Мариово умира чекајќи туристи

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.116
reportaza-mariovo%20umira.jpg


Скопје 14 ноември 2009
Мариовските села изумираат чекајќи инвеститори за развој на селскиот туризам. Во најавтентичните стари населби Старавина, Градешница и Зовиќ на прсти се бројат куќите од кои чади оџак, а условите за прифаќање гости се скромни и без нужен комодитет. Засега не се вложени поголеми пари за изградба на сместувачки капацитети, а слаб е и интересот на туристичките агенции за вакви ангажмани.



За да се види оваа девствена убавина главна пречка е лошата сообраќајна врска. Иако селата се оддалечени на педесет километри од Битола, асфалтен пат има само до Рапеш, другите 13 километри се земјени. Жителите се шегуваат дека патот е останат од Французите во Првата светска војна. Кога времето е врнежливо, скоро е непристапен за лесни автомобили.

- За жал, во програмата за 2010 година на Министерството за транспорт и врски, тој регионален пат Р509 од Рапеш до Старавина не е влезен. Ќе настојуваме во 2011 и 2012 да го асфалтираме за да ја поправиме инфраструктурата - вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Локалните власти преку интензивирање на соработката со француската област Долна Нормандија, прават обиди да ги заживеат селата. Наскоро во Мариово ќе пристигнат француски архитекти што ќе подучуваат домашни мајстори како да подигнат куќи за сместување туристи на местото на старите разрушени камени градби, без тие да го изгубат автентичниот изглед. Слични камени куќи како мариовските има и во оваа француска област. Додека добар дел од нашето архитектонско наследство се сруши оставено на забот на времето, таму се води грижа за старите градби и со закон е забрането измена на надворешниот лик.

- По обуката планирано е во Старавина да се подигнат 25 автентични и атрактивни куќи со стар лик, на места што се префрлени како имот на општината. Со околните села се работи за 50 објекти. Направена е и физибилити-студија и се чека заинтересирани бизнисмени, кои ќе го финансираат сето тоа - објаснува Котевски.

За да се привлечат инвеститори, општинскиот совет местата ќе ги отстапува бесплатно на подолгорочна концесија. Од општината се надеваат дека нога ќе завлечка македонски бизнисмен од Холандија, кој е заинтересиран под концесија да го земе старото училиште во Старавина и да го претвори во Центар за рехабилитација на пензионери. Место се смета за воздушна бања со 2.700 квадратни метри со дворната површина.

Селата се на надморска височина од 900 метри, сместени во подножјето на планината Ниџе. Ова е чиста еколошка средина, а тука на старски начин се’ уште се прави едно од најубавите биени сирења, мастика од праски, полжави на мариовски начин и друго. Амбиентот е како тој во македонските народни приказни, а внимание привлекуваат легендите. Особено онаа за амајлијата направена од тревата што бега. Старите раскажуваат дека се прави од тревки од врвот Кајмакчалан, копита и топита, кои многу тешко се наоѓаат. Дури и кога ќе ги видиш за миг се губат во другата трева. И денес се верува дека тој што носи ваква амајлија куршум не го бие и дека од фронтот за Првата светска војна живи во селото се вратиле само неколкумина Мариовци, кои на себе ја имале амајлијата.



)))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))
____________________________________________________________________

За ова пишуваше - отвори тема Славјански
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=35335
 
Искрено кога ке чујам на вести развој на туризам во некое село кое имало поток ме фаќа смеа во најмала рака.Каков туризам бе луѓе пари за земјоделие за развој на селото треба а не туризам.Колку има такви кои се восхитуваат на пустелија?АКо сакате западни туристи се знае јавни куќи и легализација на дрога.Дотогаш пари за земјоделие...
 
Кога ќе се научиме желбата да ја претвориме во стварност, а стварноста да ја адаптираме според желбата, тогаш можеме да зборуваме. Се дотогаш празните муабети никому не му носат добро. На не роден Петко капа му кроиме, а карваните врват во соседството.
 
додека е лазе селско началник на новаци ништо нема да биди за Мариово оти таму има се на се околу стотина луѓе во сите села и што значи нема гласови за него друго што е до мене само патотот и браната да се направи за таму ништо друго не треба ни градби за туризам ни ништо не ни требаат туристи за што ни се ќе се испусти местото мислам на еколошкиот аспект ако има повење луѓе
Hendrich овај предел тебе изгледа не ти виден за тоа тропаш зелени цело е планинско место и планински села што значи нема место за земиоделиие односно само мал дел и претежно се живеело и живее од сточарство а за тоа пустелиа е сега пустелија ама како што реков подобро вака од колку да го испустат местото со секаков народ таму со сила да населат
 
Мариово + Туризам = ?!?!?!?!?!? Последен пат ко бев таму, освен зми, ништо не видов.
 
Мариово + Туризам = ?!?!?!?!?!? Последен пат ко бев таму, освен зми, ништо не видов.
верувам....ама замислете ова да го имаат гејциве- ќе направат РАЈ од него и ќе млатат пари продавајќи празна слама
 
верувам....ама замислете ова да го имаат гејциве- ќе направат РАЈ од него и ќе млатат пари продавајќи празна слама

Памтам ко бев во Мала Преспа, село Герман, си барав загинати роднини...вилиците ми паднаја ко видов како е средена та страна на езерото.
 
Памтам ко бев во Мала Преспа, село Герман, си барав загинати роднини...вилиците ми паднаја ко видов како е средена та страна на езерото.
И мене токму тоа многу ме боли- ИМАМЕ се, ама акал и осет за истото немаме
не не бива
од ништо прават нешто
надоле према Атина - па тоа е пустелија - карпи, камењари, .....ама знаат како - им го украле занаетот на евреите
 
Каков туризам во Мариово.......тоа е резервирана нуклеарна зона за нуклеарките на АБЦ:toe::helou:
Sega zasega nikakov,
no, neli edno vreme im se nudea kukjite vo Mariovo -na Shpanci li beshe ili koi- i toa za samo 5000 evra
ako ja najdam statijata, iako postara- ke ja stavam ovde
Znachi sepak se imalo v predvid nekakvo zazhivuvanje na toj region- no od koi prichini seto toa propadnalo vo voda -NEZNAM
 
Sega zasega nikakov,
no, neli edno vreme im se nudea kukjite vo Mariovo -na Shpanci li beshe ili koi- i toa za samo 5000 evra
ako ja najdam statijata, iako postara- ke ja stavam ovde
Znachi sepak se imalo v predvid nekakvo zazhivuvanje na toj region- no od koi prichini seto toa propadnalo vo voda -NEZNAM

Имало обиди осумдесетите години од минатиот век......во Витолиште дури и изградија некакви си погони, за текстилна индустрија ми се чини беа....но и тие по првиот елан се запустија....напуштени беа...

А со што ќе ги развезуваат туристите на разгледување......незнам дали „циркузот’’:vozbud: сеуште им е во возна состојба
 
Имало обиди осумдесетите години од минатиот век......во Витолиште дури и изградија некакви си погони, за текстилна индустрија ми се чини беа....но и тие по првиот елан се запустија....напуштени беа...

А со што ќе ги развезуваат туристите на разгледување......незнам дали „циркузот’’:vozbud: сеуште им е во возна состојба

4.jpg


неможев да ја најдам онаа за 5000 евра, ама еве овде пишуваа дека ги ДЕЛАТ БЕСПЛАТНО напуштените куќи за да се даде живот на регионот

http://www.adn.es/politica/20070902/IMA-3792-
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom