Annabel
Неутрална*
- Член од
- 18 декември 2008
- Мислења
- 1.298
- Поени од реакции
- 183
Пример број 1: Ја изневери својата жена по што набргу следуваше и разводот.По пет години се ожени со бившата жена на својот најдобар пријател!
Но тој е толку љубезен човек и навистина задоволство е да се зборува со него.Се чини како за секое прашање да го има вистинскиот одговор,неговите совети се бесценети и секогаш е тука кога ми е потребна било каква помош.
Пример број 2: Вчера бев на кафе со Бојан.Беше пресреќен-за една недела ќе почне да живее со својот дечко!ДА,ЗНАМ!
Но само тој знае навистина да ме сослуша и да ме разбере и тој е единствениот што беше покрај мене кога ми беше најтешко.Знам дека би направил се за мене како и јас за него.
Пример број 3: Ете!Уште еден од “оние“ муабети дека Соња повторно е видена со нов тип,а баш завчера бевме заедно на дипломска и јас навистина не можам да кажам ниту еден лош збор за девојката.За оваа година колку што ја познавам знам дека има либерално мислење за машко-женските односи и дека на прво место и е забавата,но мене на некој начин ми годи нејзиното друштво,токму поради тоа што секогаш е расположена,насмеана и никогаш не сум ја слушнала да ми се жали поради некој дечко.Таа е личноста на која сигурно би и се јавила кога сум нерасположена затоа што знам дека веднаш ќе ми ги оттргне мислите и ќе направи се за да се чувствувам подобро.
Нормално,има уште многу вакви примери,но со овие три се надевам дека би можеле да одговориме дали ги цениме луѓето според тоа што се или според тоа што го прават и зошто е тоа така?
Дали е поважно како се однесуваат спрема другите луѓе или е поважно како се однесуваат спрема нас? :smir: