Стимулација... ова СИМУЛАЦИЈА
Моја анализа за тоа што се случуваше на Симулацијата за Преговорите, според ова што го гледав на интернет страницата на А1 (
линк до видеото)
Како прво и основно да напоменам дека јас сум за одржување на ваква симулација. Не дека сакам воопшто да има преговори и вакви игри за тоа што се случува моментално, но едноставно треба да има ваква работа. Од друга страна пак екипата која што е собрана неможам да ја коментирам бидејки само „преговорите“ утре ќе докажат кој до каде е стигнат :wink:. Би било добро да се слушнат што зборуваат странците на англиски, бидејки при преводот некогаш се губи течноста, смислата и намерата на говорот.
Анализа Ден Први (хехех)
Бренда Персон:
Што кажа...
1. Зборуваше дека сегашниот момент е најдобар до сега и дека друга можност не ќе има за решавање на името.
2. Важни биле ваквите симулации.
3. Овој бил емоционален спор, но денес е прагматичен.
4. Се плаќа тоа што не е решен спорот.
5. Грција била во надмоќна економска позиција.
6. Сега било времето владата во Македонија да направи нешто, бидејки немало избори и други внатрешни препреки од тој вид.
Што кажувам јас...
Персон можам да кажам дека Американскиот дух го преточила во спорот со името. Навистина внела "Can do, attitude" во својата постапка кон името и мисли дека така ќе ги реши работите. Но вистината е дека многу американски принципи при преминување на Европскиот континент се претвараат во проблеми. Како прост и малку несоодветен пример би посочил на неуспехот на Дизни во Франција. Така некој треба да и покаже на Персон дека работите не се толку едноставни, за да ги засукаме ракавите и да завршиме се во неколкудневни преговори (освен ако се покаже заб со сила, зборувам за Дејтонскиот Договор, БиХ).
1. Моментот секогаш е погоден за идеално решение, но проблемот со името не е роб на временските околности, ами на нереалните архаични рововски позиции на Грција.
2. Нејзино право, донекаде и се согласувам макар не сметам дека се толку „важни“
3. Со ова незнам што сака да каже дамата.
Емоционален? НО ФАКЕН ШИТ! истиот емоционален принцип што ги заведе Американците во Афганистан и Ирак по 9/11. Пирсон изгледа селективно ги гледа работите и свесно ги блокира или драстично ограничува работите што можат да отворат нови проблеми и дилеми во разговорите. Така таа сака да ги елиминира многубројните фактори што представуваат проблем во разговорите, во овој случај емотивната страна на проблемот. Со прагматичноста не знам што сака да каже! Дали бил емоционален па сега сите сакаат да го решат, или пак ја згреши работата и сака да каже дека преговорите требаат да бидат по прагматични.
4. Точно.
5. Можеби точно, можеби не... но зарем ова треба да е фактор? Зарем побогатите можат да ги купат со се гашти посиромасите? Зарем посилните можат да газат по помалите без праведна причина од просто што сакаат така да се однесуваат? Зарем ова од уста на човек од Меѓународната Кризна Група? Каде е правдата да ги застапува поробените, малите и неправедно угнетуваните?
п.с. Имаш читано весник во последно време за тоа што се случува во Грција во последната година и пол?
6. Аха, значи главната позиција на Македонците е менување на името, но владата се плаши... ама бидејки сега нема избори, владата може тоа да го стори. Со ова Пирсон сака да каже дека владата се плаши да го смени името, инаку до сега тоа би го направила... Која и е поентата и зошто ова го спомна, можам само да предпоставувам, но неможам да не мислам дека таа е про-промена на име.
Андов...
Тој кажа:
1. Дека гејците конечно завземаат потези за надминување на прашањата. Што навистина било многу добро од нивна страна.
2. Македонската влада би згрешила ако ја одбие оваа покана.
3. Грција сакала да ни биде пријателска земја и да ни биде сојузник по решавање на проблемот со името.
4. Ние треба да ги предложиме своите предлози, а не да чекаме гејците да ги кажат - бидејки тоа нема никогаш да се случи.
Јас викам:
Андов ми беше некако збунет, неподготвен и како да му се спиеше или нешто на човекот. Тотално изгубен без правец, зборуваше нешто што е веќе чуено без некаква интелектуална димензија или навистина личен став.
1. Браво! УРА за грците... сакаат преговори, ура грција се многу добри даваат да имаме преговори. Фала Богу, ако не сакаа преговори (не дај Боже) кај ли ни беше крајот!!! <- Што се чудите? Баш вака изгледаше работата. Пофалби уште задникот да им го баци на луѓето кои со тие преговори сакаат конечно да ни го сменат името.
2. Македонската влада би згрешила? Што би згрешила? Да не оди на преговори? Па јас како што знам владата на РМ е вклучена во преговори од 1995та наваму... незнам на што мисли човеков овде
3. Хаха знам јас еден таков преварант кој што спие со жените на луѓето па потоа е најдобар пријател на истите. :nenene: (сакам да кажам, џабе ти е пријател после таква работа)
4. Ова навистина е точно. Друго не можам да кажам... навистина. Проблем е само тоа што, штом ние ќе ги искажеме своите мислења, право ние сме ЛОШИ, ИРЕДЕНТИСТИ и НЕ САКАМЕ да го решиме спорот.
По една куса ЕПП пауза (во која се рекламираше најслаткото Гиро во градот
ЛоЛ... случајноста со темата многу ме инспирираше и мораше да напоменам), „преговорите“ продолжија.
Фрчковски...
Тој проповеда:
1. Има клучен пробив во теркот на разговорите.
2. Македонците имаат проблем со реториката користена во самата држава за проблемот околу името.
3. Грците имаат широк концепт за прашањето, ние имаме малку... поразличен.
4. Придавките „Македонски“ и „Македонци“ биле само технички прашања а не расправа за негирање или промена на идентитет, иако пак тие придавки имале допирни точки со осетливиот јазик и идентитет.
Јас размислувам:
Фрчковски повторно влезе и во оваа симулација глава напред со својата арогантност. Човекот од многу гледање на проблемите и се околу него, не може да согледа што всушност сите околу него сакаат и во кој правец се движат. Премногу очигледно е дека Фрчковски себе се смета за примат во политиката и желбите и мислењата на тие што не му се истомисленици се ирелевантни за неговите перспективни, напредни, угледни и Европски гледишта (цело во наводници).
1. Пробив? Русите за време на 2СВ се пробија кај Курск, ама овде јас не гледам пробив.
2. Хммм која реторика? Каква реторика? Нема реторика! Вистината е една, дека некој сака да ни го промени името и незнам колку кила реторика тоа неможе да го сокрие, промени или промовира на некаков си друг начин!
3. Ова ми беше многу чудно и паметниот волк се подисправи во последна секунда. Трите точки не се за џабе ставени, така беше искажана таа реченица. Јас може само да претпоставувам што ќе кажеше господинот (се кашла: ахм ахм лимитиран ахм) па затоа нема да вадам валиден коментар од ова. Но вистината е дека имаме различни ставови (пак ќе кажам - НО ШИТ ја одкривме Америка), само не гледам како тие гледат пошироко кога упорно си ја гледат само својата страна која стои на промена на се што е Македонско.
4.Технички прашања? Ако твојот идентитет е техничко прашање а твојот јазик е технички тогаш нема проблем. Мојот идентитет и јазик не се технички прашања, тие се моја суштина која неможе ништо да ја промени. Секакво погазување со „технички“ решенија е удар кон секој Македонец, а Македонецот драги Фрчко е основниот елемент во градењето на таа наша Македонија.
Реј Поутер (Велика Британија)...
Човекот не знаеше како се вика и беше многу уплашен и не спремен. Мислам дека е уплашен некој да не му направи нешто ако каже нешто погрешно и да не каже нешто што ќе се смета за офицјален став на ВБ - при што би значело губење на работно место ако неговиот искажан став не ист со тој на ВБ.
Тој Мрмореше:
1. Дека прашањето ја поделува и ЕУ.
2. Тоа е билатерален проблем.
Јас мрморејки размислувам:
1 и 2, Ако е билатерално, што тогаш ЕУ е толку поделена? Да не има и друга основа за нејзината поделба?
Пред да почнам со грците да ја напоменам веднаш големата и видна разлика помеѓу нив и Македонските представници. Имено тие беа доста добро подготвени за целава ситуација и во секој момент знаеа што ќе кажат и како да го кажат. Тие очигледно играа тимски додека Македонците не знаеа сами што сакаат, а не па која е тимската цел.
Грците си влегоа во цајкански филм со доста прочуена тактика...
BAD COP - GOOD COP Routine (Кој не знае што е тоа еве една не толку сјајна но доволно добра представа ). Кој беше кој? Епа лесно се забележува по излагањето на грците.
Тангос...
Тој си кажа:
1. Имаше проблем со терминологијата и сметаше дека треба да се користи ФИРОМ за да биде се автентично. Се извини ако некој го разбрал погрешно.
2. Ако ова било навистина граѓанско општество, ваква симулација требало да има порано.
3. Грција има легитимна причина за ова што се случува.
4. Грција има сопствен интерес во целата ситуација.
5. Грција не сака да уништи една земја.
6. Грција не сака да уништи еден идентитет.
Јас сакам да си кажам:
1. Абре сега знаеме за вас Грците, многу сте коректни.
2. Најверојатно господинот тврди дека македонија нема никаква слобода на говор и демократија, па затоа ова го кажа. Мора да сфатиме дека тие работи во Грција ги има на секое ќоше, за разлика од Македонија каде нема никакви права.
3. Единствено легитимно е дека имате право да се однесувате како ѓубриња.
4. Да! Завземање на цела една епоха и уништување на еден народ.
5. Немаш доказ за ова.
6. Имам доказ дека лажеш за ова!
Другиот Грк (што знаеше Македонски)
Думаше:
1. Економијата во Грција не влијаела на спорот.
2. Имало проблем со употреба на евентуално ново име со географска одредница (за употребата)
3. Имало проблем со идентитетот.
4. Немало простор за компромис, како стојат работите.
Јас пак думам-назад.
1. Влијае, како не влијае? Кога некои фактори во Македонија влијаат (како кризата во 2001), како е можно грција да е имуна на проблеми во својата внатрешност? Илузија т.е. не плаши нас а не гледа дека куќата му гори.
2. Проблем е прифаќањето на тоа ново име со неговата употреба, не е само употребата, бидејки тоа име сеуште не е прифатено. Ако мислиш дека е прифатено, тогаш ти знаеш нешто што ние не знаеме. :kesa:
3.Па така кажи бре батка, што се срамиш... значи проблем е идентитетот а? Па нели за тоа немаше да се зборува. Еве нешто важно што ни откри оваа стимула... ова симулација.
4.Па нормално дека нема простор и мотив за компромис, види што кажа пред две секунди. Или си многу глуп или се правиш многу паметен.
Во една поврзана
вест, истиот новинар кажува дека грците сакаат и нов Македонски идентитет, што повеќе им ја отежнува работата на „преговарачите.“
Грците од име преминаа на идентитет, за по моја проценка во блиска иднина да се договараме само за името, за побргу да го решиме проблемот за да не ни пропадне идентитетот. Па така кога ќе се договориме за новото име таквите како Андов ќе плескаат раце и ќе викаат „ура“ за грците, колку ли се само добри што не ни го чепнаа идентитетот... а таквите како Фрчко опкружени од смрдеата на самобендисаност ќе викаат „а бе ја што ви кажав, ќе ни мењаат име а уствари тоа ништо не менуе, Македонија сега има иднина а пред тоа беше само заостанета и живееше во реториката на илузија.“
Симулација или не, многу реално ги покажа неспремните, нездружени и нестручни позиции на Македонија против спремните, здружени и стручни (макар и за лажење) кадри на грција.
Крај на Ден.1 :tv: