deXterche
тадаммм
- Член од
- 12 февруари 2006
- Мислења
- 4.920
- Поени од реакции
- 941
Ќе никне ли помеѓу Свети Николе и Миладиновци нов град? Идејата што пред година и половина ја објави А1 станува реалност.
Физибилити студијата за локацијата близу светиниколското село Малино е готова, потврдуваат и од Министерството за транспорт и врски.
Агенцијата за планирање на просторот ги подготвува документите за целосно проектирање на Генерален план. Догодина ќе се прават сообраќајните студии.
Дека на терен нешто се работи потврдуваат и жителите на Малино.
„Доаѓаа од катастарот тука мереа. Мереа и инженери за изградба на автопатот“, вели Живка Ангеловска, повратник во с. Малино.
„Тоа е нешто убаво, ако се направи“, вели Цветанчо Павловски од с. Малино.
Идејата за изградбата на новиот град е стара повеќе од две децении, но повторно ја актуелизираше поранешниот градоначалник на Свети Николе, Слободан Даневски.
„Се планира супер-нов модерен град“, изјави тогаш Слободан Даневски, сега поранешен градоначалник на Свети Николе.
Градот треба да се протега на 2500 хектари. Во него ќе има место за 30-50 илјади жители. Со новиот град треба да се намали метежот во метрополата оти со изградбата на новиот автопат од Скопје преку Миладиновци, до главниот град ќе има одвај 30 километри.
Многумина новиот град го нарекуваат Сончев град, поради тоа што локацијата на која треба да се гради постојано е осветлена од сонце.
Втората варијанта е дека градот ќе го носи името Македонија.
Првичните проекции се дека само изградбата ќе чини помеѓу 300-500 милиони евра. Да го гради новиот град интерес пројавила и англиска компанија.
видео
А1