Зошто почнавте да објаснувате за магнетни полиња? И да има поврзаност со концептот на нихилизам, (водејќи се од правилото дека филозофијата е теориска омнипотенција) пак отиде накај офтопик.
Јас лично, нихилизмот не го гледам како пасивизам или како елементарно неприфаќање на општествените неподобности in the eye of the beholder. За мене нихилизмот е ограничен прогресивизам. Проактивност се до степенот на рушење на тие неподобности. Од прочитаното, како вистински нихилисти, барем меѓу оние од социјалниот, општествен елемент, ги гледам нихилистите од времето на Романови во царска Русија и од периодот на Soviet Russia.
Што се мисли под тоа дека нихилистите се ограничени прогресивци?
Се мисли на тоа дека во сржта на нихилистичкото размислување не се концептите по кои после промената на поредокот општеството би се градело, туку лоцирањето на круцијалните фалинки на актуелниот поредок кои тие се стремат да ги срушат. Нихилистот е антропоморфен балансер без вистински идеолошки импринт и тој ја субјективизира радикално општествената правда без предодреденост во делувањето. Историски гледано, нихилистите делувале во својство на заедница и помогнале при уривање на политички догми, диктатури, деспотии, западњачки шеријати...за потоа да остават бришан простор истите повторно да се реституираат, само со нови и поцврсти темели. Затоа денешните нихилисти се извитоперена, индивидуализирана и непотребна појава во средината. Елементот на заедничка кауза е мртов во модерната ера. Мегахипнозата го направи своето.
Ако нихилистите го исконципирале правилно фактот дека борбата во општеството неможе да има еден луциден победнички крај, туку дека тоа е континуирана борба во која субјективните вредности на различните идеологии создаваат кохерентна маса на еден одржлив систем кој треба да се...хехе...надградува и проширува, тогаш можеби денес училиштата ќе носеа имиња на славни нихилистички правоборци, феникси на правдата и тие немаше да избледнат како статистичка бројка во секоја борба за одржување на човечноста.