Меѓународно движење против промена на името

Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Ја даваа ли прекрасната симулација на тв?
Во 2-3 збора:
„Местена утакмица„ меѓу грци и грци „Б репрезентација„ (нешто како фудбалот меѓу Сенегал и Франција 2002).
Ако некој не е по фудбалот, еве му шах - пиунчињата (нашиве грци) слабо се покажаа досега во отварањето на партијата и не го оправдуваат вложеното во нив, па „црниот„ ги активира и коњите (правите грци, додуша ислужени, ама барем прави). Уште сме во отворање и јаките фигури засега уште се во сенка (топови, ловци, кралици), а на симулацијава се само пиунчињата и коњите.

Поконкретно за отворањето на симулацијата, ништо на што досега не сме навикнале - грците стандардно, овие што глумат наши од почеток тргнаа храбро, со спуштени гаќи. Ни збор за природата на проблемот, ниту за правото на избор на сопствено име. Почетна позиција - „во грција има добра волја и многу сме близу до решение, само кога би сакала нашата Влада да соработува и проблемот беше во името, ние непотребно го изнесовме и проблемот на идентитетот„ (андов) и „овде сме конечно да го замениме акронимот ФИРОМ за меѓународна употреба (фрч).

Бодлираното е fail (а скоро се е болдирано :toe:):
грција има добра волја и многу сме близу до решение: неточно, и демантирано од самите грци на симулацијата неполни 5 минути подоцна
ние непотребно го изнесовме и проблемот на идентитетот: исто неточно, пак потврдено и од грците и во вистинскиот живот
акронимот ФИРОМ - такво нешто официјално никаде не постои (постои референца, кого не го мрзи нека ја изговара цела, обично сите се откажуваат по првиот пат :wink:)
меѓународна употреба - во мокрите соништа на краткиот и неговите шефови. нешто не сум сигурен дека така започнаа преговорите.

Сума сумарум, ништо што не го очекувавме - кога ќе ставиш г.мна како инпут добиваш с.ање како оутпут.
А бидејќи на почетокот реков дека е „местена утакмица„ редно е да го прогнозирам и „резултатот„ по два дена:

- ке се дојде до „решение„, името би било сменето а „нашите„ би победиле??? (каков оксиморон :kesa:) со порака дека „ете, многу лесно ќе се најдеше решение ако се сака и ќе одевме напред ако имавме вакви способни преговарачи во власта„
-секако, повеќенеделно фалење за енормна гледаност на смешковизијата и нејзиниот „придонес„ во решавањето на „проблемот„:vozbud:.

Бидејќи мислам дека „го погодив резултатот„ не планирам да го гледам срањево, има добар фудбал викендов, а ако случајно сум промашил, под казна подготвен сум да ја изгледам репризата од целото шоу, и тоа без кафе и цигара.:toe:
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Стимулација... ова СИМУЛАЦИЈА



Моја анализа за тоа што се случуваше на Симулацијата за Преговорите, според ова што го гледав на интернет страницата на А1 (линк до видеото)

Како прво и основно да напоменам дека јас сум за одржување на ваква симулација. Не дека сакам воопшто да има преговори и вакви игри за тоа што се случува моментално, но едноставно треба да има ваква работа. Од друга страна пак екипата која што е собрана неможам да ја коментирам бидејки само „преговорите“ утре ќе докажат кој до каде е стигнат :wink:. Би било добро да се слушнат што зборуваат странците на англиски, бидејки при преводот некогаш се губи течноста, смислата и намерата на говорот.

Анализа Ден Први (хехех)

Бренда Персон:
Што кажа...
1. Зборуваше дека сегашниот момент е најдобар до сега и дека друга можност не ќе има за решавање на името.
2. Важни биле ваквите симулации.
3. Овој бил емоционален спор, но денес е прагматичен.
4. Се плаќа тоа што не е решен спорот.
5. Грција била во надмоќна економска позиција.
6. Сега било времето владата во Македонија да направи нешто, бидејки немало избори и други внатрешни препреки од тој вид.

