Дали е соборен преку инфрацрвено наведување? Имаш некој линк каде што тоа се тврди?
Освен намалената радарска видливост кај F 117 (а и кај другите стелт авиони), големо внимание е посветено и на намалување на топлотниот одраз на авионот. На пр. кај F 117 млазниците се максимално широки, за да се овозможи брзо ладење на издувните гасови. Се разбира, сето ова има големо влијание врз перформансите на моторот. Потоа на уводниците за воздух има поставено решетки, а и поради самиот облик и материјалите добиени се стелт карактеристики, но сите други се карактеристики се многу лоши и без компјутерска стабилизација овој авион не може ни да лета.
Инаку колку што знам F 117 има најдобри стелт карактеристики во однос на сите други авиони. Кај B-2 можеби е полесно бидејки и така тој лета на големи висини. Но и покрај стелт, се применуваат и кај вакви авиони при нивните мисии мерки за активно електронско попречување. Предност е што за заштита на ваквите авиони можат да се користат предаватели со многу помала снага. (сместен на беспилотно летало на пр.) Можеби и поради непримената на вакви мерки, или поверојатно поради лоша координација со авионот кој што обезбедува електронска заштита, е соборен...