Дали луѓето се ценат според она што се или според она што го прават?

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Пример број 1: Ја изневери својата жена по што набргу следуваше и разводот.По пет години се ожени со бившата жена на својот најдобар пријател!
Но тој е толку љубезен човек и навистина задоволство е да се зборува со него.Се чини како за секое прашање да го има вистинскиот одговор,неговите совети се бесценети и секогаш е тука кога ми е потребна било каква помош.

Пример број 2: Вчера бев на кафе со Бојан.Беше пресреќен-за една недела ќе почне да живее со својот дечко!ДА,ЗНАМ!
Но само тој знае навистина да ме сослуша и да ме разбере и тој е единствениот што беше покрај мене кога ми беше најтешко.Знам дека би направил се за мене како и јас за него.

Пример број 3: Ете!Уште еден од “оние“ муабети дека Соња повторно е видена со нов тип,а баш завчера бевме заедно на дипломска и јас навистина не можам да кажам ниту еден лош збор за девојката.За оваа година колку што ја познавам знам дека има либерално мислење за машко-женските односи и дека на прво место и е забавата,но мене на некој начин ми годи нејзиното друштво,токму поради тоа што секогаш е расположена,насмеана и никогаш не сум ја слушнала да ми се жали поради некој дечко.Таа е личноста на која сигурно би и се јавила кога сум нерасположена затоа што знам дека веднаш ќе ми ги оттргне мислите и ќе направи се за да се чувствувам подобро.


Нормално,има уште многу вакви примери,но со овие три се надевам дека би можеле да одговориме дали ги цениме луѓето според тоа што се или според тоа што го прават и зошто е тоа така?
Дали е поважно како се однесуваат спрема другите луѓе или е поважно како се однесуваат спрема нас? :smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Дали луѓето се ценат според она што се или според она што го прават?
Нели ние сме она што го правиме. Или не сме? Можеби некој има неколку личности во него?
Пример 1
Ја изневери својата жена по што набргу следуваше и разводот.
Но тој е толку љубезен човек и навистина задоволство е да се зборува со него.Се чини како за секое прашање да го има вистинскиот одговор,неговите совети се бесценети и секогаш е тука кога ми е потребна било каква помош.
Ова можеби е малку контрадикторно? Не мислам на примерот, мислам на човекот. Зошто развод ако бил толку добар советодавец, зошто изневерува, а од друга страна љубезен и со добри совети... Не ми идат баш заедно овие карактеристики кај една личност...осим ако не е дволичност :)

Другите примери... не видов ништо толку лошо кај другите примери, али као појдовна точка...тоа што го правиме,тоа сме, не е можно вечито едно да прајме, а друго да сме...еден ден ќе пукне :)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Важно е како се однесуваат према нас. И колку пари имаат. Тогаш веќе знаеме како да се однесуваме према нив.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Не ги ценам луѓето поради тоа што се туку поради тоа што го прават.
За пример број 1 велат пази се од волкот во јагнешка кожа, затоа што сигурно ама сигурно ќе те предаде и ќе ти зарие нож во грб, лојалноста прво и основно.
Пример број 2:Господ на помош да му е на тој човек за да може да си најде каков таков мир во душата затоа што го нема. Најтешко проклетство е тоа според мене.
Пример број 3: Искрено ја жалам таа девојка фина културна но промискуитетна до немајкаде, на крај ќе заврши како крпа на нечиој под....
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
249
Поени од реакции
16
денеска луѓето се ценат по тоа што го имаат! ХАхх
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Нормално,има уште многу вакви примери,но со овие три се надевам дека би можеле да одговориме дали ги цениме луѓето според тоа што се или според тоа што го прават и зошто е тоа така?
Дали е поважно како се однесуваат спрема другите луѓе или е поважно како се однесуваат спрема нас? :smir:
Додека не ги знам мотивите за делата кои мојот пријател ги прави на страна, а со мене се однесува најдобро, не би можела да му замерам. Ако некој е добар човек, никогаш не прави работи со злобни намери. Така да, и ако некој се развел па се оженил подоцна со жена од својот другар, од кај да знам зошто така испаднало? Не мора да значи дека е тој некој гад, кој сето тоа намерно го изрежирал и направил. Едноставно некогаш работите толку лошо испаѓаат, па додека не се дознае целата вистина, од страна може да изгледаат многу полоши од што се`.
Најчесто поважно ми е како некој се однесува со мене, отколку како изгледа во очите на околината. Ако е фин, ако ни оди муабетот и ако никоја негова активност од страна не ми влијае директно мене, нема причина зошто да не го дружам.:toe:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
јас на пример имам најразновидни личности како пријатели, секој со свој живот, секој со свои грешки. можеби не ми се допаѓаат некои работи што ги имаат направено, односно не би ги направила јас да бидам на нивно место. ама тоа е нивен живот. мене тоа не ми е важно. ако пријателот што се развел со жена му и се оженил со бившата на најдобриот пријател, и тоа го прави среќен, мило ми е за него. исто и за хомосексуалецот и исто и за лесната девојка. тоа е нивен приватен живот.
не знам, можеби јас размислувам така поради што имам искуство да ми е судено поради моето минато, ама не знам дали е само поради тоа. мислам, не се сеќавам за себе да не сум сакала да се дружам со некого поради нешто што си направил на себе. имам другарка што сите ја избегнуваат, мене ми е најдобра. и секогаш е тука.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
денеска луѓето се ценат по тоа што го имаат! ХАхх
Бинго.Да не морализираме колку е тоа погрешно,но дефинитвно е вистинито.
Инаку во однос на темава Курт Кобејн има изјавено една голема вистина со која потполно се согласувам.Вика:Подобро да сум мразен за она што сум отколку сакан за она што не сум.Веројатно тоа би му дошло како јас сум она што сум,и се што правам соодвествува со она што сум.Е за ова да го примени некој на својот живот е потребна храброст од навистина големи размери,посебно во свет во кој навистина сакаме сите да не сакаат.
Во однос на тоа што човекот е или кој е,верувајте се она што ќе го прави ќе соодвествува со она што е.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
денеска луѓето се ценат по тоа што го имаат! ХАхх
Бравос, тоа е филозофијата на животот. И филозофите немало да филозофираат ако немале...ќе работеле :)
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Cenenje?
Ne e bitno dali si cenet oti "Ti" si bescenet.
Taka u voda pagaat site muabeti.
 

Jordan Rudess

Tonight's the night.
Член од
3 декември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
53
Бинго.Да не морализираме колку е тоа погрешно,но дефинитвно е вистинито.
Инаку во однос на темава Курт Кобејн има изјавено една голема вистина со која потполно се согласувам.Вика:Подобро да сум мразен за она што сум отколку сакан за она што не сум.Веројатно тоа би му дошло како јас сум она што сум,и се што правам соодвествува со она што сум.Е за ова да го примени некој на својот живот е потребна храброст од навистина големи размери,посебно во свет во кој навистина сакаме сите да не сакаат.
Во однос на тоа што човекот е или кој е,верувајте се она што ќе го прави ќе соодвествува со она што е.
Посебно го поштуем кажаното од Кобејн.
Ретки се тие што знаат да ги ценат луѓето по тоа што се. Секако дека и постапките многу кажуват, ама не се пресудни за тоа каква е личноста. Никој нема право да ме обвини за мојот начин на живеење, ниту па ја имам право да судим на некој за неговиот начин на живеење. Да живееш на свој начин значи да си храбар.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Па нели луѓето се тоа што го прават, или што би рекле америте you are what you eat :).
Сепак се работи за некоја комбинација на тоа што го прават и тоа колку знаеме за нив.

Пример: Курт Кобејн да не беше светски познат музичар и да не се напишаа неколку биографии за него каде што до детаљи се разработува неговиот карактер и неговиот приватен живот-и да го видевте на улица за него ќе зборевте види го типичен анркоман бегај од него ќе те убие и ќе ти ги земе парите. Ама сега знаеме дека бил прекрасна и многу мила личност со преголема чуствителност и слично.
Значи знаете како....и нашите говна смрдат ако ги мириснеме ;)
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
115
Поени од реакции
13
Се она што го правиме не оформува како личности со одреден карактер. Идеологиите се битни, но делата се оние кои се памтат. Тоа сме ние. Во основа на темата имаш едно исто нешто, нема или-или!
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Пример број 1: Ја изневери својата жена по што набргу следуваше и разводот.По пет години се ожени со бившата жена на својот најдобар пријател!
Но тој е толку љубезен човек и навистина задоволство е да се зборува со него.Се чини како за секое прашање да го има вистинскиот одговор,неговите совети се бесценети и секогаш е тука кога ми е потребна било каква помош.

Пример број 2: Вчера бев на кафе со Бојан.Беше пресреќен-за една недела ќе почне да живее со својот дечко!ДА,ЗНАМ!
Но само тој знае навистина да ме сослуша и да ме разбере и тој е единствениот што беше покрај мене кога ми беше најтешко.Знам дека би направил се за мене како и јас за него.

Пример број 3: Ете!Уште еден од “оние“ муабети дека Соња повторно е видена со нов тип,а баш завчера бевме заедно на дипломска и јас навистина не можам да кажам ниту еден лош збор за девојката.За оваа година колку што ја познавам знам дека има либерално мислење за машко-женските односи и дека на прво место и е забавата,но мене на некој начин ми годи нејзиното друштво,токму поради тоа што секогаш е расположена,насмеана и никогаш не сум ја слушнала да ми се жали поради некој дечко.Таа е личноста на која сигурно би и се јавила кога сум нерасположена затоа што знам дека веднаш ќе ми ги оттргне мислите и ќе направи се за да се чувствувам подобро.


Нормално,има уште многу вакви примери,но со овие три се надевам дека би можеле да одговориме дали ги цениме луѓето според тоа што се или според тоа што го прават и зошто е тоа така?
Дали е поважно како се однесуваат спрема другите луѓе или е поважно како се однесуваат спрема нас? :smir:
Пример број 1: Како тој толку „љубезен“ тип кој ги има сите одговори може да се однесува толку „нељубезно“ со својата жена и да не најде одговор на нејзиното прашање (прашањето следи)

Пример број 2: Господ нека ми прости. И јас не би му се мешала на Бојан во неговиот приватен живот. Но секогаш кога ќе одам со мојот маж/дечко на гости ќе ми прелета мисла (жив човек сум!) дали Бојан му зјапа во газето и што му се мотка по глава...

Пример број 3: Нели и тие „таквите“ мора да имаат пријатели? Помалку или повеќе, сите имаме по некој таков во животот, ако не одобруваме што прават, не значи дека треба да ги осудиме и да не се дружиме.

Настрана примерите. Признале или не - сите сме тоа што правиме. Битно е да се сакаме онакви какви што сме и со своето однесување да не им штетиме на другите.
А да ги сакаме некои само затоа што се добри со нас, а гадови со другите е лицемерно. Тоа повеќе збори за нас, отколку за нив!:smir:
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Во животов можеш да налеташ у различни средини кои фаворизираат различни стереотипи .
Така да со наркомани кога се дружиш на пр. се цени да си пун со кеш да речеме за да те гребат.
Ко ке снемаш пари веке не си ценет.:vozbud:
Друг пример , на факултет се цени да си најдобар(најпаметен) од сите и да имаш нормално што е можно повеке 10-ки
А у навијачка група на пр. се цени да си што е можно побудала и понеписмен.
И тн. и тн.
И на крај заклучок никад неможе да бидеш ценет од сите , што и не е страшно кога ке дознаеш дека егото и неговата најценета особина - да биде ценето е илузија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom