Меѓународно движење против промена на името

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
:nenene:


Ново име и за Македонецот, не само за државата
Сашка Цветковска Коментари (0)
Ново име и за Македонецот, не само за државата, вака грчките новинари ги објаснуваат политичките позиции на Грците, во однос на спорот со Македонија.
Новинарот Никос Франгополус вели дека малку е веројатно дека идентитетот и јазикот ќе останат надвор од преговорите.
„Мојот личен впечаток е дека тоа сигурно се преговара помеѓу делегациите на едната и на другата земја, ама тешко е да помине една работа во Грција, нацијата да се вика Macedonian и јазикот исто да се вика Macedonian“, вели новинарот Франгополус.
И неговиот колега Фиљос Тангос, се вели дека евентуалното решение помеѓу Македонија и Грција мора и да дефинира кој е кој, не само од каде е.
„Мислам дека повеќе или помалку ова е јавното мислење во Грција. Не би сакал да кажам дека ќе има проблеми со државните преговори“, рече Тангос.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122439

Хехе, во Охрид седнале Грците да не убедуваат во небулози, а Паско им вади глупости од Струмица.

Пронајден накит со ликот на Александар Македонски
Сузана Тасева Коментари (0)


24.04.2010 16:25



Археолозите ги збогатија историските страници на Струмица. Ламба со претстава на Александар Македонски е пронајдена во некрополата на јужниот рид на локалитетот Цареви Кули, која потекнува од доцно античкиот период.

„Засега е уникатен ваков примерок не сум видел на другите места, претпоставувам дека се работи за наод односно сад за ламба која што е од работилницата во Солун или можеби во соседството“, рече Зоран Рујак, археолог.

Покрај ламбите е пронајден и вреден златен накит, обетки и прстени.

„Кој што укажуваат на тоа дека дека во 2 век п.н.е. Струмица односно најверојатно тогашен Астраион, бил развиен трговски центар, дека имало богата популација и дека комуницирал со работилниците во Солун и со градовите во соседството“, додаде Рујак.

На Цареви Кули кој е еден од поголемите археолошки локалитети во Македонија, интензивно се истражува од 2007 година, а дотогаш тој беше мета на дивите копачи.


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122425

Уште едно валидно прашање

Кој го плаќа Маљас за да шири пропаганда ?
Партијата на Македонците во Грција и националистичката македонска алијанска тврдат дека поранешниот амбасадор на Грција во Скопје и Вашингтон Александрос Маљас добил над два милиони евра од фондовите за јавна дипломатија на грчкото минстерство за надворешни работи .

,,Посетата на тројцата грчки експерти можам да ја окарактеризирам како смешна. Тие луѓе кои сите овие децении ја креираат таа антимакедонска полтика го негират постоењето на Македонците и општо во светот тие сега доаѓаат во Македонија да го убедат населението што да прифати а што да не прифати . Тоа е нешто смешно а уште посмешно е за мене е големата важност што му ја даваат македонските медиуми и ги галат во наводници да наречам во нивниот обид очигледно контролиран од грчката надворешна политика.,, изјави за Канал 5 Димитриос Јоану член на ,, Виножито,,

Членовите на националистичката партија кои имаат одлична соработка со македонците во Бугариј и Грција, но и во Америка, велат дека грчкото МНР најверојатно преку проект за диломатија вреден повеќе од 2 милиони евра ја помага највлијателната грчка фондација ЕЛИАМЕП да ги шири грчките позиции.

Како поранешен амбасадор во Македонија и Сад, Александрос Маљас е еден од највлијателните грчки дипломати. Тој, заедно со Евангелос Кофос и Танос Веремис е дел од тројката о на Елиамеп, која во последните 10 години е индиректно инволвирана во долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција.

Зошто сите што работат во фондации, менуваат ставови, секогаш се против мислењето на народот и секогаш ги искажуваат позициите на американските фондации?- ова прашање го поставуваат грчките блогови анализирајќи ги активностите на Александрос Маљас, како амбасадор и сега како член на невладина организација.

Во Грција ЕЛИАМЕП важи за една од најпочитуваните и највлијателните фондации, дури некои тврдат дека тезите и анализите доста често се составен дел од стратегијата на Атина во однос на прашањето за името.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=59826
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Me чуди дека и овoj -- Синиша Јаков Марушиќ -- не го викнале на “вежбата’’ во Охрид.

Типот е “Геро-помладиот’’ и моментално одработува преку Balkan Insight, а ставовите му се како да дошле од Папандреу или Бранко Црвенковски лично:

 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.967
Поени од реакции
83.300
Ја даваа ли прекрасната симулација на тв?
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Ова бљувотинава што пред малце ја даваа уште еднаш потврди дека всушност името и не е проблем. Грците едногласно кажаа дека тоа е идентитетот. Дека сакаат некаква кованица да дадат за тоа, т.е. нацијата и јазикот, а воедно и новото ,,име,, би било за севкупна употреба. А не како нашиве експертутки што не убедуваат дека само ќе ја заменело рефенренцата. Па ако само ја замени референцата тоа нема да биде име, туку нова референца.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Ова бљувотинава што пред малце ја даваа уште еднаш потврди дека всушност името и не е проблем. Грците едногласно кажаа дека тоа е идентитетот. Дека сакаат некаква кованица да дадат за тоа, т.е. нацијата и јазикот, а воедно и новото ,,име,, би било за севкупна употреба.
Одговор од Мирка Велиновска, кратко и јасно:

