Меѓународно движење против промена на името

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Jas da bev Makedonec, a vo edno i znacaen politicar, odma ke gi prekinev pregovorite so Grcija...

Ama od druga strana pak znam deka Makedonija mora nekako da se integrira barem vo NATO...

Za Makedonija ne e tolku potrebno EU,kolku sto e potrebno NATO...

Prokletni Grci, barem vo NATO da ne bea....:tapp:

Јас да бев Турчин а воедно и генерал ќе ги скапав од бомбардирање гејлада и болгарија. :D
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Доколку сакате да ги известите одговорните луѓе во интернационалниот суд на правдата во Хаг, во врска со тужбата на Република Македонија против Република Грција за тоа дека застапникот на Република Грција во овој спор којшто тврдеше дека Македонија нема право да го користи името "Македонија", самиот го користи во неговото CV, пратете го писмото долу на посочените адреси или пак напишете нешто со ваши зборови (валидно на англиски или на француски јазик)



Интернационален суд на правдата
mail@icj-cij.org

Hisashi Owada (Japan) - President
h.owada@hum.leidenuniv.nl

Philippe Couvreur (Belgium)- Registrar
Philippe.Couvreur@uclouvain.be

Bruno Simma - Judge
simmab@umich.edu

Christopher Greenwood - Judge
c.greenwood@lse.ac.uk

Интернационален суд на правдата - информации
information@icj-cij.org

-------------

Dear sir

Concerning the trial between Republic of Macedonia and Republic of Greece:

I want to bring to your attention the fact that James Crawford the representative of Republic of Greece who claimed that Republic of Macedonia is not entitled to use the name "Macedonia" as its name, uses it as the name of this country in his CV.

http://202.96.25.86:6060/savepdf/2010-03-27-06/23_11_2009_04_38_17_JamesCrawfordSCcv2009_NP.pdf

Even James Crawford whose duty is to represent the side of Republic of Greece, recognizes Republic of Macedonia not under the provisional reference like its employer Republic of Greece do, but under its true name "Macedonia".

This shows that his performance in the courtroom was just an act, completely different than the facts on this case and completely different than the truth in what even he believes.

I, Macedonian


Линкот кон CV-то е сменет за да може при праќање URL да биде цел (инаку форумот автоматски го крати). За да го отворите не кликајте на него а го копирајте целосно.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499

I, Macedonian


Линкот кон CV-то е сменет за да може при праќање URL да биде цел (инаку форумот автоматски го крати). За да го отворите не кликајте на него а го копирајте целосно.
Сте размислиле што ќе постигнете?

Само ќе го смени името и толку.

Башка, каков аргумент е тоа кое име тој го користи, не мешајте работи и не трошете енергија каде што не е потребно.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.368
Поени од реакции
8.468
Референдум за името? Не!
17 АПРИЛ 2011

0


Гледано од призмата на историјата, секоја голема империјалистичка сила, порано или подоцна, се соочува со неизбежниот исход на сопствената политика, а тоа е дека и домородните култури и нации на кои им ја наметнуваат својата политичка волја, со својот исконски нагон за опстанок и со страствената љубов кон своето национално, историско и културно наследство, секогаш успеваат да ја надживеат наметнатата хегемонија, да ја поразат нејзината волја, да ја натераат неизбежно да се повлече, и да останат засекогаш свои на своето. Недоследните игри и интриги за вештачки наметнатиот и божемен спор помеѓу Македонија и Грција околу името на Македонија што траат повеќе од 15 години, за нас Македонците од дијаспората претставува уште една болна и навредувачка епизода во процесот на обезличувањето на македонската држава и нација како и на нејзиниот политички, национален, историски, културен и верски идентитет и достоинство.

На национално ниво, ваквите состојби само го драматизираат безизлезното талкање на македонските политички партии во лавиринтите на се позамрсената меѓународна политика. Од друга страна, пак, во меѓународната политика, особено во онаа на Обединетите нации, овој случај со Македонија претставува невиден преседан за прием на членки и како таков треба да биде безусловно одбиен и отфрлен од секој Македонец и почитувач на меѓународното демократско право. Би изнеле само неколку морално-правни точки што веќе петнаесет години длабоко засегаат во суштинското опстојување и состојбата на моралот и духот на нашиот македонски народ и претставуваат предизвик на кој мора да му се одговори. Правно прашање број 1: Која е веродостојноста, односно легитимитетот на референцата Поранешна Југословенска Република Македонија наместо историското, националното и уставно име на Македонија?

При приемот на Македонија во ОН уште веднаш е направен прв и единствен досега историски преседан со кој директно се повредени одредбите на членот 3 од Повелбата на ОН. Со тој чин, Повелбата на ОН е најфлагрантно прекршена на штета на Македонија заради меѓународно-правни, неосновани и политички посебни потреби на една од државите-членки на Организацијата (Грција).

Ако се погледне во членот 4 од Повелбата, ќе се види дека во него е јасно пропишано дека членството во ОН е отворено за сите држави што го сакаат мирот, ги почитуваат и ги прифаќаат сите обврски пропишани со Повелбата и што се готови и способни да ги извршат тие обврски онака како што тие се пропишани.

Во став 2 од член 4, јасно е нагласено, дека приемот во членство на такви држави-кандидати се спроведува со одлука на Генералното собрание на Организацијата и по препорака на Советот за безбедност. Република Македонија беше примена како член на ОН со одлука на Генералното собрание и врз основа на Резолуцијата на Советот за безбедност. Во таа резолуција, Советот за безбедност препорачува: Поради настанатата безизлезност во наметнатиот дијалог за надминувањето на разликите во врска со правото на употреба на уставното име на Република Македонија во ОН, во рамките на органите и телата на ОН, на Македонија привремено да и се обраќаат со референцата Поранешна Југословенска Република Македонија. Битно е тука да се повлечат два клучни елемента: Прво, легитимитетот на таквата препорака се однесува единствено на контакти и преписка во органите и телата на Организацијата и тоа само на официјалните органи и тела на ОН. Тоа во никој случај не предизвикува билатерални обврски за државите-членки во нивните дипломатски и политички односи со Република Македонија, ниту пак правни обврски за други меѓународни организации. Она што е најважно, при приемот на Македонија во членство на ОН, во ниту една од расправиите на надлежните органи и тела на ОН, како ниту во еден документ не е констатирано дека Република Македонија не ги исполнува условите за членство пропишани во Повелбата (освен Грција), од причини што единствено за нив имаат важност и што од меѓународно-правен аспект претставуваат посебна и субјективна позиција. Тоа е и основната причина поради која во таа иста резолуција на Советот за безбедност на ГС, за прием во членство на Македонија се спомнува препораката на Македонија да и се обраќаат со новонаметнатата референца само во рамките и телата на ОН. Второ, од тоа време па се до денес, од вкупно 191 членка на ОН, повеќе од две третини ја имаат признаено Македонија под нејзиното историско, национално и уставно име, и имаат воспоставено полноправни билатерални, дипломатски односи. Меѓу нив се САД, Русија и Кина, како постојани членки на Советот за безбедност. Заради сето ова горенаведено, ние сметаме дека ниту еден чинител, домашен или меѓународен, нема апсолутно никакво право, ниту мандат, политички, морален ниту правен да го негира неотуѓивото право на националното име и идентитет на македонската држава и на македонскиот народ како вековното и непосредно историско наследство.

Во таа смисла бараме Македонската Влада, веднаш и безусловно да ги прекине сите преговори со Грција, а своето полноправно членство во ОН да го бара не со посредство на Метју Нимиц или кои било други меѓународни преговарачи, туку директно самата и само под своето име Македонија. Македонското национално име, интегритет, идентитет и достоинство ќе го прифати и почитува целиот свет само ако ние самите, како Македонци застанеме обединети, цврсто, непоколебливо и недвосмислено во негова одбрана. Да му покажеме на светот со пример дека за името Македонија ниту се преговара, ниту се разговара, ниту се одржува референдум, туку дека се живее и постои со него, за него. Неприфатливи се предлозите на Нимиц да се викаме Демократска Република Македонија, Нова Македонија, Горна Македонија, Независна Македонија...Не!

Проф. Нестор Огинар, САД М-р Ицо Најдовски.

извор

--- надополнето ---

 
K

kalimer0

Гостин
Знаме ни сменија сега сакаат и име... Незнам јас неможам да ЗАМИСЛАМ поинаку да се викаме :nenene:
доколку се случи такво нешто ќе си направам само-отепанција на овие 15 години (нормално со бомба сред атина):salut:
 
V

viktora

Гостин
Големо уааааа за УЕФА, но кај нив е тоа стандард,,,

New home of FYROM football unveiled
Знаеме сите каква војна се води за името.Но ова е интересно објаснувањето.


"Named after an ancient king, the father of Alexander the Great, the Filip II Macedonian Stadium will also be home to Skopje's most famous clubs, FK Vardar and FK Rabotnicki. "We have built a modern stadium for future generations," said venue director Vladimir Bahcovanovski. "I hope our players and fans have more moments of joy than sadness when we welcome major European clubs and national teams with pride."
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.260
Поени од реакции
84.344
ООН ја најавија Македонија под уставно име!

Антонио Милошоски-Министер за надворешни работи на Македонија. Вака на официјлната веб страница на ООНhttp://www.un.org/sg/schedule.shtml е најавена средбата на Генералниот секретар Бан Ки Мун со шефот на македонската дипломатија.

извор
 
V

viktora

Гостин
Антонио Милошоски-Министер за надворешни работи на Македонија. Вака на официјлната веб страница на ООНhttp://www.un.org/sg/schedule.shtml е најавена средбата на Генералниот секретар Бан Ки Мун со шефот на македонската дипломатија.

извор

Ама одма го смениле,ваљда под притисок на гејладиве.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.081
Поени од реакции
1.248
Грција не сака евентуалниот договор за името да оди на референдум

06.05.2011 - 11:04 |


Грција нема да се согласи евентуалниот договор за името да биде потврдуван на референдум, соопшти портпаролот на грчкото МНР Грегорис Делавекурас на вчерашниот брифинг за новинари во Атина.

- Во врска со прашањето за референдум што беше поставено од властите во Скопје, а сега и од опозицијата, Грција сака конечен, дефинитивен договор со „ПЈРМ“ во врска со спорот за името. Нема шанси да се согласи со договор „ад референдум“ со кој би останале прашања дополнително да се решаваат. Ние зборуваме за име со географска одредница за севкупна употреба „ерга омнес“, и тоа ќе мора да биде резултатот со кој Грција ќе се согласи, изјави Делавекурас.
Изборниот период во Македонија, според Владата во Атина, не озвоможува услови за прогрес во решавањето на прашањето за името, но очекува динамизирање на процесот по изборите.
- Грција е подговтвена да направи чекор кон постигнување договор. Поднесовме позитивни, конструктивни, балансирани предлози што можат да доведат до решение кое би било задоволително за двете страни. Очекуваме раководството во Скопје по изборите да дојде на преговарачката маса со вистинска политичка волја, бидејќи веруваме дека многу бргу можеме да дојдеме до решение. Тоа ќе овозможи нова динамика во билатералните односи меѓу двете земји и во евроатланстаката перспектива на Скопје, која Атина ја поддржува, рече Делавекурас.


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/grcija-ne-saka-eventualniot-dogovor-za-imeto-da-odi-na-referendum
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Не треба да се оди на референдум, политичарите се тие што треба да го решат проблемот,,Македонија и Грција треба да разговараат отворено и директно за тоа прашање, нема никаква дилема. Тоа е не само дипломатска туку и државна потреба и треба да има вклучено и некој од клучните фактори кои би биле, некоја врска, како кумови или сведоци на таа работа. Без тоа јас не гледам никакво решение,ниту еден посредник не може да го реши проблемот ако не се разговара директно и да се утврди што е тоа што може да обезбеди едно име кое на Грците им значи некаква динстинкција во нивниот идентитет, а нас ни значи обезбедување на нашиот. - Јас да сум во таква ситуација не би бегал, туку би го барал тоа, ако бегаат Грците би ги влечел да ги седнам на маса да го решиме ова оти друго нема, а нас ни е во интерес и треба да го решиме..
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Не треба да се оди на референдум, политичарите се тие што треба да го решат проблемот,,Македонија и Грција треба да разговараат отворено и директно за тоа прашање, нема никаква дилема. Тоа е не само дипломатска туку и државна потреба и треба да има вклучено и некој од клучните фактори кои би биле, некоја врска, како кумови или сведоци на таа работа. Без тоа јас не гледам никакво решение,ниту еден посредник не може да го реши проблемот ако не се разговара директно и да се утврди што е тоа што може да обезбеди едно име кое на Грците им значи некаква динстинкција во нивниот идентитет, а нас ни значи обезбедување на нашиот. - Јас да сум во таква ситуација не би бегал, туку би го барал тоа, ако бегаат Грците би ги влечел да ги седнам на маса да го решиме ова оти друго нема, а нас ни е во интерес и треба да го решиме..
Ниту политичарите, ниту народот, немаат право да сменат ни буква од името. Освен ако не успеат да ги станат од гроб сите што страдале и загинале за оваа наша земја и да добијат нивна согласност. Дури и тогаш, се додека има барем еден од нас (живите) што ќе се побуни, никој нема право да го присили поинаку. Сум се родил како Македонец, таков и ќе умрам, и не ме боли к** што сакаат останатите 2 милиона. Додека јас не решам поинаку за себе, подобро никој да не се осмелува да одлучува во мое име.

Пс. Цела среќа што не си ти во ситуација да решава. Не дека на другиве повеќе им верувам...
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Ниту политичарите, ниту народот, немаат право да сменат ни буква од името. Освен ако не успеат да ги станат од гроб сите што страдале и загинале за оваа наша земја и да добијат нивна согласност. Дури и тогаш, се додека има барем еден од нас (живите) што ќе се побуни, никој нема право да го присили поинаку. Сум се родил како Македонец, таков и ќе умрам, и не ме боли к** што сакаат останатите 2 милиона. Додека јас не решам поинаку за себе, подобро никој да не се осмелува да одлучува во мое име.

Пс. Цела среќа што не си ти во ситуација да решава. Не дека на другиве повеќе им верувам...
Прв пат да не се согласам со тебе . Народот има право да одлучува за себе како сака и треба да те интересира што мислат другите 2 милиона. Прикажување на ваква ароганција ( мене не ме интересира ) редовно води до отворен конфлинкт или пасивно агресивно однесување ( отселување , земање бугарски пасош ецт) како и да свртиш не иде на арно. Македонскиот народ е се повеќе волен да го смени името чисто поради злоупотребата на проблемот и неговото вадење како плашило од било која политичка елита кога ќе лупне од ѕид или кога ќе ја фатат со рачето во теглата за колачиња.

Покажување на ароганција и принудување на останатите да се согласат на нешто што не сакааат е рецепт за самоубиство. Се поголем број млади сакаат да заминат бидејќи гледаат дека се нема слух за нивните потреби и дека некои вакви прашања се полеревантни од нив самите. Сакале нејќеле да признаат ова е ерата на индивидуализмот а со тоа таканаречени национални интереси завршуваат последни на листата на приоритети ( фала богу). Како и да свртиш треба барем да се даде на референдум дали мнозинството сака или нејќе да смени име. На крај краева не живееш сам туку со други илјадници луѓе на кои зависиш од нив за разни работи. Like or not. :)

P.S. Oна со корењата немој , бидејќи може еден ден да се разбудиш доколку продолжи ваквиот однос навистина да јадеш корење .
P.P.S. Си се запрашал колку од лупачиве во гради (името и само името) живеат во државава и зошто е тоа така?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom