентираните имаат еден здрав инает кој што испливува подоцна. Тие знаат дека немаат талент и знаат дека единствениот адут кој им е на располагање е трудот. Затоа секоја доделена задача ја извршуваат трудољубиво, поспоро но упорно и затоа добиваат на долги стази. Со тек на време талентираниот станува мрзелив и заостанува, неталентираниот станува уште поупорен и подобар.