Нихилизам

V

Vollstandig

Гостин
Абе ја кога го ставав клипот на кајгана пред 2 год. кај беше ти да посведочиш ? :)
Него батали тоа практикуј медитација само и се че ти биде јасно.
Од медитирање, не станува ништо јасно. Поточно, само се празниш од негативна енергија за која не си ни свесен дека постои освен ако не ја прочиташ во книгата на твојот јоги.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Од медитирање, не станува ништо јасно. Поточно, само се празниш од негативна енергија за која не си ни свесен дека постои освен ако не ја прочиташ во книгата на твојот јоги.
Не постои негативна енергија...постои лошо искористена енергија.
Ама ај да баталиме за енергиите, еве спомна медитација.
Глеј го и ти клипчето, човекот објаснува саат и нешто а јас треба една книга да напишам да ме сватиш.

--- надополнето ---

Регистриран: Oct 2010
Прашај го Ипсисимус
 
V

Vollstandig

Гостин
Не постои негативна енергија...постои лошо искористена енергија.
Ама ај да баталиме за енергиите, еве спомна медитација.
Глеј го и ти клипчето, човекот објаснува саат и нешто а јас треба една книга да напишам да ме сватиш.


Не глеам линк за клип, и викаш не постои негативна туку било лошо искористена. Грешка си ,дефинитивно! Зошто тогаш постои негативна и позитивна струја? Зошто постои лева рака, која ако ја ставиш на десна страна пак ќе биде лева? Исто и струјата, има позитивно и негативно понење на електроните, + и - како што си има на батериите
Постои позитивна и постои и негативна:)
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Не глеам линк за клип, и викаш не постои негативна туку било лошо искористена. Грешка си ,дефинитивно! Зошто тогаш постои негативна и позитивна струја? Зошто постои лева рака, која ако ја ставиш на десна страна пак ќе биде лева? Исто и струјата, има позитивно и негативно понење на електроните, + и - како што си има на батериите
Постои позитивна и постои и негативна:)
Постои разлика на потенцијали, а струја си е струја она секогаш се движи заради разликата
у потенцијалите. Дали тоа било електрично или магнетно поле кое ги придвижило електроните(јоните) не е битно.
Нема негативна и позитивна, тоа така ние го земаме од наша точка на гледање.
Енергијата нема поларитет. Таа ти е како река...негде дива и деструктивна а негде се ползува за производство на ел. енергија.
Клипчето е ова
 
V

Vollstandig

Гостин
Постои разлика на потенцијали, а струја си е струја она секогаш се движи заради разликата
у потенцијалите. Дали тоа било електрично или магнетно поле кое ги придвижило електроните(јоните) не е битно.
Нема негативна и позитивна, тоа така ние го земаме од наша точка на гледање.
Енергијата нема поларитет. Таа ти е како река...негде дива и деструктивна а негде се ползува за производство на ел. енергија.
Клипчето е ова
Е колку си во грешка значи.
Замисли еден магнет држиш во лева а друг во десна.
Ако ги споиш ќе се залепат
Ако ја завртиш другата страна
Ќе се одбиваат

Нема поларитет? Тоа е исто ко да кажиш дека нема машки нема женски сите сме исти:)Секогаш ги има тие разлики и тие го прават овој свет да биди тоа што е.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Е колку си во грешка значи.
Замисли еден магнет држиш во лева а друг во десна.
Ако ги споиш ќе се залепат
Ако ја завртиш другата страна
Ќе се одбиваат

Нема поларитет? Тоа е исто ко да кажиш дека нема машки нема женски сите сме исти:)Секогаш ги има тие разлики и тие го прават овој свет да биди тоа што е.
Aбе струја(движење) има заради разлика у потенцијали.
Инаку во магнетот веке имало струја која го предизвикала
тоа магнетно поле.
Значи правиме муабет за ефектот од поларизацијата(различните потенцијали).
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Зошто почнавте да објаснувате за магнетни полиња? И да има поврзаност со концептот на нихилизам, (водејќи се од правилото дека филозофијата е теориска омнипотенција) пак отиде накај офтопик.


Јас лично, нихилизмот не го гледам како пасивизам или како елементарно неприфаќање на општествените неподобности in the eye of the beholder. За мене нихилизмот е ограничен прогресивизам. Проактивност се до степенот на рушење на тие неподобности. Од прочитаното, како вистински нихилисти, барем меѓу оние од социјалниот, општествен елемент, ги гледам нихилистите од времето на Романови во царска Русија и од периодот на Soviet Russia.
Што се мисли под тоа дека нихилистите се ограничени прогресивци?
Се мисли на тоа дека во сржта на нихилистичкото размислување не се концептите по кои после промената на поредокот општеството би се градело, туку лоцирањето на круцијалните фалинки на актуелниот поредок кои тие се стремат да ги срушат. Нихилистот е антропоморфен балансер без вистински идеолошки импринт и тој ја субјективизира радикално општествената правда без предодреденост во делувањето. Историски гледано, нихилистите делувале во својство на заедница и помогнале при уривање на политички догми, диктатури, деспотии, западњачки шеријати...за потоа да остават бришан простор истите повторно да се реституираат, само со нови и поцврсти темели. Затоа денешните нихилисти се извитоперена, индивидуализирана и непотребна појава во средината. Елементот на заедничка кауза е мртов во модерната ера. Мегахипнозата го направи своето.
Ако нихилистите го исконципирале правилно фактот дека борбата во општеството неможе да има еден луциден победнички крај, туку дека тоа е континуирана борба во која субјективните вредности на различните идеологии создаваат кохерентна маса на еден одржлив систем кој треба да се...хехе...надградува и проширува, тогаш можеби денес училиштата ќе носеа имиња на славни нихилистички правоборци, феникси на правдата и тие немаше да избледнат како статистичка бројка во секоја борба за одржување на човечноста.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Нихилизмот во мене се буди како заштита при тешки психолошки стања.
 

Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
623
I smell some ownage in the upper posts, haha. Иначе, јас сум тежок нихилист...
 
Член од
18 март 2011
Мислења
6
Поени од реакции
1
...да видам дали постојат други нихилисти освен мене на форумов.



нз зошто сметаш дека си нихилист, кога веќе си на форумот значи се интересираш за нешто. ако си вистински нихилист што би ти било важно дали има и др. како тебе, на крајот секако ќе завршиш 2м под земја, сам. и јас мислев дека сум нихилист но сфатив дека јас сум само депресивна во некои погледи, а нихилизмот е сеуште далеку, барем за мене.
 
F

Frankie Yale

Гостин
нз зошто сметаш дека си нихилист, кога веќе си на форумот значи се интересираш за нешто. ако си вистински нихилист што би ти било важно дали има и др. како тебе, на крајот секако ќе завршиш 2м под земја, сам. и јас мислев дека сум нихилист но сфатив дека јас сум само депресивна во некои погледи, а нихилизмот е сеуште далеку, барем за мене.
Тоа не е нихилизам :toe:
 
Член од
13 март 2010
Мислења
56
Поени од реакции
8
--- надополнето ---

[/COLOR]
Тоа не е нихилизам :toe:
Potpolno se soglasuvam. Zasto nihilizmot se poistovetuva bukvalno kako negiranje. Nihilizmot ne e toa. Dokolku ne prifakjas dobar del od postojnite opstestveni normi i vrednosti na ziveenje, kako i kriteriumi za uspeh koi ti se nametnuvaat od strana na mas-mediumite, lugjeto, obrazovbniot sistem ili religijata, ti se stremis sto poveke da gi osoznaes normite i vrednostite koi se sustinski(svojstveni, esencijalni) za covekovata priroda. Na toa se sveduva nihilizmot-somnez vo opstoprifatenite normi, vrednosti i pravila i nivna zamena so drugi.

--- надополнето ---

Fridrih Nitche e najgolemiot nihilist, eden od najgolemite filozofi vo istorijata. Vprocem mojata najomilena kniga, koja najmnogu me ima vooduseveno, e negovoto najznacajno delo-''Volja za mokj''. Iako ja citav knigata 1 i pol mesec poleka, sepak mislam deka mnogu objasnuvanja nedovolno gi sfativ. Takva kniga treba poveke od ednas da se procita. Inaku, podnaslov na knigata e ''Obid za prevrednuvanje na site vrednosti'' koj pokazuva na toa deka treba da se izmenat golem del od normite i vrednosti na ziveenje koi vladeat vo ova opstestvo i spored koi ziveeme. Procesot na socijalizacija vo naseto opstestvo najmnogu preku obrazovniot sistem, koj ja ubiva kreativnosta i sklonosta za kriticko razmisluvanje na lugjeto, pa duri i mas-mediumite ni nametnuvaat odredeni normi i vrednosti na ziveenje koi nie gi prifakjame bezrezervno(zdravo za gotovo). Ednostavno se ragjas vo odredena sredina i od samiot pocetok na tvojot na tvojot zivot vrz tebe se vrsi t.n. kulturen teror so cel bezrezervno da gi prifatis postoeckite normi, vrednosti na ziveenje i kriteriumi za uspeh.

--- надополнето ---

Силата на волјата се мери според тоа колку човек може да издржи без смисла во нештата, колку може да издржи да живее во свет без смисла: затоа што тој самиот организира еден мал дел од тој свет.

Фридрих Ниче
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 07:55 ---
Океј, значи ја спаѓам во овие.
Сметам дека ништо не е лошо или добро, ние луѓето му даваме такво значење на настанот, но тоа не значи дека навистина е таков.

Интересен е нихилизмов, само шо не ти дава воља за живот.

Ако ти дојде некој дома со намера да те силува да те убие тебе и најблиските со оружје спремен тоа да го направи да ли ќе сметаш дека дотичниот или дотичните се лоши или добри по себе или во конкретниов случај ти му даваш значење вреднување дека тоа е лошо или добро не менува на суштина. Ни еден морален нихилист нема да каже ок силувајте не убијте не, вие не сте ни лоши ни добри, туку самата постапка на самоодбрана веќе го дава судот дека тој што влегол на ваша територија со такви намери е лош без разлика што ти самиот ќе го одредиш тоа, па секогаш некој/и одредуваат што е лошо а што добро.

Сам по себе, дали е ваков или онаков настанот е бесмислено бидејќи се што е,е во релација со нешто друго затоа се е релативно, пак ќе кажам ниеден морален нихилист нема да каже ок убијте ме вие сами по себе не сте ни лоши ни добри и вашата намера не е ни лоша ни добра, туку со самата самоодбрана и негодување веќе го дава судот дека тоа не е убаво и затоа адекватно се однесува то ест прибегнува кон самоодбрана.
Нихилизмот поаѓа од онтолошката алиенација меѓу родот кој опстојува и поединецот кој умира (секој поединечно ќе умре а родот опстојува) и празнотијата и минливоста на смислата на животот (генијална дефиниција на нихилизам имаш кај Шопенхауер,, Времето прави животот да се сведе на НИШТО во нашите раце,,. Значи човекот спознава дека нема смисла ниеден феномен кој му се случува бидејќи смислата се троши и со самото тоа ја губи смислата, смислата нема своја смисла, се троши и повеќе ја нема!
Општата смисла на историјата не е ствар на конктретното сопство и затоа таа за него нема значење. За смислата на општото и родот нека му ја мисли општото и родот но бидејќи ниеден од нас не е ни општото ни родот туку услов- субјект преку кој се спознава постоекото одвнатре преку себе,таа за него е ништо, нема значење освен што е како времено суштество во неа.
Историјата и родот и сите апстрактни и општи поими како Бог (бог како поим бог), Историја, Род, Вид, Облик на живот, Народ, Држава, да не ги набројувам... ние кон тоа немаме однос освен што ја играме улогата наметната од природата која не користи како средства за опстојба на родот и историјата.
Штирнер се отфрла, освен непосредното сопство кое е непосредно одвнатре очигледно неделиво. Е тоа е нихилизам. Разочарување дека нема смисла, а треба да има, пошто волјата конкретната индивидуална волја сака едно а Судбината (Општата волја) ти приредува друго, оттаму разочарување.
Но Ниче дава волја (читај гајрет) засакај ја Судбината амор фати издржи до крај и кажи му да на животот баш затоа што нема смисла. Ниче единствено уметноста ја прифаќа како модус преку кој се дава убавина, смисла на животот (привремено) кој тој сам по себе ја нема бидејќи се разбира пак се работи во рамките на еден човечки живот кој како и се поединечно е смртно,минливо и во старт заветено да биде како да не било то ест НИШТО!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom