Нихилизам

  • Креатор на темата Креатор на темата Господ
  • Време на започнување Време на започнување
Г

Господ

Гостин
Нихилизам(лат.Nihil=ништо)е философија според која светот,минатото,и сегашното постоење на човекот е без посебна цел вредност или смисла.

Форми на Нихилизам

Морален Нихилизам:Морален или етички нихилизам расправа дека моралот како општествена вредност и норма не постои така да ниедно дело добро или лошо не е санкционирано.
На пример Морален нихилист смета дека убиството не е ниту добар ниту зол чин.

Егзистенцијален Нихилизам:Егзистенцијалниот Нихилизам расправа дека животот нема смисла или духовна вредност.

Епистемолошки Нихилизам:Овој вид нихилизам може да се смета за екстремен вид на скептичност каде сето знаење е одбивно и забрането.

Мереолошки Нихилизам:Мереолошки нихилизам е философија која тврди дека предметите со соодветни делови не постојат туку дека се освен основните градбени делови е дело на човековите погрешни толкувања.

Политички Нихилизам:Гранка на нихилизмот при која нихилистот одбива да признае некои фундаментални социјални и политички структури како влада фамилија или воопшто закон.

Би сакал да развијам дискусија во врска со видовите нихилизам гореспомнати и неспомнати да дознаам нешто повеќе за нив(јас сум поупатен во егзистенцијалниот,таму и спаѓам) да видам дали постојат други нихилисти освен мене на форумов.

Мене ми се допаѓа темава иако ме чуди како до сега не беше ставена?
Значи да прашам иако не сум упатен баш?Со прифаќањето на нихилизмот значи дека не постои господ?Како според него настанала земјата?Еве ти ја постави темата па ако знаеш кажи ми или некој друг.Дали Ниче беше нихилист?
 
Нихилизмот е учење дека се се сведува на ништо и затоа нема никаква вредност.
 
Првичната верзија за нихилизам е дадена од Сократ или грешам?
 
Ама значи сеедно е што ќе направам?Не одговарам за ништо?Безцелно живеам?
 
Ама значи сеедно е што ќе направам?Не одговарам за ништо?Безцелно живеам?

Пример:Немаш потреба да градиш куќа , затоа што еден ден ќе умреш , и нема да ти треба куќа ,а и куќата не трае вечно , и таа еден ден ќе пропадне, значи тоа што си го создал , се уништило и нема смисла , да правиш нешто , што ќе исчезне.И затоа не треба да се арчи животот.
 
Ова е нивното учесе или ова е твоето објаснување како ти го сваќаш?
 
Ова е нивното учесе или ова е твоето објаснување како ти го сваќаш?

Тоа е учењето , на кратко.
Земјата не е битно , како настанала , и така ќе ја снема и неа со нас.
Не одговараш за ништо ,било што да правиш, добро или лошо , нема никаква смисла , кога ништо не е трајно.
Животот ти е бесцелен , било што да измислиш / направиш , нема да го смениш крајот - смрт.
 
Штом немаш потреба од ништо немаш ни потреба од нихилизам.

Ја побив цела филозофија УПМ :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Овој Нихилизам бил измислен од тешки депресивци кои си го свртеле грбот на животот па и среќата им го свртела грбот.

Не верувам дека Сократ би ја измислил оваа би рекол глупава филозофија.Незнам колку треба животот да те удри за да ја прифатиш оваа филозофија.
 
Па не баш.Не мора да си депримиран од животот да ја прифатиш оваа филозофија.
Мене ми дојде на пример кога размислував во колку свери од животот можам да стекнам знаење т.е целта уште од мал ми беше да знам се.(е сега знам ќе речете никој не знае се ама ете жед за знаење сум имал тоа не е лошо)Е кога пораснав увидов дека за стекнување огромно знаење скоро било кој вид едукација(музика,информатика,економија бла бла) би требало просечно еден човечки живот и вообичаено можеш да се остручиш за еден или два различни правци.(Пр.Учиш правен факултет а паралелно идеш на курс теорија на музика)
И на крај дојдов до заклучок дека не можеш да дознаеш се во еден просечен човечки живот и дека и тоа што ќе го научиш ќе исчезне,т.е 70 години не се доволни да направиш се.Вака поставено животот ми изгледа прилично апсурден и безвреден:toe:
И кога веќе ги согледав овие факти си поставив друга цел:Ако не можам се тогаш ќе научам колку што можам иако нема смисла ќе терам инает:icon_lol:
 
Ебати филозофијата кога не ти е потребна.
 
Ех,ех сега ќе водиш инает.Дали знаеш кој прв го откри каменот на мудроста.Мислам дека тоа бил Сократ.Вистинската мудрост се состои во знаење дека ништо не постои и све врти во круг.Но тоа е убавината на светот.Тоа не треба да не потикне за инат.Све на светов што го гледаме не постои и нема смисла.Но место да се маваме по глава зошто животот нема цел ајде да бидеме просветлени и да сакаме све на светот.Кога ќе го љубиме целиот свет нема да направиме ништо,но ќе се чуствуваме убаво.Зар не е тоа целта на животот?
 
Епа ете јас знам дека нема смисла(нихилизам)но со тоа што си поставам цел во животот(да научам колку што можам)му давам и смисла за животот т.е вреди да живеам за нешто бидејки човек кој нема никаква цел во животот ама буквално никаква тука само онака летаргично си проаѓа низ него е веќе мртов човек:toe:
Момакот од "Странецот" од Ками е таква фаца.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom