Аватар - најскапиот филм во историјата!

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера го глеав во Рамстор. Можам да кажам само најдобар филм. Одлична приказна, уште подобри ефекти. Во ниту еден дел од филмот не ми се стануваше, или нешто такво. Цел филм го гледав со исчекување што ќе се случи понатаму. Стварно многу добар филм. Нема шанси да го доживеете правилно ако го глеате дома на 17 инчен монитор.
10/10 од мене
 
Абе го иам гледано филмот,и стварно е досаден почетокот.Не зборам ја ако не сум го гледал.
 
2:30 трае филмот поточно...

Моја грешка 162 мин.

Филмов како што прочитав веќе има 4 номинации за Оскар?

А се претпоставува дека филмов може да заработи до 4 милијарди.
 
Го гледав пред некоја недела во кино и навистина е одлично направен. Штета што немаме ние 3Д за вистински да се доживее, но сепак ефектите, околината, флората се е одлично скоцкано.

Не би му дал оцена 10, само заради тоа што приказната сепак не е многу оригинална. Многупати се обработувала слична тематика, но сепак филмот заслужено доби толкаво внимание.
 
нов тренд во филмот , нависитна ми се допадна актерската игра - потоа приказната за разлика од сите холивудски стории - нешто оригинално , патем визуелните ефекти и звучните го даваат оној шмек кој би не оставил без здив

ми се допадна - ама од првиот момент знаев во кој правец би заминала приказната , но заслужува респект
 
Veruvajte mi, najubavo e da (ako imate) odvoite nesto pari, kupete karti za tatarskion Imax vo Sfoija (kako najblzok do MK) i tamu da go gledate, se drugo e loso.
 
ок го изгледав филмот во рамстор кај нас и мој вечаток е дека не ми се допадна, односно не е ништо посебно барем ако не го гледаш во 3Д. приказната е досадна
покахнтас+финал фантази, ефектите се добри но не се нешто кој знае што на Трансформерс 2 повеќе ме импресионираа.
 
set.duri sea mi tekna.stvarno transformers 2 e bolji.tuka e i star trek
 
ja ako go gledam samo vo kino ke go gledam, nejkam da si go rasipam filingo so pc :nenene:

На ЛЦД кога ќе испадне на ХД така ќе го кзгледам боје е од ова киново во рамстор прв пат бев за овој филм и ме разочара многу не ми се допадна, така да мој совет и ти исто почекај.
 
Е, ајде кога ќе го гледате навистина филмов, тогаш обидете се да коментирате.
User Reviews: Fascinating concept. Must be seen cannot be described

А кога ќе научите “што и да е“ ИМАКС 3Д технологија, тогаш прокоментирајте за ефектите кои засега не сте ги виделе.

Филмот трае 1 час и 60 мин. Стандардно би рекол.

Меѓутоа филмот не е за стандарен приказ во обично кино, се дотогаш нема да имате вистинска претстава за тоа како и зошто филмот е со толкава заработувачка од посетеност.

http://www.avatarmovie.com/index.html
дали на Кјубрик му требаа 500 мил и имакс технологија да го направи Clockwork orange? - НЕ. Колку пари и каква технолгија му беше потребна на Tarkovsky у правењето на Mirror, a тоа е еден од најдобрите некогаш напраени. или па филмовите на Fellini,Bergman, Wenders,Lynch,Kurosawa,Godard.. не е до имакс или било шо, до мајсторот е. и тоа е прашање на вкусови секако, мене не ми се бендисуват тој стил на Avatar филмови, а ефектите па не го праат филмот подобар у никој случај, и у ''6Д'' да го гледам филмот ,таа е. нема ми ја смени општата слика за филмот. ја го гледав у рамстор, ипак е кино. а и тие коментари на useri ili критичари како и да е шо си ги цитирал нема некоја поента. секој со својот вкус и мислење,секој за себе! ја нема одма да потрчам да го гледам филмот ако прочитам некоја добра критика, прво видам филмот дали ми одговара мене, или па од чиста радозналост како у овај случај со Аватар
мала шала за оригиналноста на Аватар,шо држи вода
 
Само што се вратив од Бугарија.
Филмот мора да се доживее во IMAX. Уште кога ќе го видите ОГРОМНОТО платно, ќе знаете што ве очекува.
И 3D наочарите не се оние какви што ги даваат тука, хартиени со црвено и бело стакло (пластика). Овие беа пластични наочари со проѕирни стакла, и ич не ги заморуваат очите.
Цело време се осеќав како да сум внатре во филмот и стојам до нив. Ефектите беа неверојатни и нема зборови со кои би можел добро да ги опишам.
За приказната, се сложувам дека не е оригинална и дека е предвидлива, ама ни малку не го расипува филмот.
Технологијата со која е правен филмот е неверојатна, и неможе да се каже дека е класична анимација. Изгледа ептен реално и на моменти си помислуваш дека се стварно вистински тие.
Не најдов ни еден досаден дел од филмот, цело време го следев и не пропуштив ни секунда.

Само ептен ми е жал што немав време за да одам уште еднаш да го изгледам.

Доколку имате прилика да го гледате филмов во IMAX кино, воопшто не размислувајте, одма одете да го гледате. Картата во Софија е 5 евра за лица под 18 години, и 6 евра за над 18 години.
 
дали на Кјубрик му требаа 500 мил и имакс технологија да го направи Clockwork orange? - НЕ. Колку пари и каква технолгија му беше потребна на Tarkovsky у правењето на Mirror, a тоа е еден од најдобрите некогаш напраени. или па филмовите на Fellini,Bergman, Wenders,Lynch,Kurosawa,Godard.. не е до имакс или било шо, до мајсторот е. и тоа е прашање на вкусови секако, мене не ми се бендисуват тој стил на Avatar филмови, а ефектите па не го праат филмот подобар у никој случај, и у ''6Д'' да го гледам филмот ,таа е. нема ми ја смени општата слика за филмот. ја го гледав у рамстор, ипак е кино. а и тие коментари на useri ili критичари како и да е шо си ги цитирал нема некоја поента. секој со својот вкус и мислење,секој за себе! ја нема одма да потрчам да го гледам филмот ако прочитам некоја добра критика, прво видам филмот дали ми одговара мене, или па од чиста радозналост како у овај случај со Аватар
мала шала за оригиналноста на Аватар,шо држи вода

Прво е перверзија што го спореди Аватар со сите горенаведени филмови, измеша и баби и жаби. Понекогаш е подобро да се релаксираш и да го пуштиш мозокот на пасење, него ли да ја бараш генијалноста во филмот. Само што јас не верувам дека тебе мојов совет ќе ти помогне пошто од небо се гледа дека тебе блокбастери не ти прават ќеиф, така да ти си знаел уште пред да го гледаш филмот дека тој ќе биде лош, а ипак си отишол да го гледаш (моменат што ја не можам да си го разјаснам освен ако не си мазохист). Така да јас мислам дека ти и сите други интелигентни филмаџии кои го плукате тука филмот, сте ја промашиле темата и треба да си отворите тема "интелигентни" филмови за интелигентни луѓе, а реално оценката треба да биде дадена од луѓе кои што се фанови или барем не им смета гледањето на овој тип на филмови. А кога веќе го спомна сценариото, да тоа потсеќа на Покахонтас многу и тоа уште при првото гледање се приметува. Само што Камерон бил свесен за таквиот ефект, додека го креирал филмот, и очигледно е дека тоа не му била крајната цел односно целта да ја освои публиката со приказната на филмот. Тој нишанел на тоа да создаде спектакл од ова парче филмска уметност и како такво да и го презентира на публиката, што искрено мислам дека и успеа, а најдобар показател за тоа е посетеноста на кината и високата оценка која што ја добива филмот од "обичниот" народ.
 
насловот на темата е АВАТАР, а не ''само за фанови на аватар или сличните SF ili блокбастери'' значи секој може да си каже мислење.. ќе плука или не, негова работа..секој со вкусот. и не го споредував Аватар со останатите шо ги спомнав. секако дека се различни скрос, туку средствата потрошени да се создаде ми беше муабетот. Нема интелигентни или неинтелигентни филмови, има различни вкусови,гледишта,очекувања.. Спектакл или не, посетеноста у киносали не е мерило за квалитетот на филмот у никој случај!!!
а отидов да го гледам чисто онака од љубопитност, да видам шо смислил Камерон
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom