Поубаво стојат и обожавам чевли на висока потпетица, душа давам за нив ги имам секакви и во сите бои. Ама ги практикувам за вечерни излегувања и за свечености.
А за денски излегувања, за на работа, факултет, шетање низ град многу сакам балетанки, во пролет/есен ги носам најчесто. Али преферирам поелегантна балетанка дури може и на мала т.е ниска штикличка да се иако тоа во кондура спаѓа вајда. Не можам со 8ка штикла да одам на работа секој ден. И навистина балетанките се удобни (некои и не се нормално како секоја обувка
), aма не би ги носела на посвечена гардароба.
Еве вакви слични би носела и носам ...
А вакви поспортски и со ластик целосен никогаш нема да носам.
Мене малку ме изненади темава. Мене не ми е нормално па девојчиња да носат штикли преку ден. Друго е жени за на работа, ама јас не сакам кога ќе видам некоја во штикла во сред бел ден. Оди за да се прошета низ гтц и на кафе у 12 саат во 10ка штикла. Одвратно. А патиките се спортски. Затоа некоја средина се токму балетанкиве. Баш ги сакам, ни се спорстки ни се елегантни и на висока штикла. Обувка за денско шетање во пролет и есен кога неможеш да носиш сандали и чизми
Зборот ми беше дека девојката не мора да носи штикли за да изгледа фино,посебно преку ден подобра опција се удобните обувки.
Ако може да кажеш што е удобна обувка?
Ете пролет и есен е, не може да се носи чизма зашто е топло, за сандала отворена е ладно. Што е удобна чевла за тој период? Ама тоа да не е патика!
Ако отиде девојка во продавница единствен избор и се балетанки и чевли на штикла!