Соборениот Stealth во Југославија ( 1999г )

  • Креатор на темата Креатор на темата DarkCore^
  • Време на започнување Време на започнување
Многу контраверзии предизвика темава :)

Тој систем..СА3 нева,беше модифициран,и надграден...Мислам има можност и за инфрацрвено,односно топлотно наведување.

Инаку ракетата е двостепена.

А и самата Стелт технологија е попрактична за стратегиско бомбардирање на непослушни бастарди,како што беше милошевич,Ф-117 и не е баш толку невидлив во споредба со B-2 чиј одраз е еднаков на птица..сега дал орел или сокол незнам,ама во главно маестрално деле о...ама скапо 2милијарди долари,понатаму треба хангари со посебна температутра(и клима бара авионот).:toe:
 
Дали е соборен преку инфрацрвено наведување? Имаш некој линк каде што тоа се тврди?

Освен намалената радарска видливост кај F 117 (а и кај другите стелт авиони), големо внимание е посветено и на намалување на топлотниот одраз на авионот. На пр. кај F 117 млазниците се максимално широки, за да се овозможи брзо ладење на издувните гасови. Се разбира, сето ова има големо влијание врз перформансите на моторот. Потоа на уводниците за воздух има поставено решетки, а и поради самиот облик и материјалите добиени се стелт карактеристики, но сите други се карактеристики се многу лоши и без компјутерска стабилизација овој авион не може ни да лета.

f-117-960911-F-00000-002.jpg

Инаку колку што знам F 117 има најдобри стелт карактеристики во однос на сите други авиони. Кај B-2 можеби е полесно бидејки и така тој лета на големи висини. Но и покрај стелт, се применуваат и кај вакви авиони при нивните мисии мерки за активно електронско попречување. Предност е што за заштита на ваквите авиони можат да се користат предаватели со многу помала снага. (сместен на беспилотно летало на пр.) Можеби и поради непримената на вакви мерки, или поверојатно поради лоша координација со авионот кој што обезбедува електронска заштита, е соборен...
 
Предноста на „стелт“ е дека не се појавува на радар.

А тоа не значи дека не може да се види, и слушне.

Причината за погодувањето на стелтот е чиста среќа на залутана ракета. Ниту ќе го виделе кога поминал, ниту ќе го погоделе и да го циљале.
 
Имаше интервју со пилотот на стелтот и со маџарот што го рокнал. Многу интересно, али сепак стелтот се гледа на радар ако е доволно блиску (само нејасно, како јато птици) али Золтан Дани и колегите му процениле отприлика каде би можеле да поминуваат, начекале и испалиле три мислам ракети од кои едната го погодила.

Инаку стелтот мора да лета по точно определени коридори за да не се приближува на радарите многу, повторно Стелт значи прикриен а не невидлив.

А за сите приказни со воздушните борби кои демек се одвивале во 99-а нас Србија ако можете најдете ја емисијата „Нико није рекао нечу“ каде пилотите отворено си кажуваат дека не успеале да испалат ниту една ракета кон НАТО авионите а камоли да соборат некој.

После 10 години санкции и неодржување откажале добар дел од инструментите и само на два МИГ 29 имале функционални радари, а 21-те не ни полетале зошто џабе гориво ке трошеле.

Најголем „успех“ е што еден пилот трипати избегнал по 5-6 ракети и се вратил во база.

Интересно е што еден од пилотите кој бил соборен од НАТО авијацијата е мајор Муртеши, кој е косовски Албанец али летал за Србија. И сега е во пензија и не смее да се врати дома.
 
Предноста на „стелт“ е дека не се појавува на радар.

А тоа не значи дека не може да се види, и слушне.

Причината за погодувањето на стелтот е чиста среќа на залутана ракета. Ниту ќе го виделе кога поминал, ниту ќе го погоделе и да го циљале.
Ja ко што знам стелтот им паднал сам на србите ради malfunction :) Не собориле ништо они :) Барем така ми кажаа до сеа сите постари шо ги прашав шо нешто од нешто знаат за војната..
 
Абе имаше интервју со пилотот на стелтот на хистори ченел. Го собориле.
 
Не сте во тек :)
Едниот стелт го собрале Србите . А другиот (за кој и незнам дали паднал) го собрале нато . и пилотот го земале со Хелихоптер веднаш по несреката :pipi:

Поздрав
 
Пилотот не бил катапултиан од стелтот, еве го седиштето

ejectionseat.jpg

f117wreck02.jpg

f117wreck12.jpg

Повеќе фотки
http://www.serbnews.com/f117.html

Најверојатно погинал и пилотот, изгледа некој тука лаже
 
Причината за погодувањето на стелтот е чиста среќа на залутана ракета. Ниту ќе го виделе кога поминал, ниту ќе го погоделе и да го циљале.
Иако тоа упорно се тврдеше за да ја намалат штетата од настанов,навистина не е во ред да се тврди такво нешто.За почеток ЈНА го имаше системов во број кој не дозволува испукување ракети на утума.Па не е тоа ПА топ и пукај колку можеш па ако погодиш.Секоја ракета се лансира откако ке заземе елементи комплет системот.Соборувањето е извршено по неколку дневно набљудување и со користење на прирачни постапки,кои гледани од аспект на високософистицираните и шаблонски Американци можеби изгледаат примитивни ама ете се делотворни.Значи ПВО на Србија во тоа време беше делот од војската кој врз себе го презеде најгломиот товар од одбраната на земјата и фактички беа во борба 24 ч.Просто си се адаптирале ја искористиле ароганцијата и неинвентивноста на пилотите на НАТО и им дале по нос.Не се работи за утума ами добро организирана акција и импровизација на бојно поле.Затоа и напомнав во претходниот пост дека во ЈНА во тоа време се посветуваше огромно внимание на образованието на кадарот почнувајќи од првите редови.

Ja ко што знам стелтот им паднал сам на србите ради malfunction :) Не собориле ништо они :) Барем така ми кажаа до сеа сите постари шо ги прашав шо нешто од нешто знаат за војната..
А како го објаснуваат тоа што личел на сито кога паднал?Само немој да речеш кога паѓал дека го погодиле со топови...

Не сте во тек :)
Едниот стелт го собрале Србите . А другиот (за кој и незнам дали паднал) го собрале нато . и пилотот го земале со Хелихоптер веднаш по несреката :pipi:

Поздрав
Е дај бе другар стави некој извор.Овака испаѓа ти знаеш се само не изпитуваш што знаеме ние.Посебно ме интересира како го собрале овој вториов,дали донеле багер или кран во сред србија или стиснале пауза на војнава дур не ги соберат сите делови?

Пилотот не бил катапултиан од стелтот, еве го седиштето
Најверојатно погинал и пилотот, изгледа некој тука лаже
Пилотот е жив и здрав и дури еднаш бил поканет да присуствува на годишнината од соборувањето.Да останело седиштето во авионот немало да биде во таква состојба туку парчиња или изгорено.
 
Дали е соборен преку инфрацрвено наведување? Имаш некој линк каде што тоа се тврди?

Освен намалената радарска видливост кај F 117 (а и кај другите стелт авиони), големо внимание е посветено и на намалување на топлотниот одраз на авионот. На пр. кај F 117 млазниците се максимално широки, за да се овозможи брзо ладење на издувните гасови. Се разбира, сето ова има големо влијание врз перформансите на моторот. Потоа на уводниците за воздух има поставено решетки, а и поради самиот облик и материјалите добиени се стелт карактеристики, но сите други се карактеристики се многу лоши и без компјутерска стабилизација овој авион не може ни да лета.

f-117-960911-F-00000-002.jpg

Инаку колку што знам F 117 има најдобри стелт карактеристики во однос на сите други авиони. Кај B-2 можеби е полесно бидејки и така тој лета на големи висини. Но и покрај стелт, се применуваат и кај вакви авиони при нивните мисии мерки за активно електронско попречување. Предност е што за заштита на ваквите авиони можат да се користат предаватели со многу помала снага. (сместен на беспилотно летало на пр.) Можеби и поради непримената на вакви мерки, или поверојатно поради лоша координација со авионот кој што обезбедува електронска заштита, е соборен...

Ама сигурно и термо наведувањето има улога,иако ракетата на СА3 е двостепена,колку што знам биле испалени 2 ракети.
СА3 е закана и за маневраблни авиони,а камо ли па за откриен Ф-117 кој и нема добри маневарски способности.

Истиот систем собори и повеќе беспилотни летала,значи не се само два авиона како што тврдат .
Б-2 има далеку поголема невидливост од Ф-117,имајќи ја предвид неговата големина а и секако не се истите материјали,а Б-2 користи и посебен слој за апсорбирање на радарските бранови.
 
Можеби го погодиле со пиштолче ! не се заебавајте.
Има на интернет . Многу клипови . Ноо да ви кажам нешто . Стелтот е прикриен на радар . значи чисто сумњам дека имале радар за стелтови највеке сум сигурен дека е погоден со следечка ракета.
 
Дали некогаш се читаш воопшто што пишуваш?Како може невидливост да биде поголема или помала кога е НЕвидливост?

Треба да капираш.Се мисли на односот Големина на авионот и радарскиот одраз.

Сега се надевам е појасно,оти има разлика Ф-117 да биде јато птици,ама има разлика и од Б-2 орел или соколче.
 
Ама сигурно и термо наведувањето има улога,иако ракетата на СА3 е двостепена,колку што знам биле испалени 2 ракети.
СА3 е закана и за маневраблни авиони,а камо ли па за откриен Ф-117 кој и нема добри маневарски способности.

Истиот систем собори и повеќе беспилотни летала,значи не се само два авиона како што тврдат .
Б-2 има далеку поголема невидливост од Ф-117,имајќи ја предвид неговата големина а и секако не се истите материјали,а Б-2 користи и посебен слој за апсорбирање на радарските бранови.
Добро, но човекот кој што го соборил тврди дека авионот е фатен на радар. (Има видео на предходната страна). А топлотниот одраз на авионот е исто така довоеден на минимум, како што спомнав т.е. моторот е изолиран, млазнците се така изведени за да овозможат ладење на издувните гасови.

Иако е прв стелт, кај оние кои што дошле после него не се правени такви компромиси со цел да се добијат подобри стелт карактеристики, на сметка на се останато. Имаше мислам некој фактор за радарската видливост во однос на површината на авионот и колку што знам F 117 тука е најдобар.
 
Треба да капираш.Се мисли на односот Големина на авионот и радарскиот одраз.

Сега се надевам е појасно,оти има разлика Ф-117 да биде јато птици,ама има разлика и од Б-2 орел или соколче.

Не туку ти треба да не пишуваш нешто што не разбираш.Невидливост постои само во оние твоите СФ филмови.Така да батали капирањето.Тешко оти и ти самиот се капираш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom