Триумф на македонската фудбалска репрезентација над Kанада од 3-0 во пријателскиот натпревар што се одигра во
Sтрумица.. Доминантен беше составот на Jонуз во пресметката со прекуокенскиот ривал кој не знаеше да искористи два пенала.. Ударите од белата точка беа глвна карактерисика на мечот..
На македонскиот национален тим му требаа педесетина минута за да реализира водство против канадскиот состав, иницијативата, надмоќта и бројните шанси преку, Новески, Пандев, Георгиевски во воведното полувреме не резултираа со погодок.
Стартот на вториот дел беше исклучително ефикансе и бурен. Ние победовме во 48 минута и тоа преку Гоце Седлоски, екс-капитенот во 98 настап го постигна 8 репрезентативен гол, погодувајки ја канадската мрежа со глава по корнерот што го изведе Деспотовски.. Кусо потоа натпеварот можеше да добие сосема поинаков тек ако Хјум во 56 не промкашеше од белата точка, но откако канаѓаните не ја искористија исклучителнатам можност, прва за нив по скромното воведно полувреме, ние дојдовме до двојна предност.
Пандев за разлика од ХјУм знеше да реализира од пенал, погоди за 2-0 откако со најстрога казана беше санкциониран фаулот над Савиќ во противничкиот шеснаесетник.
Несреќните канаѓани добија и втора можност од пенал да постигнат гол во 69 минута, Мојсов направи погруб фаул, по што Џексон застана наспроти Пачовски. Нашиот чувар на мрежата излезе пуспешен во овој дуел.
нашата најголема репрезентативна ѕвезда, Горан Пандев во голем стил го комплетираше нашиот успех, си поигра со противничкиот голман изведувајки пенал во екстра времето со конечните 3-0 и 21 рерпезентативен погдок за него.
Македонскиот национален состав ги израмни сметките со канада, сега 1-1 во меѓусебните прсметки. Тие имаат едена победа од торонто од пред 11 години.
За нашиот тим ова е втор последновен успех во серијалот контролни средби, имаме победа над катар од минатиот месец. Пријателските дуели ги продолжуваме против Иран во Техеран во среда.
Болдот мала печатна грешка на канал 5