Што кажувам јас...
Персон можам да кажам дека Американскиот дух го преточила во спорот со името. Навистина внела "Can do, attitude" во својата постапка кон името и мисли дека така ќе ги реши работите. Но вистината е дека многу американски принципи при преминување на Европскиот континент се претвараат во проблеми. Како прост и малку несоодветен пример би посочил на неуспехот на Дизни во Франција. Така некој треба да и покаже на Персон дека работите не се толку едноставни, за да ги засукаме ракавите и да завршиме се во неколкудневни преговори (освен ако се покаже заб со сила, зборувам за Дејтонскиот Договор, БиХ).
1. Моментот секогаш е погоден за идеално решение, но проблемот со името не е роб на временските околности, ами на нереалните архаични рововски позиции на Грција.
2. Нејзино право, донекаде и се согласувам макар не сметам дека се толку „важни“
3. Со ова незнам што сака да каже дамата. :toe: Емоционален? НО ФАКЕН ШИТ! истиот емоционален принцип што ги заведе Американците во Афганистан и Ирак по 9/11. Пирсон изгледа селективно ги гледа работите и свесно ги блокира или драстично ограничува работите што можат да отворат нови проблеми и дилеми во разговорите. Така таа сака да ги елиминира многубројните фактори што представуваат проблем во разговорите, во овој случај емотивната страна на проблемот. Со прагматичноста не знам што сака да каже! Дали бил емоционален па сега сите сакаат да го решат, или пак ја згреши работата и сака да каже дека преговорите требаат да бидат по прагматични.
4. Точно.
5. Можеби точно, можеби не... но зарем ова треба да е фактор? Зарем побогатите можат да ги купат со се гашти посиромасите? Зарем посилните можат да газат по помалите без праведна причина од просто што сакаат така да се однесуваат? Зарем ова од уста на човек од Меѓународната Кризна Група? Каде е правдата да ги застапува поробените, малите и неправедно угнетуваните?
п.с. Имаш читано весник во последно време за тоа што се случува во Грција во последната година и пол?
6. Аха, значи главната позиција на Македонците е менување на името, но владата се плаши... ама бидејки сега нема избори, владата може тоа да го стори. Со ова Пирсон сака да каже дека владата се плаши да го смени името, инаку до сега тоа би го направила... Која и е поентата и зошто ова го спомна, можам само да предпоставувам, но неможам да не мислам дека таа е про-промена на име.


Андов...
Тој кажа:
1. Дека гејците конечно завземаат потези за надминување на прашањата. Што навистина било многу добро од нивна страна.
2. Македонската влада би згрешила ако ја одбие оваа покана.
3. Грција сакала да ни биде пријателска земја и да ни биде сојузник по решавање на проблемот со името.
4. Ние треба да ги предложиме своите предлози, а не да чекаме гејците да ги кажат - бидејки тоа нема никогаш да се случи.

Јас викам:
Андов ми беше некако збунет, неподготвен и како да му се спиеше или нешто на човекот. Тотално изгубен без правец, зборуваше нешто што е веќе чуено без некаква интелектуална димензија или навистина личен став.
1. Браво! УРА за грците... сакаат преговори, ура грција се многу добри даваат да имаме преговори. Фала Богу, ако не сакаа преговори (не дај Боже) кај ли ни беше крајот!!! <- Што се чудите? Баш вака изгледаше работата. Пофалби уште задникот да им го баци на луѓето кои со тие преговори сакаат конечно да ни го сменат името.
2. Македонската влада би згрешила? Што би згрешила? Да не оди на преговори? Па јас како што знам владата на РМ е вклучена во преговори од 1995та наваму... незнам на што мисли човеков овде :toe:
3. Хаха знам јас еден таков преварант кој што спие со жените на луѓето па потоа е најдобар пријател на истите. :nenene: (сакам да кажам, џабе ти е пријател после таква работа)
4. Ова навистина е точно. Друго не можам да кажам... навистина. Проблем е само тоа што, штом ние ќе ги искажеме своите мислења, право ние сме ЛОШИ, ИРЕДЕНТИСТИ и НЕ САКАМЕ да го решиме спорот.

По една куса ЕПП пауза (во која се рекламираше најслаткото Гиро во градот :vozbud: ЛоЛ... случајноста со темата многу ме инспирираше и мораше да напоменам), „преговорите“ продолжија.

Фрчковски...
Тој проповеда:
1. Има клучен пробив во теркот на разговорите.
2. Македонците имаат проблем со реториката користена во самата држава за проблемот околу името.
3. Грците имаат широк концепт за прашањето, ние имаме малку... поразличен.
4. Придавките „Македонски“ и „Македонци“ биле само технички прашања а не расправа за негирање или промена на идентитет, иако пак тие придавки имале допирни точки со осетливиот јазик и идентитет.

Јас размислувам:
Фрчковски повторно влезе и во оваа симулација глава напред со својата арогантност. Човекот од многу гледање на проблемите и се околу него, не може да согледа што всушност сите околу него сакаат и во кој правец се движат. Премногу очигледно е дека Фрчковски себе се смета за примат во политиката и желбите и мислењата на тие што не му се истомисленици се ирелевантни за неговите перспективни, напредни, угледни и Европски гледишта (цело во наводници).

1. Пробив? Русите за време на 2СВ се пробија кај Курск, ама овде јас не гледам пробив.
2. Хммм која реторика? Каква реторика? Нема реторика! Вистината е една, дека некој сака да ни го промени името и незнам колку кила реторика тоа неможе да го сокрие, промени или промовира на некаков си друг начин!
3. Ова ми беше многу чудно и паметниот волк се подисправи во последна секунда. Трите точки не се за џабе ставени, така беше искажана таа реченица. Јас може само да претпоставувам што ќе кажеше господинот (се кашла: ахм ахм лимитиран ахм) па затоа нема да вадам валиден коментар од ова. Но вистината е дека имаме различни ставови (пак ќе кажам - НО ШИТ ја одкривме Америка), само не гледам како тие гледат пошироко кога упорно си ја гледат само својата страна која стои на промена на се што е Македонско.
4.Технички прашања? Ако твојот идентитет е техничко прашање а твојот јазик е технички тогаш нема проблем. Мојот идентитет и јазик не се технички прашања, тие се моја суштина која неможе ништо да ја промени. Секакво погазување со „технички“ решенија е удар кон секој Македонец, а Македонецот драги Фрчко е основниот елемент во градењето на таа наша Македонија.


Реј Поутер (Велика Британија)...
Човекот не знаеше како се вика и беше многу уплашен и не спремен. Мислам дека е уплашен некој да не му направи нешто ако каже нешто погрешно и да не каже нешто што ќе се смета за офицјален став на ВБ - при што би значело губење на работно место ако неговиот искажан став не ист со тој на ВБ.

Тој Мрмореше:
1. Дека прашањето ја поделува и ЕУ.
2. Тоа е билатерален проблем.

Јас мрморејки размислувам:
1 и 2, Ако е билатерално, што тогаш ЕУ е толку поделена? Да не има и друга основа за нејзината поделба?


Пред да почнам со грците да ја напоменам веднаш големата и видна разлика помеѓу нив и Македонските представници. Имено тие беа доста добро подготвени за целава ситуација и во секој момент знаеа што ќе кажат и како да го кажат. Тие очигледно играа тимски додека Македонците не знаеа сами што сакаат, а не па која е тимската цел.
Грците си влегоа во цајкански филм со доста прочуена тактика...
BAD COP - GOOD COP Routine (Кој не знае што е тоа еве една не толку сјајна но доволно добра представа ). Кој беше кој? Епа лесно се забележува по излагањето на грците.

Тангос...
Тој си кажа:
1. Имаше проблем со терминологијата и сметаше дека треба да се користи ФИРОМ за да биде се автентично. Се извини ако некој го разбрал погрешно.
2. Ако ова било навистина граѓанско општество, ваква симулација требало да има порано.
3. Грција има легитимна причина за ова што се случува.
4. Грција има сопствен интерес во целата ситуација.
5. Грција не сака да уништи една земја.
6. Грција не сака да уништи еден идентитет.

Јас сакам да си кажам:
1. Абре сега знаеме за вас Грците, многу сте коректни.
2. Најверојатно господинот тврди дека македонија нема никаква слобода на говор и демократија, па затоа ова го кажа. Мора да сфатиме дека тие работи во Грција ги има на секое ќоше, за разлика од Македонија каде нема никакви права. :tapp:
3. Единствено легитимно е дека имате право да се однесувате како ѓубриња.
4. Да! Завземање на цела една епоха и уништување на еден народ.
5. Немаш доказ за ова.
6. Имам доказ дека лажеш за ова!


Другиот Грк (што знаеше Македонски)
Думаше:

1. Економијата во Грција не влијаела на спорот.
2. Имало проблем со употреба на евентуално ново име со географска одредница (за употребата)
3. Имало проблем со идентитетот.
4. Немало простор за компромис, како стојат работите.

Јас пак думам-назад.
1. Влијае, како не влијае? Кога некои фактори во Македонија влијаат (како кризата во 2001), како е можно грција да е имуна на проблеми во својата внатрешност? Илузија т.е. не плаши нас а не гледа дека куќата му гори.
2. Проблем е прифаќањето на тоа ново име со неговата употреба, не е само употребата, бидејки тоа име сеуште не е прифатено. Ако мислиш дека е прифатено, тогаш ти знаеш нешто што ние не знаеме. :kesa:
3.Па така кажи бре батка, што се срамиш... значи проблем е идентитетот а? Па нели за тоа немаше да се зборува. Еве нешто важно што ни откри оваа стимула... ова симулација.
4.Па нормално дека нема простор и мотив за компромис, види што кажа пред две секунди. Или си многу глуп или се правиш многу паметен.

Во една поврзана вест, истиот новинар кажува дека грците сакаат и нов Македонски идентитет, што повеќе им ја отежнува работата на „преговарачите.“

Грците од име преминаа на идентитет, за по моја проценка во блиска иднина да се договараме само за името, за побргу да го решиме проблемот за да не ни пропадне идентитетот. Па така кога ќе се договориме за новото име таквите како Андов ќе плескаат раце и ќе викаат „ура“ за грците, колку ли се само добри што не ни го чепнаа идентитетот... а таквите како Фрчко опкружени од смрдеата на самобендисаност ќе викаат „а бе ја што ви кажав, ќе ни мењаат име а уствари тоа ништо не менуе, Македонија сега има иднина а пред тоа беше само заостанета и живееше во реториката на илузија.“

Симулација или не, многу реално ги покажа неспремните, нездружени и нестручни позиции на Македонија против спремните, здружени и стручни (макар и за лажење) кадри на грција.

Крај на Ден.1 :tv:
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Прво, браво за трудот.
Второ, и јас сум за симулации,ама темата на оваа е нешто што по дифолт во нормални услови не би смеело ни во сон да биде предмет на дебата/разговор/преговор. Ајде, веќе сме загазиле во г.мна, па да речеме дека е потребна. Ама симулацијата ја прават учесниците,а тие се во случајов -тиња. Ако се ова веќе македонско-грчки разговори/преговори, каде се македонците во нив?:toe:
И трето, нешто што ми падна во очи а заборавив да го искоментирам претходно (до душа не ги ни коментирав странците):
Бренда Персон:
Што кажа...
5. Грција била во надмоќна економска позиција.
Другиот Грк (што знаеше Македонски)
Думаше:
1. Економијата во Грција не влијаела на спорот.

Овие две работи не одат заедно. Според мене, точно е првото (со акцент на беше). Е па ако влијаеше (а дефинитивно влијаеше) кога имаа пари, секако дека влијае и сега, кога се економски во слободен пад
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Прво, браво за трудот.
Второ, и јас сум за симулации,ама темата на оваа е нешто што по дифолт во нормални услови не би смеело ни во сон да биде предмет на дебата/разговор/преговор. Ајде, веќе сме загазиле во г.мна, па да речеме дека е потребна. Ама симулацијата ја прават учесниците,а тие се во случајов -тиња. Ако се ова веќе македонско-грчки разговори/преговори, каде се македонците во нив?:toe:
И трето, нешто што ми падна во очи а заборавив да го искоментирам претходно (до душа не ги ни коментирав странците):
Бренда Персон:
Што кажа...
5. Грција била во надмоќна економска позиција.
Другиот Грк (што знаеше Македонски)
Думаше:
1. Економијата во Грција не влијаела на спорот.

Овие две работи не одат заедно. Според мене, точно е првото (со акцент на беше). Е па ако влијаеше (а дефинитивно влијаеше) кога имаа пари, секако дека влијае и сега, кога се економски во слободен пад
Праведно забележано! Има многу контрадикторности (а верувам дека ќе има повеќе) и иако не доаѓаат од еден човек, се осеќа дека Македонците не се на исто со Грците, ама и странците не се на пар со М или Г.

Ако веќе имаше некаква симулација или дебата или незнам што, зошто таа дебата не е од обични граѓани, студенти итн? Зошто не се обелоденува што народот мисли а не дописници, експерти и екс функционери?
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Ех, најважното го заборавив:jaj:.
Се потрудиле симулацијата да биде скоро реална - детали од типот 2 делегации, модератори, преводи,камери, знамиња... Многу детали, ама за да биде целосно реална симулацијата им фали еден „мал детал„ - толпа од стари/млади,вработени/невработени,учени/помалце учени МАКЕДОНЦИ спремни да им ги отфикарат м.дињата (кој ги има) на тие што ќе стават потпис на „договореното„. :toe:
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Ех, најважното го заборавив:jaj:.
Се потрудиле симулацијата да биде скоро реална - детали од типот 2 делегации, модератори, преводи,камери, знамиња... Многу детали, ама за да биде целосно реална симулацијата им фали еден „мал детал„ - толпа од стари/млади,вработени/невработени,учени/помалце учени МАКЕДОНЦИ спремни да им ги отфикарат м.дињата (кој ги има) на тие што ќе стават потпис на „договореното„. :toe:
Не, друже, знаеш што фали во таа СИМУЛАЦИЈА на преговори. Македонци.... :toe:
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Каква заебанција е ова, мајко мила... овде прсти имаат замешано многу поголеми играчи, ова "пиончињава" што се спремни за настап се како што кажа некој предходно само тоа - мали пиончиња.

Па уште Тупурко се согласил, па откажал во оследен момент заради "здравствени причини", леле мори мајко колку смрди "симулацијава"... СМРДИ ТРУЕ...!!!

И тоа на враќање од кај Ветон Сурои, па "решил" демек и тој ете да учествува... па, па, па...

Игранката е спремна, и изрежирана до даска, се кладам дека целиов "играно-документарен филм" има добро изрежирано сценарио и увежбани главни рољи и статисти...
"Битката" ќе биде демек "нашиве" се согласуваат со Северна, ама не даваат за јазикот, пасошите, уставот, итн., а Грчињава исто така се согласуваат за Северна, ама демек инсистираат на другиве рабоќе и коа ќе видиш на крај црн Груевски ќе им биде крив на сите, шо ти бил еден непопустлив и лош и не сакал "прогрес и светла будуќност"...

море, море има да се збори и оговара за "приредбава" на долго и на широко...

А, и "олеснувачиве" се се' избрана раја, нема што...
Само што бара црни Реј Пауер меѓу нив ич не ми е јасно.
Колку што ми е мене познато тој си тера Британски интереси и има фер однос кон Македонија (женет е за Македонка).

Еве го на твитер под raypowermk информира во живо и бара сугестии од Македонци.
:wink:
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Почнаа на А1 :tv: Пародија жива. Демек неофицијално а уствари ќе испадне друго, ама ај....:tapp:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Почнаа на А1 :tv: Пародија жива. Демек неофицијално а уствари ќе испадне друго, ама ај....:tapp:
Кога е денеска стиму ... симулацијата :)
инаку моментално Грујо на Сител :)
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Грциве на-божемски нејќат да попуштат за идентитетот, а замислете во вистинските преговори кога ќе попуштат...мало сутра.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Видеото од А1 не ми го отвора .. за ова симулацијава ... од денеска шо е .. кај сите е така или мене нешто ме заебава?
 

saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Симулација на преговори меѓу Македонија и Грција ? Македонската позиција ја преставуваат: Љубомир Фрчковски - министер за внатрешни работи во периодот кога е извршен атентатот на Киро Глигоров. Морам да го забележам неговото спектакуларно пристигнување на местото на атентатот кратко време по експлозијата ( без обезбедување, само со шоферот)!? Господинот Стојан Андов тогашен претседател на собрание кој потоа одреден период ја вршеше претседателската должност. Човек кој кога е на власт државата работи одлично а кога е во опозиција критикува. Коалицираше со СДСМ (премиер Бранко Црвенковски), ВМРО (премиер Љубчо Горгиевски) и повторно ВМРО (премиер Никола Груевски) за сега да е во тивка коалиција со СДСМ. Вакви луѓе ги бранат ставовите на Република Македонија. Секој има право да ги кажува своите ставови и да коментира на ставовите на другите но, кога политичари кој се во политиката на Македонија 20 години ги бранат ставовите на друга држава, без разлика по какво и да било прашање е опасно за стабилноста на нашата држава.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Видеото од А1 не ми го отвора .. за ова симулацијава ... од денеска шо е .. кај сите е така или мене нешто ме заебава?
Кој ја гледаше завршницава а ? од пародијава :tv:
дајте некое инфо алооо ... најдоа ли решение :tv:
и кај може да се гледа ако има некаде видео :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom