Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.167
- Поени од реакции
- 702
- Возраст
- 39
Aко вие и вашиот партнер сте подолго време заедно, веројатно мислите дека знаете се за него, особено кога станува збор за сексот. Прашањето е: дали? Еве едно гледиште, кое не мора да се зема здраво за готово, али може да поттикне дискусија.
Без оглед на тоа колку добра комуникација имате, секогаш постојат работи кои мажите се плашат да им ги кажат на нивните партнерки. Овие работи најчесто се поврзани со сексуалниот живот.
Нивните тајни желби би можеле да се поделат на две подрачја - физичко и емотивно. Значи, што е тоа што вашите мажи го сакаат, а се плашат да зборуваат за тоа?
Квалитетен разговор после сексот
Можеби ова ќе ве изненади бидејќи е раширено верувањето дека мажите не сакаат баш да се мазат после сексот и дека само сакаат да заспијат. Вистината е всушност спротивна. Не само што сакаат да се мазат, туку покрај тоа сакаат и квалитетен разговор. Може да биде разговор за сексот, но и за било која друга тема. Ако сакате да му кажете дека ви е убаво со него, разговорот после сексот е вистинскиот момент за тоа.
Искреност
Верувале или не, жените одбиваат на партнерите да им кажат кога имаат менструација и дали имаат некоја полова болест. Ова се сериозни работи кои си бараат отвореност. Пред да се впуштите во сексуални односи, мора да бидете искрени и да кажете дали имате некаква полова болест или се наоѓате во „оние“ денови од месецот.
Не мора да имате секс баш тој ден, може да го одложите на кратко. Истражувањата покажаа дека многу жени лажат на оваа тематика, а мажите сметаат дека имаат право да знаат такви работи.
Смисол за хумор
Напнатоста во сексуалниот однос не е ретка појава особено ако сакате се да биде совршено. Вистинскиот лек за разбивање на напнатоста е хуморот. Жените кои знаат да се зезаат секогаш се попривлечни. Можете да се насмеете и на сметка на сопствената збунетост. Впрочем, научно е докажано дека смеењето го подобрува сексот.
Спонтаност
Мажите исклучително се возбудуваат од жени кои се подготвени за спонтан секс. Тоа се оние ситуации кога ќе ве понесе моментот, а вие ќе му се препуштите без претходни подготовки како брзинско туширање, депилирање, шминкање и слично. Па што ако не сте потполно средени? За мажите спонтаноста е предизвикувач на возбуда.
Заиграност
Не бидете премногу озбилни, особено не во сексот. Мажите сакаат да бидат заиграни во креветот. Тоа го очекуваат и од својата партнерка. Значи, кога нареден пат тој ќе ви предложи да бидете докторка, а тој пациент, немојте веднаш да го одбиете и да го оквалификувате како перверзен. Обидете се да се внесете во играта - можеби ќе се изненадите колку интересно ќе ви биде.
Секс наутро
Бидејќи наутро обично владее брзањето, утринскиот секс е нереализирана желба на повеќето мажи.
Општо е познато дека мажите наутро ја добиваат редовната ерекција (колоквијално позната и како „Morning Wood“) и би биле најсреќни кога партнерката би одлучила да им го разубави утрото. Обидете се да се разбудите малку порано и започнете го денот со уживање, на обострано задоволство.
Масажа
Не таа на која помисливте. Мислиме на масажа на вратот, грбот и рамењата. После напорниот ден мажите сакаат да се опуштат. Понекогаш, измасирајте го пред спиење. Ова може да биде многу заводлива предигра и супер увертира за секс.
----------------------------------------------------------
Едно гледиште, за кое сум сигурен дека имате што да кажете... Па, бујрум