 
F

FilipMacedon

Гостин
Знаеш,кога ке осетат дека си лесен за манипулирање не ни помислуваат да те гледаат како интелектуална маса туку си продолжуваат со манипулирањето,без разлика дали им го приметуваш тоа или не
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Груевски: Ако предлогот е "Република Северна Македонија" - јас ќе гласам ПРОТИВ

Само што ја видов изјавата на вестите на сител,
Груевски за емисијата "НИЕ" изјави дека ако финалниот предлог е
"република Северна Македонија" , ќе се организира референдум,
а тој како граѓанин би гласал ПРОТИВ промена на името.

Моментално сајтот на сител е паднат:tapp:, и не можам да ја најдам изјавата за да ја цитирам.

Во наредниов период очекувајте масовни кампањи за лоботомија на Македонскиот граѓанин од страна на Грчките медиуми во Македонија
( А1,А2, Алфа, Време, Шпиц, Коха, Дневник, Утрински, Глобус Магазин, и многу други).

Очекувајте наслови како: "Злобната влада не сака да го смени името"
или дебати од типот "До кога фашистот Груевски ќе не држи во заложништво?"

Ќе гледате неписмени новинари и самопрогласени експерти како вриштат во обид да бидат "креатори на јавното мнение"
(божем вие сте зомбиа коишто не можат сами да размислуваат)

Почнаа и со т.н. "симулации"

На првата симулација учествуваат 5 Грци:

Поранешниот грчки амбасадор во Скопје и во Вашингтон, Александар Змаљас и влијателните универзитетски професори Евангелос Кофос и Танос Феринис,

Професорот Љубомир Фрчковски, пратеникот Стојан Андов ќе ги глумат Македонците во оваа симулација.

Присутни ќе бидат и неизбежните "олеснувачи"
Денес на ТВ Алфа, Бланко Гшероски го изјави следново:
Спорот со името е како болест, а ние имаме 2 избора:
Или да кукаме насекде и да се жалиме, или да седнеме и да најдеме лекот еднаш засекогаш.
Со ова, тој имплицитно порача дека:
1. Ние сме тие што се болните, Грците не.
2. Треба да се лечиме (да го смениме името)

Како ќе се одвиваат настаните ќе видиме, само запомнете едно нешто:

Целта на медиумите не им е да ве натераат да мислите дека името мора да се смени, туку да ве натераат да дебатирате за тоа - кое име би ни одговарало.



Едит: Линк со изјавата - exlexmk
http://niemagazin.blogspot.com/2010/04/blog-post_24.html
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
http://niemagazin.blogspot.com/2010/04/blog-post_24.html

"До колку биде ставен предлогот СЕВЕРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ЗА СЕВКУПНА УПОТРЕБА, и официјално тој предлог биде доставен од преговарачот Нимиц, ЈАС ТОЈ ПРЕДЛОГ ќе го ставам пред граѓаните на референдумско изјаснување. А, доколку ве интересира мојот личен став, јас ќе гласам против"- изјави премиерот Никола Груевски за утрешното издание на магазинот НИЕ... со Драган Антоновски.

Повеќе одговори и ставови на премиерот Груевски за приватизацијата, декриминализацијата, судството, економијата во магазин НИЕ... во недела во 16,00 часот, на програмата на ТВ Сител.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Се повеќе ми се чини дека и честото крадење на Комерцијална Банке е во некаква корелација со кампањата со промена на името.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
се заебале овој народ е свестен доказ е денешната анкета каде 66% викат дека не би сакале да влеземе во нато со сменето име а од тие 85% биле Македонци,значи народот не пасе трава...некој друг пасе и нека пазе да не го згази некој:tapp:,уа А1,предваници прва класа....а и убаво рече некој овие фрле циле миле нека стават барем наши дресови да знаеме на кои да плукаме оти лошо играт макар и симулацииии:kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::pusk::pusk::pusk::pusk:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Браво.

Ај нека ги повлече преговарачите сеа:tv:
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
се заебале овој народ е свестен доказ е денешната анкета каде 66% викат дека не би сакале да влеземе во нато со сменето име а од тие 85% биле Македонци,значи народот не пасе трава...некој друг пасе и нека пазе да не го згази некој:tapp:,уа А1,предваници прва класа....а и убаво рече некој овие фрле циле миле нека стават барем наши дресови да знаеме на кои да плукаме оти лошо играт макар и симулацииии:kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::pusk::pusk::pusk::pusk:
Анкетите за ЕУ и НАТО се можеби едни од најголемите скандали,
каде што поддршката за НАТО-ЕУ едно време беше ако не се лажам
95% ?!?!?!?
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
A1 ги помина сите граници на телевизија, одамна функционира како странска организација која директно ја поткопува безбедноста и интегритетот на државата....


..не знам како не само што се толерира туку и се дозволува во вакви критични моменти да земе ваков замав?
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Најбитниот момент во изјавата е ,,за севкупна употреба,,...а опсегот оди од таму до двојната формула.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom