Да не отварам нова тема...нека оди тука
Концертот на Слаткаристика конечно во февруари -
Хип хоп револуција во Скопје 13.02.2010 @ Метрополис арена
Долго очекуваниот концерт насловен како ХИП ХОП РЕВОЛУЦИЈА, во Скопје ке се одржи на 13-ти февруари(сабота) во Метрополис арена. Единстверниот и контраверзниот рапер Слаткаристика кој со својот успех дефинитивно ја одбележа 2009 година наметнувајки свој претпознатлив стил со македонска хип хоп музика ќе го одржи концертот во Скопје заедно со
Тони Зен,кој неодамна го промовираше својот најнов албум насловен ``Во мој стил`` и
цела Токсикологија. Фановите на хип хоп музиката ќе можат да присуствуваат на еден спектакуларен голем концерт на македонски хип хоп артисти. Песните ќе бидат изведувани во живо со бенд,гудачки состав од 9 члена(виолини,виоли,виолончела) и ДЈ сет. Интересни сценски настапи,кореографии,пиротехника и други изненадувања ќе бидат само дел од тој настан. За да можат да бидат и присутни различни генерации на концертот организаторите од Јованов Рекордс ни најавија дека ќе биде во функцијата и терасата на Метрополис арена каде што ќе има повозрасни и ВИП гости.
Картите пo цeнa oд
250 дeнари сe вo прeдпродажбa oд
27 Jануари (Срeдa) вo Југотoн и Сaлоните на Tobacco Together низ рeпубликатa. Нa Врaтa сe 350 денaри . VIP кaрти 500 дeнaри
БРОЈOT НA KAРТИ E OГРАНИЧEН !
`Ова е време на хип хоп музика. Благодарни сме на публиката што ја подржува македонската хип хоп сцена, воедно работата на Слаткаристика и другите негови соработници. Ќе се потрудиме да направиме вистински спектакл` ни изјавија од Јованов Рекордс.