Драга Шенка,
Сосе кошула ленена тенка (недовезена на разбој), ти пишувам од овој умртвен охридски брег, иако тој треба да го претставува шеталиштето (синоним за нашиот, скопски кеј).
Ти соопштувам дека прв пат во овие три дена, ги слепувам моите исончани прсти на тастатурата и мислам дека заборавив да куцам. Пост - чернобилска, накотена роботска генерација.
Ентер
Да ти објаснам! Овој интернет не е краден, овој интернет е позајмен! А така! Може не сум неспособна, пошто не се лепам до младата, ама па што, и сонцето е ѕвезда бе па.
Во врска со фолдерот „општо“ имам една напомена. Оваа ноќ, ќе биде мој ден. Буквално! Ќе седам до ниедно време да работам. Тоа ти е една од работите во кои новинарите се слични со владата. Имаат исто работно време (24/7).
Ентер
Симон Трпчески, синоќа вечераше во еден локален ресторан, а после направи шоу! Се отвори Охридско лето. Иако, по бројот на туристи, е некаква мутација на „февруарска сезона“. Со други зборови, нема никој. Освен двајца без тројца со четворица. Имам ортопедски апостолки. Розои.
Ентер
Очобол имам од сонцето. Мислам дека само белките од очите ми поцрвенеа. (Зошто не ме фаќа слнце?)
Ентер
Овие кај што сум сместена, не штедат на топла вода, сполај им. Со Красулка игравме одбојка денес и можам да констатирам дека младата е феноменална. Поддршка! Вчера на Канео сосе кајче.
Пошто се осеќам ко препарирана, отидов да аргатам.