Дали музиката е дел од вашиот живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата викацот
  • Време на започнување Време на започнување
Дефинитивно ДА. Постојано кога сум на ком. или пред ТВ, или на телефон секојпат слушам музика, едноставно неможам а да не слушам, бидејќи ме исполнува и ме прави повесел.:smir:
 
Да.. и целосно влијае на мене.
Пред 10 минути бев безволна и депримирана. Си пуштив музика што ме развеселува, и ете сум среќна и безгрижна.

Без музика не би можела да живеам.
 
Целосниот мој карактер се базира на музиката која ја слушам.
Секој е тоа што го слуша , доволно ми е да прашам за артистите кој еден човек ги слуша за да оформам тотална слика за него.
 
Целосниот мој карактер се базира на музиката која ја слушам.
Секој е тоа што го слуша , доволно ми е да прашам за артистите кој еден човек ги слуша за да оформам тотална слика за него.

Мнооогу си во право ....
 
Многу битен дел е музиката, преку неа се оформува карактерот на човекот.
Свирам, пеам и то, цел ден ми е музика
 
Порано да.И страшно многу ми влијаеше музиката врз се.Начин на живот,ставови,стил...Сега не давам толку многу големо значење на музиката како порано да мрчам на се што не е метал.Кога сум дома без ничие присуство си пуштам музика по мој вкус,а ако сум некаде било каде не ми смета ако у позадина иде транс рап или што и да е што ми сметаше порано.Само турбо фолкот не можам да го поднесам во било каква атмосфера...:pipi:
 
Тешко ми е без музика... не можам да издржам некој да не ми дозволи денеска барем минимално еден саат да отепам у слушање музика...
 
Баш сега го полнам mp-3-то со песни за да си слушам во воз на пат за Скопје. Иначе најмногу обожавам филмска, интрументална музика.
 
Дефинитивно да ...по цел ден можам да слушам музика,едноставно ме релаксира и ми ги отрга мислите. :)
 
Ако животот е една пита, тогаш три четвртини од таа пита би и отпаднале на музиката. Каков би ни бил животот без неа? Празен. Не за џабе првите инструменти биле направени пред 8327619432985732 години !! Лично, не можам да си го замислам животот без музика уште од забавиште кога ги земав првите часови по пијано, а потоа и виолина и разноразни хорови. Музика + свирки = мојот живот.
 
Музиката зазема многу важно место во мојот живот, без музика, без моите омилени песни и без танцувањето ко луда на истите тие песни, не би знаела што би правела! Ја обожавам музиката... тоа е лек за мојата душа едноставно! :manikir:
 
Секоја секунда.....како шо би рекол кралот BB "Every day I have the blues"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom