- Член од
- 8 февруари 2007
- Мислења
- 2.931
- Поени од реакции
- 251
Полковник Золтан Дани стоеше зад еден од најспектакуларните порази на американската авијација, соборувањето на стелтот F-117A во 1999-та. Тоа се случи само три дена по започнувањето на авионската офанзива врз Југославија освен еуфорија кај Србите ("Извините, нисмо знали да је невидљив") внесе многу сомнеж во самата стелт технологија. Шест години подоцна, човекот кој командуваше со против-авионската единица што го собори авионот, прв пат прифати да зборува за западните медиуми.
Во интервју за Асошиетед Прес, Дани изјави дека F-117A бил соборен со ракета земја-воздух SA-3 од советско производство.
Полковникот изјави дека тие го модификувале системот за наведување на прастарите советски SAM-ови кои потекнуваат од 60-тите за да можат да ги детектираат американските стелтови, но рече дека тие технолошки цаки се уште се воена тајна.
"Многу пред 1999 се заинтересирав за американските стелтови и после сите проучувања заклучив дека не постојат невидливи авиони," изјави поранешниот офицер на српската војска, кој сега води мала фурна близу Белград.
F-117 беше развиван во најстрога тајност во 70-тите, влезе во употреба во 1983, на јавноста и беше претставен во 1988, прво воено крштевање имаше во инвазијата на Панама во 89-та а своите ѕвездени мигови ги доживеа во текот на Заливската војна од 1991 година.
И покрај целосната НАТО доминација во воздухот за време на нападите врз Југославија, српските САМ-ови цело време останаа потенцијална опасност за авионите на Алијансата, принудувајќи ги да летаат на големи височини каде беа безбедни од ракетите земја воздух но и помалку ефикасни во нападите.
Освен стелтот, југословенската војска сруши уште еден авион, F-16, исто со ракета SA-3 а неговиот екипаж подоцна беше спасен од хеликоптери на НАТО.
Дани тврди дека надмоќната американска машинерија во многу погледи делувала прилично аматерски и дека неговите дури успеале да ги прислушкуваат разговорите меѓу пилотите на борбените авиони и АВАКС-ите.
Што мислите вие . дали ова е вистина . јас мислам дека е но сепак незнам како го погодиле коа стелтот е Невидлив на радар
Што мислите вие . дали ова е вистина . јас мислам дека е но сепак незнам како го погодиле коа стелтот е Невидлив на радар