Смртни случаи од грипот А (Х1Н1) во Македонија

Член од
20 јануари 2009
Мислења
654
Поени од реакции
535
Веќе се 12 :nesvest: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117284

ова е застрашувачко, работите излегуваат од контрола, луѓето паѓат ко круши... незнам шо ќе прајме... Ќе почниме секое сабајле да се молиме да не се заболиме денес од свински грип.
Јас лежев на болница, 1 недела, таму сите пациенти се третираат како да се болни од свински грип, а и ни даваа терапија за свински - тамифлу. Мислам дека тоа не е во ред и дека мора да се превземи нешто за да се констатира 100% од што е пациентот болен. Вака не е во ред
 
Член од
25 април 2005
Мислења
162
Поени од реакции
5

Ti kazaa li so potocno imas ili nema vrska sekoj so e griposan odma mu prepisuvaat tamiflu?
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
794
Поени од реакции
330
Мене ме интересира дали некој овие имаат спасено, оти чим кажат го приклучивме на респиратор за два дена чоекот е капут.
 
Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26
Мене ме интересира дали некој овие имаат спасено, оти чим кажат го приклучивме на респиратор за два дена чоекот е капут.
Ако одма чим дошол го приклучиле, значи ептен било критично => се лечел дома подолго и болеста напреднала. Нормално дека нема да издржи и за два дена капут:toe: Бар ја така си претпоставувам.
 
x7Monster

kajgAnster!
Член од
4 декември 2009
Мислења
325
Поени од реакции
6
Едвај спасиле 1 или двајца.Што не ги затворат училиштата, за да нема несакани пренесувања од ученик на ученик.А и оваа страшно е во струмица има 4 заразено мош и повеке!
 
Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464

4 се ништо во споредба со тоа што се претпоставува дека ќе следува, односно барем третина од населението да заболи.
Не знам што е толкава паника, поголеми се шансите да починеш од обичен сезонски грип отколку од свински грип. Да, има во последно време неколку смртни случаи, меѓутоа ако добро слушнете кажуваат дека сите биле донесени во тешка состојба.
Најдобро е за секој, штом има било каков симптом да отиде на лекар да се прегледа, затоа што било која болест ако не се лекува навремено и правилно може да предизвика смрт.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Како што сум ифрид од овој грип ќе мора преку твојов пост да го искажам мојот револт.Како сакаат навреме да пријавиш,кога те враќаат со антибиотик и ти викаат ако не падне температурата или ако ти е полошо пак да се вратиш!Вчера со температура,лошење,вртоглавица и кашлица го вратија со амоксиклав,за да денес го примат на инфузија и му дадат тамифлу!И у стил ако и од ова не помогне,дојди да те приклучиме на апаратот на смртта!
Јас разбирам дека е паника,хаос,гужви на врата,ама млади да третираш како кучиња не ми е јасно.Никогаш не сме имале здраство,никогаш!Само ако му се случи нешто,цела болница ќе ја дигнам во вис.
Дотогаш само Бог остана,да му се молам,бидејќи се што е човечко е за на депонија.
 
Точно е дека некои доктори не знам како воопшто стигнале на клиника, се однесуваат како никогаш да не дале Хипократова заклетва. Во клиника кога одиш очигледно треба да се молиш да ти се погоди некој асален доктор или да наоѓаш врски за да имаш добар третман.
Се надевам дека личноста за која збориш ќе биде подобро, без разлика на однесувањето на докторите..
Се замислив сега, што се случува со приватните болници? Дали воопшто примаат пациенти со симптоми на свински грип, или за нив се задолжени само Државна и Воена болница?
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
И јас да дадам придонес дека имаа обид 3 годишно дете во критична состојба да го вратат дома без терапија. Не се случи тоа зошто имаше доктор на ѕид залепен.

Не ми кажувајте приказни како дома се сами третираме и како касно одиме на лекар.

Нема инфективни одделенија по приватните болници.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.989
Поени од реакции
74.087
Станува многу загрижувачки ова бе :nenene:
Како што ме стегаат градиве од време на време а и сум настинат само го чекам моментот да се најдам на последна страна на некој весник:uvo:
 
Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
И јас да дадам придонес дека имаа обид 3 годишно дете во критична состојба да го вратат дома без терапија. Не се случи тоа зошто имаше доктор на ѕид залепен.

Не ми кажувајте приказни како дома се сами третираме и како касно одиме на лекар.
Страшното е тоа што доколку докторите беа нормални и немаше случаи ко што кажавте ти и Леандра, можеби немаше ни да има толку смртни случаи деновиве:uvo:
 
Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
3 нови жртви од грипот...со тешки симптоми на бронхо пнеумонија.
 
Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Станува многу загрижувачки ова бе :nenene:
Како што ме стегаат градиве од време на време а и сум настинат само го чекам моментот да се најдам на последна страна на некој весник:uvo:
:pos2::pos2::pos2: Isto se osekam :pos2:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Абе аман веќе 12 . . . Секој ден се повеќе и повеќе, па мора нешто да се превзема бе луѓе, само кажуваат секој ден заболени колку примиле, и колку се во тешко состојба и колку умреле. Инаку како што кажуваат сите што умираат биле на респиратори, така да ако се дојде до тоа, нема спас.:tapp:

И аман веќе нека дадат распуст !:pipi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom