@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.109
Скопје 14 ноември 2009
Мариовските села изумираат чекајќи инвеститори за развој на селскиот туризам. Во најавтентичните стари населби Старавина, Градешница и Зовиќ на прсти се бројат куќите од кои чади оџак, а условите за прифаќање гости се скромни и без нужен комодитет. Засега не се вложени поголеми пари за изградба на сместувачки капацитети, а слаб е и интересот на туристичките агенции за вакви ангажмани.
За да се види оваа девствена убавина главна пречка е лошата сообраќајна врска. Иако селата се оддалечени на педесет километри од Битола, асфалтен пат има само до Рапеш, другите 13 километри се земјени. Жителите се шегуваат дека патот е останат од Французите во Првата светска војна. Кога времето е врнежливо, скоро е непристапен за лесни автомобили.
- За жал, во програмата за 2010 година на Министерството за транспорт и врски, тој регионален пат Р509 од Рапеш до Старавина не е влезен. Ќе настојуваме во 2011 и 2012 да го асфалтираме за да ја поправиме инфраструктурата - вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.
Локалните власти преку интензивирање на соработката со француската област Долна Нормандија, прават обиди да ги заживеат селата. Наскоро во Мариово ќе пристигнат француски архитекти што ќе подучуваат домашни мајстори како да подигнат куќи за сместување туристи на местото на старите разрушени камени градби, без тие да го изгубат автентичниот изглед. Слични камени куќи како мариовските има и во оваа француска област. Додека добар дел од нашето архитектонско наследство се сруши оставено на забот на времето, таму се води грижа за старите градби и со закон е забрането измена на надворешниот лик.
- По обуката планирано е во Старавина да се подигнат 25 автентични и атрактивни куќи со стар лик, на места што се префрлени како имот на општината. Со околните села се работи за 50 објекти. Направена е и физибилити-студија и се чека заинтересирани бизнисмени, кои ќе го финансираат сето тоа - објаснува Котевски.
За да се привлечат инвеститори, општинскиот совет местата ќе ги отстапува бесплатно на подолгорочна концесија. Од општината се надеваат дека нога ќе завлечка македонски бизнисмен од Холандија, кој е заинтересиран под концесија да го земе старото училиште во Старавина и да го претвори во Центар за рехабилитација на пензионери. Место се смета за воздушна бања со 2.700 квадратни метри со дворната површина.
Селата се на надморска височина од 900 метри, сместени во подножјето на планината Ниџе. Ова е чиста еколошка средина, а тука на старски начин се’ уште се прави едно од најубавите биени сирења, мастика од праски, полжави на мариовски начин и друго. Амбиентот е како тој во македонските народни приказни, а внимание привлекуваат легендите. Особено онаа за амајлијата направена од тревата што бега. Старите раскажуваат дека се прави од тревки од врвот Кајмакчалан, копита и топита, кои многу тешко се наоѓаат. Дури и кога ќе ги видиш за миг се губат во другата трева. И денес се верува дека тој што носи ваква амајлија куршум не го бие и дека од фронтот за Првата светска војна живи во селото се вратиле само неколкумина Мариовци, кои на себе ја имале амајлијата.
)))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))
____________________________________________________________________
За ова пишуваше - отвори тема Славјански
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=35335