Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.176
- Поени од реакции
- 4.133
Инспекции пустошат низ Македонија. Насекаде низ државата се затвораат фирми, дуќани, кафулиња, масовно се делат казни, од Пазарната инспекција, полицијата, даночниците.
Се става катанец дури и за ситни прекршоци.
„Имаме неколку бензински пумпи кои се членови кои се затворени, исто така ресторани, текстилни фабрики во источниот дел од Македонија, но и во западна, неколку земјоделски компании кои имаат преработка и процесуирање на овошје и зеленчук. Да, различно е последниве 3 месеци. Имаме во нашето членство фирми кои се затворени навистина за ситни прекршоци, односно со толкување на инспекторот на надзорот дека е сторено кривично дело или повреда на законот“, рече Миле Бошков, Конфедерација на работодавачи.
И ситните трговци алармираат дека инспекторите ги зачестиле контролите.
„Почеста е контролата најмногу на дуќани и на веќе отворените објекти, дива трговија никој не гледа, нелојална конкуренција. Често има контроли од сите по ред - Пазарна, Трудова, УЈП, доаѓаат разни водови на три месеци - Трудова, Пазаришна, Санитарна ја нема толку, во Струмица контролите се доста чести“, велат граѓаните.
Според податоците до кои дојде А1, годинава за неверојатни 900 проценти е зголемена вредноста на казните што ги изрекла Пазарната инспекција.
Во вториот квартал напишани се казни тешки 166 илјади евра, во истиот период лани биле изречени казни во вредност од само 13 илјади евра.
Јован Манасиевски
Владата годинава планира да собере околу 40 милиони евра повеќе од ставките во буџетот назначени како неданочни приходи. Само кај ставката административни такси и надоместоци сумата е зголемена за околу 22 милиони евра, или годинава се планира да се соберат соберат 93, додека лани биле собрани само 71 милион евра.
Зголемување од пет милиони евра има и кај ставката такси и надоместоци.
„Ова значи дека по низа елементи сите услуги што ги дава државата стануваат неверојатно поскапи и дека фирмите и граѓаните се оптеретуваат дополнително со разни надоместоци во функција на полнење на буџетот кога тоа не може да се направи од даночните приходи“, изјави Јован Манасиевски, ЛДП.
Раст на приходите има и кај други инспекциски служби, но освен фирмите, на голема мака се и граѓаните.
Камионите на Пајак службата оперираат на секој чекор, полициските екипи се присутни на секоја пофреквентна крстосница.
МВР во првите 9 месеци поднесла 117 илјади казни, за разлика од минатата година кога биле изречени 99 илјади казни.
„За наши услови мислам дека е скапо, треба поевтино да биде и поголеми услуги“, велат граѓаните.
Од воведувањето на Законот за јавна чистота, од лани во септември изречени се над 30 илјади казни за лица кои со фрлање смет, отпушоци, ја загадуваат околината.
=======================
Пази сега ова.Според А1 било чудно што државата почнала да казнува за прекршоци.Па дали е ова нормално бре.Пајак службата работела со полна пареа,биле затворани продавници,фирми и сл.Бре,бре,срамотилаци.Во прилогот никој не се јави да каже дека без причина е казнет,ама ако се гледа прилогов на А1 се добива впечаток дека казнувањето за прекршок е лоша работа.Па до кога вака бре упм.
Па и уше она либералче Манасиевски објаснува нешо со хартии и некои шкрапаници од бројки на нив.Демек муабетот му беше срам да и е на владава што ги казнува граѓаните за прекршоци.:nesvest: