Труд или талент

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Ок, знаеме дека се потребни и двете работи ако сакаме успех.
Некои луѓе сметаат дека вистинскиот рецепт за успех е 90% труд и 10% талент.
Дали навистина може да се замени неталентираноста со вложување на поголем труд?
Дали талентот е пресуден за некоја работа да се изведе одлично?
И што ние како набљудувачи на нешто, што вреднуваме повеќе?
Оној, кој за да изведе некоја работа вложува максимални напори, или оној кој истата работа ја извршува со еднаков квалитет но со поголема леснотија и со значително помалку труд?
Што од овие е за поголема пофалба?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Неможе да се фали за некој што има талент, тоа е дел од него и не го направил тоа за да го има туку едноставно го има. Додека трудот е нешто што поединецот го прави т.е. се труди. Трудот е мерка за вредност во која било професија, а вредноста е таа што се бара секаде. Талентот е карактеристика од раѓање но немора да значи дека само со тален може да бидеш успешен зашто ако нема труд тука нема ни некоја вредност.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.308
Поени од реакции
30.644
Талентот се усовршува со труд. Значи трудот е круцијален во се. Јас така сваќам.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
502
Поени од реакции
113
...Другар мој што црта значи преубаво ..ќе мрдне со молив и прави чуда!...
и ми има кажано дека талентот е само 2% се друго (98%) е вежбање и труд:toe:
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Неможе да се фали за некој што има талент, тоа е дел од него и не го направил тоа за да го има туку едноставно го има. Додека трудот е нешто што поединецот го прави т.е. се труди. Трудот е мерка за вредност во која било професија, а вредноста е таа што се бара секаде. Талентот е карактеристика од раѓање но немора да значи дека само со тален може да бидеш успешен зашто ако нема труд тука нема ни некоја вредност.
Да, но најчесто од страна земено се цени повеке талентот.
Во најголем број од случаите пофалба се дава на оние кои со леснотија ги совладуваат пречките и притоа не вложуваат труд, или тоа е минимално, во спротивност од оние кои ги совладуваат пречките еднакво добро но со многу поголем напор.
Дали како род сме склони да го цениме повеќе она кое го имаме во себе, во однос на она кое го стекнуваме со сопствената работа?
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Ок, знаеме дека се потребни и двете работи ако сакаме успех.
Некои луѓе сметаат дека вистинскиот рецепт за успех е 90% труд и 10% талент.
Дали навистина може да се замени неталентираноста со вложување на поголем труд?
Дали талентот е пресуден за некоја работа да се изведе одлично?
И што ние како набљудувачи на нешто, што вреднуваме повеќе?
Оној, кој за да изведе некоја работа вложува максимални напори, или оној кој истата работа ја извршува со еднаков квалитет но со поголема леснотија и со значително помалку труд?
Што од овие е за поголема пофалба?

Јас сметам дека неталентираноста дефинитивно може да се замени со вложување труд па дури и да се постигне подобар ефект.Еве еден пример,Србинките Ана Иванович и Јелена Јанкович.Јас мислам дека АИ и далеку поталентирана од ЈЈ но престана да вложува труд(т.е да тренира) и еве ги резултатите,испадна од топ 20,додека ЈЈ која не е толку талентирана со труд и континуирано тренирање успеа да се задржи во топ 10.Секако ова е мој личен став,што не значи дека сум во право...:wink:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Во најголем број од случаите пофалба се дава на оние кои со леснотија ги совладуваат пречките и притоа не вложуваат труд, или тоа е минимално, во спротивност од оние кои ги совладуваат пречките еднакво добро но со многу поголем напор.
Од каде пак сега ова.
Јас знам дека пофалбата се добива после постигнатите резултати,а никој не те прашува дали ти си одвоил 3 дена или 2 недели за одредена работа.
Овде станува збор за едноставна психологија,интелигенција и поделба на интелигенцијата. Една професорка вака ги подели тие магични проценти- 99% работа и 1% талент.Тој 1% талент ги истакнува оние ...хм,ајде така да ги наречам- посебни луѓе,кои впиваат веднаш штом ќе им се сервира некоја информација. Но од искуство- и тоа не вреди ништо ако не се искористи додека ''не е поминат рокот на траење''. Се зависи од тоа за каква област станува збор,колку таа претставува интересна за нас,и дали сме спремни да се потрудиме а не да се потпреме на роднините што ни рекле дека знаеме да собереме 2+2,т.е. - Сине ти имаш талент за математика.
Дали како род сме склони да го цениме повеќе она кое го имаме во себе, во однос на она кое го стекнуваме со сопствената работа?
Немаш ништо во себе додека не земеш да поработиш на случаите. Само никулци кои чекаат на тебе ти добро да ги искултивираш. Некој е од подобра сорта,некој не е,за некој треба повеќе време за некој помалку,и после е она што велат- крајот го краси делото. Конкретно за мене зборувам,јас уживам и ми е најнова фиксација кога гледам дека она во кое сум вложила труд со сопствена мака ( и непреспани ноќи и гризани нокти и подочници до колена и така натаму :smir:)) вродило со резултати.
Би го поставила јас прашањето вака- Дали ние како род сме склони да се жалиме на сопствениот неуспех за кој не е виновен никој друг освен ние самите,па веднаш го фрламе љубоморното око на ''талентираните'' и почнува процесот за самосожалување и самопотценување.Сите можеме,само не секој е свесен за тоа,се додека кратерите созадени од загубеното време потрошено на себесожалување (јас не можам синдром) не почнат да ни тежат на грб.
 

Janev

____________
Член од
27 март 2007
Мислења
2.856
Поени од реакции
58
Како што кажа Симона 2% талент сето друго е труд, нормално потребно е љубов кон тоа што го правиш, да бидеш заинтересиран....

пс. мислам дека имаше ваква тема во врска со талентот и трудот??
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Trud ti e potreben za da bides uspesen ili mnogu uspesen, a talentot za da bides vanseriski. :toe:
 
S

smart ass

Гостин
Одговорот е едноставен-што е тоа што од животно направило човек??

ТРУДОТ.:smir:
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
78
Поени од реакции
6
Факт е дека за да успее човек потребни се двете -и труд и талент. Без разлика на талентот, без работа на истиот нема резултати. Меѓутоа, во кое поле ќе успее некој- е тоа нешто го одредува талентот. Прост пример:Кај можам јас да играм фудбал без разлика колку и да вежбам како некој природно талентиран за тоа? И обратно он не може да решава задачи како мене.
Со трудот може да се достигне одреден степен на усовршување, и прекрасна особина е трудољубивоста, али да не се оди до екстреми, од причина што некои работи со сила не бидуваат.
Најубаво е човек да го вложува својот труд таму каде најмногу го бидува и секако , резултатите би биле најдобри.
 
S

smart ass

Гостин
Акалот...јасно фала богу.

Магарето има една човечка особина-инат:icon_lol:
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Од каде пак сега ова.
Јас знам дека пофалбата се добива после постигнатите резултати,а никој не те прашува дали ти си одвоил 3 дена или 2 недели за одредена работа.
Овде станува збор за едноставна психологија,интелигенција и поделба на интелигенцијата. Една професорка вака ги подели тие магични проценти- 99% работа и 1% талент.Тој 1% талент ги истакнува оние ...хм,ајде така да ги наречам- посебни луѓе,кои впиваат веднаш штом ќе им се сервира некоја информација. Но од искуство- и тоа не вреди ништо ако не се искористи додека ''не е поминат рокот на траење''. Се зависи од тоа за каква област станува збор,колку таа претставува интересна за нас,и дали сме спремни да се потрудиме а не да се потпреме на роднините што ни рекле дека знаеме да собереме 2+2,т.е. - Сине ти имаш талент за математика.

Немаш ништо во себе додека не земеш да поработиш на случаите. Само никулци кои чекаат на тебе ти добро да ги искултивираш. Некој е од подобра сорта,некој не е,за некој треба повеќе време за некој помалку,и после е она што велат- крајот го краси делото. Конкретно за мене зборувам,јас уживам и ми е најнова фиксација кога гледам дека она во кое сум вложила труд со сопствена мака ( и непреспани ноќи и гризани нокти и подочници до колена и така натаму :smir:)) вродило со резултати.
Би го поставила јас прашањето вака- Дали ние како род сме склони да се жалиме на сопствениот неуспех за кој не е виновен никој друг освен ние самите,па веднаш го фрламе љубоморното око на ''талентираните'' и почнува процесот за самосожалување и самопотценување.Сите можеме,само не секој е свесен за тоа,се додека кратерите созадени од загубеното време потрошено на себесожалување (јас не можам синдром) не почнат да ни тежат на грб.
Да, се цени готовиот производ/идеја, но тоа е така за некој кој го гледа само готовиот производ а не процесот на изработка.Кога веќе спомна математика:Два ученика решаваат иста задача.Едниот ја решава за 2 минути, другиот му треба повеќе време и труд но 1 минута подоцна ја решава задачата и го добива истиот резултат.Што мислиш на кого наставничката ке му посвети повеќе внимание и кој ќе биде пофалениот?
Додека, нормално, ако решаваат тест исто ке бидат вреднувани.
За вистински успех се потребни и двете работи.Но што ако имаме ситуација каде што некој вложува труд но нема талент и добива некојси делумен успех и некој што има талент но не вложува труд и повторно добива делумен успех.Кој би добил повеќе почитување од околината?

А тоа дека сме склони да се жалиме за сопствениот неуспех не е нова работа.Сите го правиме повеќе или помалку и зависи до карактерот на личноста, но тоа е веќе друга област.:smir:
 
Член од
12 ноември 2009
Мислења
53
Поени од реакции
0
талентот без труд закржлавува
 

Kajgana Shop

На врв Bottom